Тогаш сме и ние, ептен крај на август и почеток на септември. Закажавте ли вие? Каде сте во план да одите?
Ќе букираме деновиве, Никити. Само уште не сум сигурна за денови и се премислуваме стопати, јас сакам 8,9 маж ми му е страв едвај за 7 се слага
абе терајте и повеќе ако можете. еве ние дојдовме пак на камп, ќе седиме 3 недели. одма е раат, се бања се изморува и заспива за 3 секунди. а не дома ја лулам по 20 минути...
Е ајде де, не се ни денови од одмор проблем, ама нему му е страв да не не и се погоди, еве ако било се ок октомври пак ќе сме иделе негде на шетање. Како мало дете пробува да ме залаже
Nie sme na bitolsko mleko 2.8mast super e fala bogu nemame nikakov problem smao sto preku den ne pie mn samo navecer
Да се надоврзам на муабетот, ние ќе одиме на 18 август а на 19ти праве 7 месеци и ние сакавме по ниски температури но на почеток на септември знае да заврни не ни се ризикуваше
До 2+ години си пиеше исклучиво Ад. Потоа комбинирано, кога кравјо, кога Ад. Гледам есенва веќе и скроз да го исклучам и кравјото и покрај тоа што само 150тина мл пие во ден. Млечни производи да нудам во замена со оброк, секако сите си ги јаде.
И мојот се шлапка во базен и наеднаш ќе стане и сака да оди во базенот. Оти му купив од тие што се малку поголеми, не од најмалите. Циркузи е
Леле мажи хахаха. Ние ќе бидеме една недела, толку одмор може да земе мм. Инаку да може повеќе и да имаме подебел џеб само за одмор, 2 месеци фиксно не се враќам. Супер, убав помин. Баш ќе чекам да ми кажеш.
Моево 10 таму наполни. Весело беше По пат поминавме супер, се мислев кога да тргаме, дали во ноќ дали рано утро на крај решивме во ноќ бидејќи досаѓа, плаче и бара цело време анимација. Во 4 веќе бевме тргнати и кратко се разбуди кога ја ставив во седиштето но продолжи до граница да си спие. Е сега проблемот беше многууу жешко, значи жива вода бевме сите од влажен воздух во комбинација со пеколно време. Во студио бевме, и немаше услови како клима цела вечер да работи, ми беше страв под клима и буквално жива ненаспана бев од што ја пресоблекував по сто пати зошто беше како со вода да ја потурил некој. Од страв да не дехидрира по сто пати и давав да цица и нудев вода. На плажа идевме сабајле од 9 до 12 таму имаше прва дремка и вечер после 18:30. Исто пеколно на плажа и среќа што земав купачи со долги ракави, а онака ги земав божем да се најдат. Не ги соблече зошто под чадор маж ми се направи рак, а можам да замислам за бебе. Кашички само готови јадеше и мешав за доручек некад овес, гриз со грчки јогурт и павлака и еднаш авокадо со жолча дадов. Ете се надевам на кратко ти доловив, значи памет од сега со мало бебе или во јуни или во септември, ако нејќеш одмор под клима. Во однос на комарции тоа ми беше уплав, среќа немаше кај што бевме и како што немаше комарник викам готово партали ќе биде, во шок бев првиот ден, се изнаплакав од стрес. Веќе наредниот ден се наспав и освестив.
Морав да пишам, дека ова се нема случено со месеци. Последно млеко испиено малку пред 19ч, заспа накај 19:30. Уште спие, не станал за млеко. Неможам да се изначудам. Почна да се врти, да тегни цуцла, ама го земав само го нишкав и пак го ставив и еве го уште не бара. Јас сум во шок хахаха. Знам дека сигурно е само оваа вечер, па да си ја споделам среќата. А јас наместо да спијам, си дремам и вртам тикток. Сабајле сите ми се криви.
Што смеам за грло од пастили? Овие пантенол со вит ц смеам така? Исто прополис пастили сметаат на доење?