Јас од мапет кидс го земав. Ајде убаво да си нанкате заедно Јас со мојава што се вика од раѓање спиеме заедно, а бев најголем противник за тоа. Али ете по сто пати почна да се буди и немаше друго решение за да колку толку споиме сон, зошто бев кома
Јас ич не сум за да спиеме заедно јас ќе останам ненаспана од страв да не го потиснам хахаха. Да спиеше уште од ко се роди ќе речам ок, ама вака сега допрва..
Пак почна да ме ми јаде, неколку лажички ќе проба и толку. Исто прави и за ручек и за вечера. Искрено не знам кај грешам. Разни јадења и давам исто со сите прави. За хранење сама уште не е спремна, зошто не ја става храната во уста него си игра и ја фрла. Совет што да правам. Викам да не се нервирам, ама вака кога ми правеше пред три недели имаше намален хемоглобин. Не сум и направила контрола, може уште и е. Еве и дадов да цица зошто не јадеше асално и тоа малку цицна и се тргна. Мислам ќе полудам од што не знам како да постапам.
Мојава до 5,6м спиеше сама, без будење. Од 6м навака е до нас, ама имаме поголема широка спална дека сме по 2м луѓе Креветчето складиште ми е. Чат-пат ќе пробам, ќе ја ставам таму и на прво станување ја оставам пак до мене. Нема поента на нејзиново станување јас на секое да одам крени спушти во креветче Вака сум ненаспана, не па така... Се мислам што решение да најдам, дека ќе тргам и на работа. Сабајлево зборевме со мм да не и давам да цица ноќе, да издржиме плачки 5,6 дена да видиме дали ќе намали со станување. Она да не се буди на секое, ќе тера во креветчето... Дали забиве кога ќе испробијат сите, ќе почне да спие... Дека не спие баш од вадење на првото запче..
Уф таа тема и мене ме мачи, што да правам кога ќе ми стане навечер, а да ме дадам цицка. Не планирам повеќе од 13, 14 месеци да ја дојам. А она абер нема од намалување на подои, зошто не ми јаде и само цицка и бутам. Не знам, лутам и изгубена се осеќам од што не знам што да правам и како да постапам а нема кој да ме поучи
Мојава си јаде се и мм рече дај одбиј ја. Ама да не ја одбијам па после пак да станува навечер и да се чудиме што да правиме. Цуцла не фаќа, ќе треба да ја клацкаме на секое нејзино станување по 30мин (а некогаш станува и до 5,6 пати)... Плус на клацкање вришти пишти првите 15мин... А со цице, а ја осетам се буди закенкува малку, давам цице и за 10 до 15мин е заспана пак... Незнам стварно што да правиме. Тренер за спиење ќе ни помогне ли. Ништо омилено нема, да се занимава со друго нешто додека се успие... А јадено цел ден супер, занимавана, шетана, весела е, ама ноќе е хаос. 21-22 ќе ја заспијам и обавезно 12 е првото станување и до сабајле уште 1-4 пати..
Да, за да одбие, мора неколку дена да се издржи со плачки. И кај мене сега станува многу често навечер за млеко. И од забите веќе раат не сум. Вчера стана 5 пати со плачки. И си викам уште да го учам без млеко, ќе полудам, од што не можам да слушам кај што ми плачи исто и јас го легнувам кај 21, во 12 се буди обавезно, и некогаш знае на саат време Некогаш седнува и си се смее. Едвај чекам да врзува барем 4 сати спиење, да дремнам малку
јас ја доев до 12 месеци и се будеше по 6,7 пати преку ноќ, неможев да издржам на работа. Почнавме да ја нудиме адаптирано со вкус на ванила секој ден и одпрво многу малце пиеше првите денови после се навикна на вкусот и убаво и беше, па така кога почна да пие по 150-180мл пред спиење почна цела ноќ да ја врзува...намалувај подои пробувај едно будење да ја заспиеш со цицање а наредното со шшшш, бебе звуци, со ммкање или пробај како мене со адаптирано покалорично е
Скроз исто.. пред 2 нед кога ми затера на 40мин, ми идеше да се фрлам од тераса Накај 4 веќе станувам ѓавол, незнам шо со себе, плачам, ја оставам и неа да плаче.. па тука маж настапува. Ама премор страшен е тоа... станата од 6,7 сабајле, турбо цел ден со 3 деца и уште неспиењето и готово Бардовци. Денес отспа од 1 до 4, жива радосна, си врзав некој саат Значи исто е и со млеко... Абе заби им се дефинитивно. Викаат дека знае премногу да боли, чеша кога избива заб низ месото... и они кога се во оној лесен сон (light sleep), таа нелагодност од забите ги буди и веќе не можат да презаспијат... Сиг им е претешко... Мојава има сега 3 доле скроз избиени и 3 горе, а другите тек
Не пали шшшш и звуци, ни тапкање по газе. Она станува и плаче и ѕвезди прави по спална Ако не е со цицање или думкање во раце стоечки (седечки нема шанса, планинари така по мене)... нема шанса да заспие. Се живо сум пробала. @снежана2023 какво е тоа со ванила? Може слика?
