Двата по отварање треба да се чуваат во фрижидер, инаку обично после секоја епизода менуваме сирупи, да не стојат повеќе од месец дена барем до два гледам.
Мојот дефинитивно се спрема за една дремка. Околу кое време е најдобро да биде? И дали да му зголемувам постепено ww или да го оставам сам? Денес за втората дремка беше катастрофа. Го успивав од 3ипол до 4ипол, очите отвори затвори. Заспа во 5, до 6:15. Ужас
И до ноќно спиење како сте? Мојот заспива и подоцна околу 21:30 Ќе морам и подоцна дневната да му ја планирам. Од колку месеци сте со една?
Од 13 месеци-13 ипол, како почна во градинка така на една дремка се префрливме и навечер заспиваше до 20:30 најкасно, сега седи маллу повеќе до кај 21:00-21:30
Кога менуваат на 2 дремки? Абер нема мојава уште. Плус ноќеска крш беше со спиењето, си беше будна од 4ипол до 6ипол па некако во 7 сме заспале до 9ипол.. цел ред ми го измести
Колку месеци бевте вие? И јас вчера прашав но не ми одговори тука никој од кога се препорачува една дремка, зошто борба е. Вчера стана во 8:30 едвај заспа во 11:50 со плачки со борење. После втората исто од 15:00 почнав исто плаче се бори и до сила заспа во 15:30 . Вечерта во 20 почнав со заспивањето, тек 21:30 заспа. Затоа викам дали е време за една дремка, зошто не исцрпува додека заспие. 11 месеци е сега.
На 9 месеци колку може да биде прозорец на будност од последната дремка до вечерното спиење? Ми ја прескокнува веќе некој период третата дремка. Но од 13:30-14:00 до кај 19:00-20:00 седи будна. Не изгледа престимулирана, заморна најнормално се си функионира. Денски 2 часа вкупно спие.
Исто сме и ние 11м. Истите маки ги имам некако. Обично на една дремка се префрлаат од година натаму. Еве нашиве изгледа се спремаат одсега Вечерното заспивање исто ни е катастрофа. Во 21 го легнувам, до 22 си пее Сега еве спие од 11.уште не е разбуден. Тешко дека после ќе сака втора дремка, а многу доцна ми заспива навечер. Мора малце тренинг деновиве
Првата ја спие наутро кај 8:30 или 9:00 и таа и е пола час. И втората од кај 11:30-12:00, таа и е час и половина.
Сакам да и направам млеко со бисквити. Ако земам ад, знам тоа мора да се искористи до три/четири недели, а големи се пакувањата и со еднаш неделно нема шанси да го потрошам. Како правите вие кои сте на доење? Гриз, бисквити со какво млеко правите?
Мислам Хип е со помали пакувања т е 2 одделни внатре. Колкаво е детето? Моево дека беше на Ад цело време, правев и со тоа каши ама генерално пример Чоколино без шеќер се прави со вода. Гриз си варев со вода, ако ставав плус овошје така го давав. Ако беше само гриз ставав околу 20-30 мл млеко. Колку за вкус. Мислам не е престап ако има пробано млечни производи да направиш и со кравјо. Секако тоа не е повеќе од 50тина мл повремено.
Зошто не ми чини пумпата, а да купувам тек сега нема шанси. Плус секако не планирам уште долго да дојам, 11 м сме.
11 месеци сега ќе полни. Па страв ми е кравјо затоа. Исто и јас до сега со вода ги мешам тие инстант гриз и овес. Ама сакам да почнам ете бисквити, гриз да варам со млеко и затоа викам да прашам.
Земи ја хака школката прави вакум и собираш млекце преку цел ден, околу 1200ден е поефтина варијанта од било која пумпа
Дали јаде павлака, грчки јогурт и слично? Претпоставувам имаш воведено млечни производи. Ако нема реакција, голема е веројатноста и на млеко дека нема да има. Дополнително и во градинка ако сте во план да оди, за таму треба да е воведено млекото.