До 2ипол ќе ги извади... Второто вака нешто помалку не мачеше. Ама од 13м до кај 2г Исто до 13м, со еден заб и од тогаш до кај незнам 2г 2ипол имавме навечер плачки
Пред да почнам имав еден подој после работа, пред вечерно спиење и преку вечер кога ќе се разбудеше. Со адаптирано почнавме попладне да ја нудиме и пред спиење и како што ти кажав пиеше по малце ама и правев атмосфера како за доење и така легната, шише со клунче и таман загреано на 37 степени. Тогаш ја оставив со мм да спие и врза 6 саати па и дадов да цица и наредната ноќ веќе ја преспа до сабајле и не и дадов да цица и мене млекото ми се намали. Претходно пробувавме со бејби лав адаптирано ама не и беше убаво и не се навикна на него. Сега некогаш знае да се разбуди преку ноќ пробувам да ја презаспијам со шшш,звуци ама ако не бива и давам 180мл млеко и си продолжува да спие мирно
Какво шише и даде за легната да може да пие? Тоа со клунче имаме за вода на авент, ама тече доста и знае да се засркне. Исто не знам кое ад е добро за да заменам навечер подои и дали има бројка некоја за нивна возраст или не?
Хах радо би да се опиеме, ама што не смееме ни тоа ? Јас мислам да се собереме прво и да си поплачеме да ни олесни, а следно опивање хах
Барам совет/искуство можно ли е на 6 месеци (без некој ден) да ја фаќа сепарациска анксиозност или што е ова 2 дена немам мочано без да добива ужасни напади на плачење до помодрување, луѓе ќе скренам. Не смеам ни 10 секунди да ја оставам сама ама буквално секунди, станувам од подлога(седам зад неа не ме гледа,она си игра) одам до кујна да си пуштам кафе, сфаќа дека ме нема и моментално почнува вриштење плачење се поти од нервоза и кога се вратам крева раце да ја земам и не се смирува поинаку. Ајде за викенд и попладне со татко и, океј е да не ме гледа. Ама сами нема шанси нешто да завршам. Не знам дали не се и заби пошо се буди ноќеска со плачење што не и се десило 2 месеци. По триење непца не може да познаам ги трие цел месец веќе. А сме и во најлошата недела на 5ти скок.
И кај нас почна сепарациска анксиозност, утре правеме 6 месеци. До толку плачење до помодрување не, ама плачи кога ќе сфати дека не сум до него. Вчера баш го зема дедо ми. Само што го зема почна да плачи за мене и да се тегни со рачињата накај мене да го земам. На мм една братучеда дојде пред некој ден да го види и нормално го зема. Само што го зема почна да плаче по мене и по татко му. Како го земав назад во истата секунда се смири. Мислам дека му е период. А и 5ти скок е баш за никаде. Барем нас така ни се покажа. Елај да се гушниме. Ќе помине. Инаку, не знам дали се сеќаваш одамна ми рече да ти кажам дали ќе сака да се вози во количка свртен напред. Еве конечно можам да се пофалам дека почна по малку да ја сака количката, пу пу пу. Сабајле се возевме над 1ч, што за нас е премија. Го свртив напред, од утре веќе ќе го ставам на 90 степени и каишите му ги врзувам околу половина, не на рамениците и ова ни е полн погодок.
Welcome to 5 скок and the rest of your life Најјака ми е кога некој ја држи и е смирена, и јас ќе поминам покрај неа, ќе ме види, и ќе сфати дека сум ја одминала. Вриштење на макс Еве денес не сум и сменила пелена од сабајле, не можам да ја спуштам ќе си ги пукне белите дробови.
Ne skroz legnata, polu legnata namesti go, jas imam od babylove shishinja so klunce nekapecki se. Ad ima brojki da pisuva na niv, mene pedijatarot novalac mi preporaca
@Noemi исто и кај нас. Сабајле едвај му направив доручек, мозочен удар ќе добијам од вриштењето, еедваај со цуцла и што му зборев заќуте. Какво вц, заби не можев да измијам. Навечер почна на 10 минути да станува, односно се врти на страна па стомак и прета и почнува да плаче. Не сум спиена еден саат саглам, не знам како ќе се издржи ова.
Ее супер, мојава седи самостојно ама ми е страв да ја свртам уште некако, а негодува, час и е максимумот ако е најадена наспиена, сите овци на број Леле а вие сте доста поголеми, значи нема спас Исто, ноќеска ќе се сврти на сите четири и тргнува да лази ама оди наназад и се почнува вриштење. Крај нема, плачеше додека не почна да се врти сама од меше на грб, плаче кога не успева сама да си седне, сеа плаче пошо не може да лази нанапред
Ве читам повеќето мајки дека и вас не ви спијат бебушките. Шо е работава, нешто контра на мајките ни се фрлени
Јас правам multitasking ако не сака ни на подлога. Со него во една рака, и со другата нешто да пофатам да средам.
Се сложувам со @BellaBibi. Јас дадов два пати половинка преку 2 дана мислам беше и трет пат дадов цела жолчка. Паузирај некој ден па дади во некоја комбинација во која ти ја јадеш. Со кисело млеко или јогуртче. Можеш и со авокадо изгмечена вкусна е.
@Noemi веќе на 6 месеци скроз се драматични ако ги оставиш, плус скок и комбинација да скокнеш од тераса. Мојава на 5 и 1 недела е драма ако ја оставам секунда. До неа ако сум и 2 саати ќе се вртка на подлога, ако станам толку е. Е и со сестра и ако е заедно нема гајле. Вчера ме исплаши кај моите, почна да заоѓа, помодре, мислев му се деси нешто на детево, а на крај и посмета еден зрак сонце и што татко ми ја зема од кај мене. Ми ја врати се смири. Трауми имаме сите од ова вриштало. Фала богу е ок навечер, има денови кога знае да се подразбуди, ама цицка освен во најрано 3 саат не добива (знам дека и се ок намирено, само до мозочето и е проблем). Е последниве ноќи во 5:20 е ококорена. Немам сила да почнам ден тогаш и маж ја зема ја носи во дневна, или јас одам во детска кај големата. Што и прави не знам и не ме интересира, ама успева за многу брзо да ја презаспие и гура до 6:45-7. Шефов голем инаку
Јас не можам, немам сила поинаку да ја презаспивам и давам одма, некогаш и по 3 пати, само да спие, после 6ти мора да стегнам заби да намалиме ноќни подои ама сила немам од неспиење последниве месеци страв ми е