Ќерка ми е такво дете. Она се што треба да совлада, си повтрува и вежба сред ноќ. По два саати и јас така не знам колку многу ноќи си седам. Т.е не спијам баш од кога беше таму 7-8 месеци. Не мора да значи дека и твоето ќе е така, ама кај мојата буквално за се. За заби, вртење, лазење, одење, зборување, за се. И така. Велат после 3год полесно ќе е со спиењето.
Ахх, изгледа слично дете си имам и јас, зошто и за вртењето беше исто…Мене паника малце ме фаќа како ќе функционирам на работа и плус со оваа хронична ненаспаност . Иако некако полека почнувам да се помирувам дека такво дете ми се паднало - лош спијач, само си се тешев дека до 1 година ќе помине, не размислив дека и понатака ќе има други предизвици
Држам среќа да помине полесно кај тебе. Мене ми е многу напорно и се забележува веќе колку влијание имам врз секојдневието. Ама јас инод предходно имав проблеми со спиење, сега веќе ескалира. Ама знам дека е период само и нема да трае вечно. Се некогаш ќе влезе во пубертет и ќе сака да спие по цел ден, па тогаш ќе и вратам . Се помирив дека е така едноставно. После почнува градинка, па настинки од градинка секоја недела нешто ново и така. Работа на пауза, сега не сум во состојба да работам. Првично ми беше замислено после година до година ипол да се вратам. Дури и породилно 14 месеци зедов. Еве ме после две години уште дома. Полудена од секојдневието, а сила и концентрација немам за друго. Помош од баба сервис нема и така. Ќе помине кај и да е. Се си велам да излезат сите заби и после подруго ќе биде.
Еве го. Стерилизаторот го тргнав веќе, простор ми зафаќаше. Во што да стерилизирам? И дали пред секое ставање користиш стерилизација? Немам такво за загревање, ај совет во што да загреам, а да не пукне теглата?
Мајки, бебе е 9 мес и сеуште има по 3 дремки. Последната оваа недела му е околу 17-18ч и после седи буден до 22 што е многу. Како да му намалам дремки?
Можеш и убаво со топла вода да го попариш. Не е неопходно да се стерилизира на секое. Јас така сум навикната. Можеш во топла вода да го ставиш тегличето и да почекаш 3-4 минути. Друго не ми текнува сега.
Официјално не се работи за глад Две вечери пробав со АД пред спиење, пак првото станување и е во 12, два ипол саати после заспивање. Дефинитивно не е од глад.
Се надевам дека и кај вас ќе стане полесно наскоро. Другарки што имаат тодлерчиња околу 3 години, се фалат дека им е најубав период. Да, секако дека и тогаш има нервози, ама на друго ниво се. Може и дека наспани, па имаат живци и трпение за предизвиците… Јас работам на тоа да прифатам дека ништо не испаѓа како што планирам и сакам, а посебно на тоа да немам очекувања. Времево лудачки поминува брзо, дур се свестиме ќе пораснат децава. Па после други проблеми…Како викаат, мали деца - мали проблеми, големи деца - големи проблеми. Да се дешава нешто, цело време забавно
Оо да. Сега па како што и растат 100 заби одеднаш, ужас е. Нос и тече, затната, закоравени мрсули не дава да извадиш. Јадење по 3-4 лажици, се на молење и леб само. Ќе видиме денес со баба и дали ќе руча нешто.
Еве и ние само на леб сме 3 дена, ако види лажица бега како од ѓавол пиши ако бабата ја нарани да ја донесам и мојата хахахаха
Едната дремка ќе ти ја крати многу. Мојот така последната, третата му беше 25,30 минути. Безвеза. Една недела тераше така со трета кратка дремка, и после премина на 2
Ај да си прашам и тука вие сте со поголеми бебиња сите. Кога преминуваат од 4 дремки на 3? После регресијата од 4ти месец? Бебка е 4.5м и деновиве ептен ми ја одбива последната а очи жар црвени, зева и пика прсти во уста. Ако не успеам да ја заспијам едвај издржува до кај 7 и ми урла за ноќното успивање. Да пробам да и ги продолжам прозорите будност? Од 1.45-2.30 и се ама па со дремките уште мака мачиме прекратки се