Се напив на 4, почна до 39 да се качува А блок макс колку разлика смее со далерон? Не ми враќа матичниов
Седиш еден период до неа, да ја пратиш како паѓа. Ќе си научи да паѓа и гајле немаат тогаш. Мора да падне. Мора да се научи да паѓа. Си се учат они како треба. Само биди еден период во нејзина близина и следи ја како паѓа.
Моментално паѓа директ на глава хахаха ама ќе научи сигурна сум. Туку, 6ти скок искуства некој? Пак ни се поремети денски спиењето, еве денес и за вечерно успивање протестираше.. Косата ми обеле, ме поремети детево. Си викам барем да ми беше второ и готово, вака траума имам за второ дете. Маж ми па и трето ми спомнува, аха важи
Како ви поминува денот со 11/12 месечно бебе? Во смисла игри и активности. Веќе немам идеи како да му го задржам вниманието. Сега е во фаза кај што сака само да го паткаш. И не сака ништо друго.
Троа напорен е 6 ти скок. Али си броиш денови и ќе помине хахахха Тогаш имавме по цели 15 мин. денско спиење. Ноќно аууу беше заспивањето. Еве ја арна е сега хахаха
Само тоа другарке хахахах Да се качува на се шти ќе види. Пример прееска имае драми, зошто неможеше да се качи по голем прозор/врата за на тераса… И само да оди да оди да оди. Тоа е се…
Моиве сега ќе полнат 9 месеци и едниот близнак приметив дека скоро и цела му е затворена незнам дали е добро тоа.
Јас да прашам како поминавте на одмор со 7 месечни бебиња? Скоро толку ќе биде кога ќе одеме па да си знам како е одприлика хаха.
Кога прекинавте со давање АД? Педијатарот ми рече доволно е до 10 месеци, потоа да преминам на кравјо..
Кравјото е многу јако, јас уште давам ад, 11м е и ќе давам и понатаму. Имам неколку другарки што преминаа на кравјо, исто така порано, му ги пореметија стомачињата на децата.
Кога одите? Јас се мислам за прва недела од септември, сакав покасно за пониски температури ама после дожд даваат гледам.