Мислев само моево мава по раната Тоа штипкањето најново ни е, еве неколку денови се буди, бара да цица, ќе повлече неколку пати и потоа си игра со брадавицата, фаќа со раце, штипе. И по лице, обавезно околу очи ме штипе.
Талески баш го прашав сега кога бевме и ми кажа гледај да се меки и да се превиткуваат. Викам од Кеги ли тиа? Он ми се обрати : Кеги малце претерале со цените. Удираат со цени на работи за деца. Можеш да си земеш и од пазар, само гледај да се превиткуваат како гума. И ми напомена да што повеќе е боса и по нерамни површини. До три години, ептен по потреба обувки да ставам. Боса цело време да биде.
Моево дете ме пресмеа сабајле. Ми стана во 6ипол ја полумртва лежам на грб, си дојде до мене најде цицка си застана на колена и така цицаше луѓе. Од страна до мене напрчена на колена потпрена, си се наведна и си шмучкаше.
Мајки, од 6ипол сме станати. Моментално уште ја спие втората дремка саатот е 3. После за третата дремка ќе ми заспие касно и касно че стане и автоматски вечерното успивање ми доаѓа многу касно. Супер го фаќаме редот ама долги дремки има сега периодов и се ми се изместува. Последната дремка и е најкратка, 45 мин ама касно ми доаѓа времето на таа дремка, а не сум ни да ја исфрлам таа. Што да правам?
Рано е за исфрлање на дремка. Едноставно да пробаш порано да ја успиеш првата, па така ќе ги изместиш сите.
Колку време ти е будна измеѓу дремките? Ние од 6 сме будни ама моево еве сега 3та дремка спие. Од 2 ипол до 3 часа знае да издржи будна измеѓу. Инаку дремките и варираат од саат до саат ипол -два, единствено последната пократка и е.
Да пробааш феникс со ваква чашка, онака да си игра да ја грицка горе на гумата после јадење ..Може ќе ја засака па ќе пивнува. над 6 месеци се
Проблемот е што се успива многу некогаш.. еве денес во 8 ја успав за прва дремка, до 10 спиеше. После во 1 и 20 заспа спиеше до 3. И еве сега во 15 до 6 заспа, ќе спие до 6ипол сигурно..евентуално да почнам да ја будам порано од дремки