Беа убаво зрели? Овие два продукти се даваат исклучиво убаво зрели кај бебе, бананата обавезно да е со црни точки лушпата.
Еве 8 месеци сме, само 30 минути и отвара очи. Првата дремка и е 30-40 минути. Втората спие 30 минути сама и потоа со думкање ја презаспивам и во рака продолжува уште 30 минути или 40. Ако ја легнам сама не спие. И трета дремка од 30 минути. Или јас правам нешто погрешно што не знае да спие подолго или такво си е детево. По цел ден е на подлога, сега почна и да лази војнички, оди низ цела дневна. Жива не наспана сум што не спие убаво, ни па можам нешто да завршам по дома. Ама ќе се издржи.
Дај и кашичка од сливи, или малку сокче од сливи или пак, ако доиш, напиј се и ти сок од сливи. Генерално, не се секирај, ќе се искака, стомачето се навикнува на храната. Дај водичка исто така, ама не се секирај. Сливите се топ за вакви работи. Едит: сега прочитав што си пишала. Добро си направила, треба малку и време, не е ништо страшно. На почеток се случува да не какаат неколку денови, посебно кога се почнува со цврста храна. 7-10 дена за доено бебе е нормално, иако мислам за брзо ќе се среди.
Girls, што користите за убоди за бебе? Се спремам за на одмор, па за секој случај и тоа да земам. До сега не не каснале ни комарци, ама пак.
Мајки , треба утре да одам на свадба вечерта а не сакам да се молзам. Дали може на мајка ми која ќе го чува бебето да и направам две шишиња АД млеко и да ги ставам во фрижидер, па кога ќе и притребаат да ги стопли набрзина и да даде по потреба? Се прави така со АД?
Не, треба да е свежо направено. Лесно се прави, покажи и на мајка ти како подобро отколку од фрижидер.
Чисто само да спомнам, ако не си давала АД до сега, шансите е да не сака чисто да си имаш и тоа во предвид
Мајка ако веќе доиш подобро е да се молзиш. Не ти се исплаќа за две шишиња да купуваш ад. Ова е мое мислење секако како што мислиш дека е најдобро така направи си мајка.Ад млекото се прави во чисто стерилизирано шише и макс за 1сат треба да се потроши ако не- истураш мијаш шише стерилизираш и пак одново си правиш. Никако не се чува и не се топли никако. Подобро сокче од хипп чај некој од бекутан отколку стоено ад. Мајка ако е поголемо бебето можеш да доиш накај 19ч и да си одиш после на свадба дека поголемите спијат повеќе нели и плус ако јаде кашички некако ќе се снајдете.
Мојава како пијана неможам да ја отрезнам вчера цел ден, незнам наспана вечерта спиеше од 9 до 3, јаде и пак заспива до 7 јаде и заспива до 9 ипол и станав ај ја средив све и ми заспа кај 12 спиење 3 часа чепкај ја, зборам, чукам не станува, отидов до ист гејт, цел мол го свртевме од кола во количка и после се разбуди и се прозева јаде и спие... Дали им доаѓаат такви денови важно навечер спие .. а има денови по 40-55 мин и се дремки и тешко презаспива и дека сега на 4 часа и давам храна незнае што да прави ајде на подлога, па релаксатор, па на кревет ќе поиграме сака во раце и ќе си покенка пак ќе заспие после сат време... шок сме денски ни ред ни поредок фаќа.
Уријаж тоа како пенкалце ролерче одма поминува, кај мајками има мн па чувај ја чувај ја пак ја начекал некој хахс на глава. Буквално со мрежата над мене шетам таму. Не прскам ништо, алка на мене ставам и имам лепенки некои од грчка на количка лепам.
Мајки ве молам помагајте. Вчера вечер ја намачкав од средството за комарци и неа и мене. Али дали ми останало на раце или некако сум се допрела, нејќе да ја види градава. Цела се истуширав пак пробав бега. Ја намачкав градата со млекцето да осети нејќе се трга се треска. А градава ми стана камен. Кажете ми ве молам што да правам. Се избезумив да не ми се одбие од града. Нерви искинав од сабајле, бетер допринесува тоа и за неа ме осеќа. Очајна сум и во паника
Шанси нема да е од тоа. Друго ја мачи. Нема што да ти остане. Пробај и на другата града, ако ја одбива и таа не е до тоа. Во случајов измолзи се.
Не бе од тоа е. Цицаше пред спиење и навечер неколку пати. Не нападна еден комарец и викам дај ќе ја намачкам да не ја избоде. Ми имаше останато на раката ми мирисаше. И сабајле тргна да цица јас да ја фатам градата со рака и да и ја подадам кога се згрози и се тргна. И нудев три пати од сабајле не сака.