само упорност првото презаспивање со шшш,звуци,нишкање ќе трае подолго после ќе се крати. Пробај за викенд. Адаптираното е новалак 3. Понуди и водичка, пробај да спие со мм барем пола дел од ноќта...ние така направивме и првото спиење со мм врза 6 саати
Па и пробија горните и тоа на одмор Ама си јадеше таму сѐ, фала богу супер поминавме за тоа. Е сега готови каши јадеше, може повеќе ги сака, не знам искрено. Вчера и дадов ориз цело зрно со тиква и морков. Дали нејќе да осеќа парчиња. Сабајле киноа со авокадо исто неколку лажички и толку. Ама па веќе 10 ++ е, уште ли ќе блендирам?
Да знаеш и јас колку имам плачено сред ноќ така охооо Мојот има 4 горе, 2 долу. И двојките долу сега му пробиваат, пишти цело време Не знам кој крај да го фатам веќе. Да се здрави и живи ќе речам, еден ден ќе се смееме на овие маки
Пасирај, нека е малце погусто, или давај и од купечките, не се многу големи парчињата. Тие од babylove мојот ептен ги јади. пробај ставај и нешто што сака да јади во секоја каша по малку.
Ве читам, и впечатокот ми е како сите да го имаме истото бебе Немам спиено од Април, до 6.5 месеци спиеше цела ноќ. Од тогаш се буди 2-10 пати, кога со пиштење, кога со кенкање. Не знам колку километри изодев низ станот, повеќе на нога него во кревет бев, и почнав да ја легнувам на спална. Пак се буди, само побрзо презаспива. 1 заб има од тогаш навака, и нема нови на повидок. За јадењето 1 месец маки мачиме, секој оброк е со циркузи правење, со лажење, занимавање. Вчера мм уште на глава што не застана да ја анимира За доењето..сакам да прекинам после 12 месеци. Сега е 10.5 и цица 4 пати на ден (наутро, пред спиење, меѓу оброци). За 1 месец точно почнувам со работа и сакам 1 подој да укинам, но не сум паметна како. Матичниот прво ми рече да го заменам подојот со ужина + вода..после пак ми рече да го заменам со АД...другарки ме советуваат подобро кравјо него АД на оваа возраст... значи врска немам што да правам Предизвикот е што не пие вода и многу ме секира тоа. Ми викаат ако скокнам подој ќе пропие, а душа немам да ризикувам... Сума сумарум, мислам дека треба да се собереме негде и да се опиеме
Истото бебе богами Вода пропи накај 11м и тоа не нешто мн, тек сеа скоро почна да пие повеќе. И тоа со сок мешав за да пие колку толку, па постепено и разредував со се помалку сок и сега веќе скроз и чиста вода пие. Инаку нагони имаше дури, а се напиеше секундарно плукаше Најубаво пие од магичната чашка на Нук.. со таа и пропи убаво мислам. Навечер имам пробуваво адаптирано да и дадам, чај... и ретко да прифатела да испие дали едвај 20мл. А ме види со шише, го бутка одма подалеку од неа Ќе го пробам и јас она со ванила, бар за навечер. А за доење да знам дека ќе ја спие цела ноќ, би ја одбила.. со тешко срце и тогаш, ама би одбила. А план ми е до 2г да цицаше, бар уште оваа зима додека не избијат сите заби. Паднат имунитет со заби, бато и дада ќе носат вируси... и сакав да си цица до кај пролет...