Како се справувате со бебе што плаче меѓу лажички? Треба со две лажички да ја раниме, не издржува да чека од една до друга. Плаче рика како робот сум со јадењето не можам да постигнам
Сакаш да се смениме? Давам бебе што плаче и плука се живо што постои, без доплата. Од денес најновата глупост е отварање уста за 3-4 лажички, складира во шуплината, таман мислиш пројаде, сите 3-4 складирани лажички од храна ги прска како фонтана. Тууу дури и рима направив.
Види ја твојава мустра хахаха. Мојава уште тањирчето кога ќе го види збеснува.. се кријам додека спремам за да не ме види зашто ќе цмиздри. На почеток не знаев зашто плаче мислев не сака да јаде.
Никако..еве 6 месеци како јадеме, година ќе праи уште е таков стрвен. Го храниме само јас, маж ми и сестра ми со брзина на светлината или правење фаци и звуци за да не рикне да плаче Другиве не му знаат ред и не даваме да го хранат, пошо ќе го земат да го смируваат, па нешо го боли - муабетот и лонг стори шорт ќе треба да убијам некој Не е работата дека е прегладнет, ако му свртиш внимание нема гајле..не знам, и нас хранењево ни е спортска дисциплина..не дај боже да потстанеш да земеш нешто, да се напиеш вода или да се почешаш
Дај боже ова да ми биде маката со хранењето. Мојава нејадачка како од baguf4e. Не знам што ќе се прави со ова дете, кај мало се роди па и не јаде.
па пробај со две првата кога ќе и ја дадеш остави и ја во уста она да ја фати да си игра и за тоа време спреми втора, зошто да не
Мојата па полека, значи лаганица, пошо кралицата Елизабета е она. А нешто што ептен и се свиѓа така правиш
Леле вака што ве слушам, душа немам да не ми се разболи детево. Мислам секако ќе дојде и тој ден, ќе тргне во градинка уште некој месец, ама многу се плашам. Еве 6ипол месеци е, досега никогаш нема ни настинато ни разболено, температура ни од вакцина нема качено. Да не ја урочам. Татко и беше болен пред 2 недели, нејзе не ја прифати, а дома си беше само малку на дистанца. Потајно си се надевам дека наследила добар имунитет како мама и дека што и да е лесно ќе проаѓаме во иднина…
Моето прв пат е вака со температури во 10месеци. Колку се само жални за гледање... А кога ќе почнат во градинка тогаш веќе што се вели, секој ден болни
Исто и мојава. И јас и сопругот ретко се разболуваме и се надевам ќе биде и кај неа така ама мислам со градинка неизбежно е се по ред да пофатат, повеќе на боледување од на работа ќе сме
А кај мене како што е захтевно и сум клучна работна позиција, од сега имам паника како ќе успеам да се снајдам ако е болна. Најтрагично е што газдиве (странци се) мислат дека се враќа старата јас со бесконечен овертајм, слободно време и којзнае каков елан за работа, тој едниот дури коментирал како сега кога ќе дојдам ОДМОРЕНА партал ќе сум правела од работа и немало веќе да ме штедат пошо завршила бременоста, немало ризици веќе. Уште толку имам дупка во желудникот од муабетов.
Ми се повраќа од вакви муабети и вакви луѓе Нема проблем, Багуфче си уживкаше до сега, не ја чека дома бебе, ништо не е битно само фирмата нивна и работата. А верувај ќе дојдат милион и една ситуации каде ќе мора да си дома ради бебето, знам од жениве кај сопругот на работа првата година колку пати отсуствувале. Да, може другите ќе зборат и нема да им одговара ниту на газди ниту на колеги ама еве колку што те имам читано само ти и сопругот сте. Сфаќам и работа и се ама малку осет да се има и човечност не разбирам.
Кога станува збор за профит и работа, никој не го интересира дали те чека дете. Колегите многу си ги сакам, ама никој во администрација освен јас нема ни бебе ни дете и не знае како е. Имам блиска колешка, помлада од мене не е ни мажена, не па со дете и често знаеме да се чуеме сега додека сум на породилно. Иако ми е блиска, кога ќе и наговестам како би било во првата година откако ќе се вратам некако пробува да смени тема на разговор, не изразила ниту поддршка ниту разбирање дека во иднина нема да бидам толку посветена како порано. Кога и да се чуеме муабетот е едвај те чекаме, многу работа има, не се постигнува, седиме до 7 ноќе. Си ја сакам работата, ама детето ми е на прво место. Карактер сум таков да не оставам никој на цедило, боледување не сум земала болна сум работела ако треба од дома за да не патат другите со мојот товар и обврски, ама сега бебе е скроз друга приказна за која немам искуство и ќе излажам ако кажам дека не размислувам многу често како се ближи времето за назад како би било…
Благуфче исто, ја чекаат друга Лејди, рмбач, цела Македонија ја вртев, па патувања па све тоа. Јас планирам и боледување за прематурче и ќе менувам после раб. Колку и да сакам шеќеров до мене ми е побитен, и мм работи иста работа како мене нема да успееме со патување толку мора некој да има во Скопје