Каква чашка е подобра за пиење, со клунче од дм или од оваа на нук горе што ја спомнувате? Пие вода од обично шише сега за сега ама многу ја гмечи цуцлата ја гриза, па сакам да сменам
@thinkerbell баш си реков скоро ќе ми се одбие од глава ова што вадам цицка нон стоп, и те прочитав тебе. И јас ко @Noemi давам по 2-3 пати баш да цица убаво, а сега со будењево и почесто како цуцла ме користи, ја плука другата. Цела ноќ со цицките надвор, а сега почнуваат да разбираат, осеќам ќе имам проблем.
Ќе ја земам уште оваа, па ќе морам да правам рецензии онлајн за некој денар да вратам, банкротирав (имам десетина)
Иста сум. Се силев тука дека уште сеа ќе почнам. Една вечер пробав, не спиев 2 саати, и одма вадење цицка беше здравје од септември може пак ќе се пробам
Јас давав три дена 1/4 па 1/2 па една цела неправев пауза измеѓу.Недавам сега жолчка правам пауза се до наредна контрола кај педијатар
Добро кога ќе престанат да се будат навечер за млеко,веќе на 19 ќе полниме 9 месеци,уште немаат споено цела ноќ
Клунче ако земаш само пластично да биде, силиконско ќе го шмука и гризе и иста беља е како шише. Има на бејбилпв едни силиконски клунчиња, ама многу се тврди и плус некапечки, така да и тоа е ок избор. Чашата на нук нема утка. Мојава многу долго ја користеше, ама и најде цака да ја поткрева гумата и лом се правеше со вода и со неа. Само да не ти е мала па тешко да и биде влечењето.
Мали се многу за да спојуваат цела ноќ. Моето поголемо има 3 год и 2 месеци па пак некогаш знае да се разбуди и да бара млело, многу ретко додуша. Мислам до 2-2ипол стануваше мин еднаш некогаш и два пати за млеко.
Ќерка ми околу 1,5 година прекина да станува ноќе за млеко. Не дека е утеха де. Може со тренинг да пробаш со нишкање, бели звуци да се учат да презаспиваат. Инаку исто до кај прв роденден стануваше 2 пати, па сама намали на еден. Не сум правела јас никакви тренинзи.
Такви ни се децата. Моето годинка прави за два дена, па пак се буди двапати. Не пие многу, по 100 мл., ама секако пробував да презаспие поинаку и нема шанси. И поголема милилитража давав навечер на почеток, само се препиваше повеќе и пак се будеше како по аларм на три часа.
Таман сте. И мојава беше толку мислам кога и ја купив. Малку може да се помачи на почеток, ама сигурно брзо ќе ја сфати.
Моите пијат по 120 мл,пробав и повеќе да им давам по 150,180 мл џабе пак се будат исто,они дека двајца и мисе фаќа по 3,4 пати да станувам
Здраво, ние сме 6+ и сме на екслузивно доење и плус 1 оброк па сакав да прашам колку пати во 24/7 ви цицаат бебињата.
Мајки дали да купам дубак? Кое е вашето искуство? Многу е бесна, застанува на нозе лазењето и е здосадено
Мене ортопедот ме советуваше никако дубак. Не ни планирам да земам. Пуштена е и лази се поткрева по комоди, кревети. Мислам е подобро така да прави стани седни, јакне мускули, отколку да седи во дубак и да има поотпора. Одлуката е секако твоја. Јас како мала сум роварела со дубакот. Фала богу океј сум и сум проодела на време.
И мене ортопед ми рече да не го ставам во дубак. Сега ете се против, а ние во нив сме израснати хахах. Не знам дали да земам јас.