Да не ве дрма регресија? На 6 преминавме на 3 дремки, будните прозори и се 2, 2.15, 2.30, 3. На 4.5 и е уште рано за 3 дремки според мене. Тогаш будните и беа 1.30, 1.45, 1.45, 2, 2.30.
Да во регресија сме веќе месец ама ми беше на мисла да не грешам со последната дремка пошто со другите некако ќе успееме да се успиеме ама со таа претешко
Последната е најтешка пошо веќе многу е намален sleep pressure-от. На нас 30мин ни е последната, ако треба и контактна само да спие.
Од кај знаете колку изеле? Зарем им мерите пред и потоа? Се од око ставам и правам, ниту гледам колку гр изела. Викам да не правам јас нешто погрешно Инаку кога ве читам вака дека и вашите не ви јадат асално, ми олеснува. Баш мислев да пишам , што погрешно правам, што и првото и второто се мрштат од храна, а други бебиња гледам од 6 м сами бутаат во уста. Не знам што начин да одберам да почне со сласт да јаде. Храната ја фрла по земја, а пасирано со лажење успевам само да ја наранам и тоа е борба и препотување од што изигравам кловн.
Добро те читам вака е некое време, каква и е крвната слика, железо? На кој начин ги обезбедува потребите? Зошто мојава еве сега беше болна ама сепак и претходно хемоглобинот и беше и пак и е долна граница. Сега со сила гледам да и бутам спанаќ, месо, еве цвекло ќе сфарам денес, ама прашање дали ќе успеам и ѝ е доволно да крене железо или ќе мора суплементи.
Пред еден месец, крвната слика му беше стакло буквално. Не знам и јас како става на килажа и се друго... Мојот си јадеше супер, се додека не фати гнојна ангина. И оттогаш наваму еве вака со молење. А и з парчиња не е спремен. Ти и даваш веќе парчиња?
Дека е на ад затоа, покалорично е и има додаток на витамини. Не бе какви парчиња, пробав да и дадам пола банана ми ја фрли на земја. Пробав и оставив парче тиквичка ја фати се згрози и беше лигава во рака исто ја фрли на земја. Смоки и дадов на хипп, една смока ја грицна неколку пати на врвот и дојде тврда и тоа фрли.
Мајки што да дадам за вечера освен млечни каши? Не сака тарана, јогурт павлака се мршти од тие работи..
Пола смоква за доручек Ама затоа ручекот маф - пиперки печени со лукче и домати и 4 чашки за ракија јогурт
Не мора само млечни, давај зеленчук, овошје, слично како ручекот. Јас некогаш и ручекот да го дојаде и го давам за вечера.
Дали сте давале нешто за имунитет на вашите бебиња? Беба 11м од септември почнува на градинка па се мислам што можам да дадам нешто
Здраво мајки, бебе 11 и пол месеци скоро годинка, до 3-4 месеци заспиваше сам , па потоа со нишање во раце , па само во релаксатор , како да го одвикнам од релаксатор , кога и да го ставам во кревет или до мене станува и игра , не застанува ни минутка
Од кога е време за една дремка? 11 месеци е, многу почна тешко да заспива и преку ден и навечер. До пред месец бевме на три и немаше проблем. Почна да прави проблем за последната дремка и викам ајде време е за две. Ама сега се бори со мене буквално и за првата и за втората и навечер пред легнување и треба еден саат, се врти па станува па цица па пак во круг и заспива тек 21:30 а во 20:15 легнавме.