дали некој го има овој термометар/топломер и дали сте задоволни? Споделете и некој друг ако е добар. [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)][/COLOR] https://muppetkids.com/products/%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80
Кој скок започнува во 8ми месец? Син ми почна да заспива многу доцна, после 12, се буди со плачење неколку пати, сака да го лулам и заспива одма. Има 4 запчиња, месецов му излегоја горните 2, не е настинат, крвната слика му е добра. Не знам зошто така прави, најверојатно поминува низ скок.
Јас мислам дека може без да го оставиш да плаче, ама мислам дека МНОГУ зависи од темпераментот на бебето. Мојата бар засега знам дека нема шанси да ми успее, зошто јас кога ќе тргнам да ја спуштам на кревет она веќе плаче
Дојди да те гушнам прво Второ, не грешиш никаде. Или е до скокот, или такво си е бебето. Ги мачат заби, случувањата од преку ден. Тоа е, треба да се помириме. Барем мене ми е така полесно. Знаеш, се имам жално овде и веќе се помирив. Во регресија, во скок сме откако е родена и што се немам пробано едноставно не дава резултати кај мене. Еве и вечера и воведов, џабе е се. Не и давам да цица, еднаш цица преку ноќ ама пак си се буди. Еве најново и е дека се буди секое сабајле после 4ипол и не спие цврсто до 6 ипол сабајле. Во 6ипол се расонува, седи будна еден саат и пак бара да спие.. Се помирив дека до 2 години нема да спијам, после ќе правам второ и така, следни 5 години нема сон за мене. Пробав и сама да заспие на кревет, демек кога ќе се подразбуди да биде на истото место кај што заспала, без резултат. Сите совети од др гуднајт ги применив, Џ А Б Е. Не се ни жалам веќе, нема поента. Сите што поседаа 2 дена со мене и малава во куќава конечно се уверија дека е презахтевно бебе и тежок карактер, темпераментна до немај каде, живец невиден. На 6 почна да лази, на 7 веќе се исправаше на нозе, сега воопшто не сака ни да седи ни да лази, само на нозе да е. Кичмата ми знае се
Јас тврдам дека нема. Не постои бебе што ќе се разбуди сред ноќ и автоматски само ќе си презаспие. Тоа е контра природата. Ќе презаспива откако неколку ноќи ќе се исплаче и ќе сфати дека нема да дојде никој или ќе омалакса од плачење. И до поголеми им треба помош да заспијат, книга, приказна, чешкање, шум, темно.
И јас мислев кога ќе сменам на хип 2 дека ќе ги држи повеќе ништо Такво си е детето моите скоро ќе полнат 9 месеци се будат навачер еднаш до двапати за млеко така да ќе си прифатиш,јас башка со две сум,се менуваме со маж ми,среќа едјиот навечер сам си пие па ќеси го испие и кего фрли шишето другиот нејќе даси држи сам шише
Уште и блендирам храна. Купив смоки на хипп и на холе и сакам да и дадам за да учи да џвака. Дали се мн тврди, се топат ли во уста? Сте давале вие смоки,, а другата храна да е пасирана? Страв ми е. Исто на холе пишува можни се траги од кикирики. Па страв ме фати ид алергија
Да јас давам смоки скоро секој ден на Лино, ако се како тие а ваљда сите детски смоки се исти тие се топат во уста немаш гајле. Другата храна ни е или блендирана или пасирана
Јас имам од nimo, купен од Зегин, околу 1000 денари. Покажуваше иста температура како и топломерот со жива
Јас му давам смоки, и тоа е единствено од страна на "парче" Купи си од Витаминка смоките шо се се, многу помеки. Јас прво му давав од Лино, ама беа потврди и посуви
Талески ми кажа, најбитно е убаво да се виткаат. Да бидат меки и лесно да можеш да ги свиткаш. Ги има на Кеги ги гледав јас.
Цврсти кај петата да се, а напред да се превиткуваат така што ќе можеш буквално да ја склопиш патиката. Рамен и низок ѓон, да биде како босо да гази.. На k&k во последните години се поквалитетни. Пријателкаа ми се пожали од Кеги, партал се направиле за кратко време (а бебево не ни одеше само), лепенката не лепела по некое време, конци се разлетале. На изглед се и поубави K&K. @снежана2023 Земав Новалак со ванила, не сака да го мирисне, не па да го пие. Дури и во каши што и го ставив, ми ги одбива кашите. А хип користам за каши, немала проблем си ги јадеше. Многу појако мириса Новалак, а и вкус има појак... си споредила со друго млеко? Филм си напраив да не е расипано... Ама не мириса на расипано, мириса на незнам железо, јако тешко некако...
Од 3-4 млека што сум пробала, а ќерка беше цело време на адаптирано, најмногу Бебелан ми се раствара и најубав мирис ми има и конзистенција. Како предлог ако веќе пробуваш различни.
Мене ортопедот ми кажа да не купувам обувки додека не прооди убаво. Боса да биде вика најдобро и да отидам кај неа на преглед да ми каже какви да купам, ама откако ќе прооди. Така да најдобро со ортопедот да се консултираш.
А се топат вака во уста? Ги џвака или топи? Зошто тврди вака на допир ми се и се мислам дали да дадам