Мајки, сакам навечер пред спиење да пробам да и дадам АД, да видам дали ќе спие повеќе. Дали во текот на ноќта ако стане да и дадам АД пак? Друго прашање, што давате за ужинка?
Пробиотик до кога се дава? Ги прекинав сама кога почнавме со вкусови мислев уште толку му прави запек и не продолжив да давам пак.
Имаме вакво точаче. Од кога сте ги возеле во него? Моето се клати на страна, се лизга, не знае да седи убаво. А и појас има само за околу стомачето, нема и за преку раце. Или да си го возам кога ќе наголеми..
Пред спиење 180 ка. Ако ми стане во 5-6 ч сабајле и давам , за да продолжи уште малце со спиење, зошто знам дека ќе и е малце спиење и освен кенкање, лигавење, плачење за се, нема да има друго. И пред прва дремка пие исто. Ако има втора дремка тогаш, до 150 мл најмногу и давам.
Ја возев уште пред два месеци. Е ова има и за преку раце. Ама и неврзана си седела стабилно и обавезно со рацете се држи напред хахахха
Ќе се умешам извини мајка ама ние ја имаме баш оваа игрална, ја земавме уште кога почна да се врти сам на сите страни. Почна од обичната подлога за секунда да бега и за малку ќе треснеше глава во ногарка од масичката. Јас сум задоволна и ептен ни е искористена, инаку моето е 7ипол месеци некаде од 4ипол/5 ја користиме. Мирна ми е глава барем, не го мислам кога ќе го оставам нема каде да се улета. Може да си ја користи бебе и пред да почне да се исправа
Нас толку ни е местото , ќе треба да тргнеме релаксатор малку да преуредиме за да ни ја собере игралнава и подлогата. Вака големка е?
Последно што читав реков ај ќе ти пишам ама не застанав асолно на тел. Читав дека исто многу влијае храната на мајката врз сонот на бебето.Биле правени испитувања као мајки со послаба храна и мајки со појака исхрана. Мајката да има убаво богати со протеини јаглехидрати липиди исхрана. Значи побогатата храна значела мн покалорично млеко и многу подобар сон за бебето. Зошто знам дека доиш. Е сега јас и давам 180ка пред спиење, спие од 9 до 6, вчера пример направи една пауза од 5ч имеѓу храна преку ден, дека спиеше една дремка 2.5 ч, будна беше еден час и пак заспа еден час и некако испадна да има само 4 оброци по 180 мл и ја заспавме и знаев се разбуди во 3 вечерта мм ја презаспа и стана во 4 со плачење му викам дај и млеко и дадовме млеко спиеше до 9. Пробај види дај млекце ама направи го со млеко 40 степени топла вода.. додека го пие ќе поолади ама да не е ладно да е топличко мислам исто тоа ги поуспива. Пуштам среќа ај нека се успие убаво да те изненади
Искрено немам време да пазам на храна ама па и не се хранам лошо. Денес не и направив АД некако и вечерата слабо ми ја јадеше а и касно и беше оброкот па ќе и дојдеше многу. Ќе пробам утре
Незнам во Систина како е, ваљда на ист принцип работат со деца (таму имаме правено Сцинтиграфија). Ние имаме правено во Државна иригографија ама 2ипол г беше мојот, беше умен.. лежеше сам. Е со бебенце незнам како прават, да не ќе треба ти да седиш и да го држиш. Тоа е машина една што се навалува, крева, спушта. Денови пред тоа беше на диета... убаво не се сеќавам ама денот пред иригографија и на течности беше само, плус на некој лек за прочистување на цревата. Ќе мора да се чисти цревата од фекалии, за да се сними убаво. Ако не се, пак од ново враќаат (диета едно др), нас не вратија...
Од мое искуство и све живо пробано, до храната дефинитивно не е... И јас убаво се хранам, она супер си напредува... Сум дала и млеко (не го сакаше баш и дали 20,30мл испи), а сум дала на цела мака и млечна каша поретка (за да успеам повеќе млеко да и дадам), гриз инстант со ад. Тоа изеде цело, плус цицаше и пак стануваше на пола саат, саат, два до сабајле. Пробај си, ништо нема да изгубиш секако... Во овие 6м, јас што не пробав. Вчера после долги 6м неспиење, прв пат се изнаспа така поасално од 22ч до 8ипол сабајле и уште ќе тераше ама почнавме да зборуваме, тропаме и ја разбудивме. Јас станав во 7, наспана свежа, вчудоневидена А денеска сама заспа Значи лежеше само и си пееше ааааа ааааа ааааа и едно време ќути, се вртам спие Ама избија сите ептен надувани заби, другите сеа за сеа не се опасно надувани, па се надевам да поспиеме некој период. А дај боже другите и да ги вади без мака...
Јас се по тебе се водам хахахаха. Ќе пробам и ова со АД и ако не успее значи дефинитивно не е до тоа. Вчера троа поасално спиеше, прво станување во 3 и беше, па во 5ипол. Амаа сега па гледам дека тешко презаспива.. заби други не гледам на повидок