Леле само што сакав да го пишам ова, ама сакав да прашам дали некој има искуство со одвикнување рано. Ние сме 7 месеци и цуцла користиме буквално само за заспивање, ама не може без неа. Е сега според др.Гуднајт демек или се тргала до 9 месеци или после 2 години и сеа се мислам дали би успеала некако сега да ја тргнам...
Само јас изгледа размислувам тек сега да и дадам цуцла Ама не знам алтернатива за замена за цицка. Така заспива и се буди навечер ја бара. Не може да мрднам. Што да правам не знам.
Немој. Ако ме слушаш мене. Цел ден со другарка зборам. Едвај и ја тргна на малата, што не е мала. Деформација на вилица, проблем со говор има. Ќе одвикнеш цице, кога ќе сметаш дека треба. И тогаш верувам ќе се плачки, ама цуцлава е зараза.
Еве јас немам некој посебен ред уште тераме on demand искрено, зошто некогаш ќе изеде повеќе, некогаш помалку и и треба допуна. За доручек и ручек сакам да воведам поасален ред зошто некако касно ни доаѓаат моментално, доручек накај 11 а ручек накај 3, ама за некое време ќе сменам пред да почнам со вечера
Исти случај сме значи, не знам што да правам со доењето измеѓу оброциве ми е страв да не ми се направи маститис. Цица па доручек па ручек па да цица пак му иде некаде после 8-9саата од првото цицање сабалје, измеѓу дремки и јадење некаде давам на 2.5/3 часа и цела сум си во прашалници. Инаку навечер не се буди за цицање врзува 6-7часа сигурно
Во 6:50 макс 7 подој 8:30 доручек и во 9 заспива 11 подој 1 подој 15 ручек До крај цица Сакам подоиве во 11 и 1 да ги направам само еднаш да цица накај 12, ама тешко ми оди. Попладне ми се темни, после ручек во 15 цица во 16:45, па 18:30, па 20:00. Како новороденче. Па после затнати канали и мастити нормално.
Се буди 8 8ипол деновиве и со тоа се пореметува се поместува се во текот на денот, а дс го будам сабалје за јадење некако не ми е не знам... од бебе спие до покасно ретко се буди во 6ипол 7 иако имаше таков период ама еве сам мењава...
Јас пу пу пу да чукнам во дрво не осеќам некоја промена. Дури на моменти се загрижувам обратно - дали има млеко во градиве мои хахаха зошто на пример пред некој ден за прв пат се деси да цица кога стана и после цицаше ехее накај 5 дури зошто се погоди, дремка, доручек, дремка, ручек. Ама не осетив ништо на градите. Ама генерално и ние така некако на 2-3 часа ја нудам, колку и да изела шо знам, бар за хидрација Јас работам од дома па не се грижам да тргнам подои за одење во градинка и сл. и затоа така терам. А навечер и давав на секое будење што беше на околу 3-4 часа, ама пред некое време ме фати инат да пробам да не и давам за да видам дали ќе спие подолго (yeah, right, ама се надевам ќе дојде ден кога ќе ми се исплати ) и сега кога ќе цица последно околу 8, следното дури накај 4-5 и давам и после кога ќе почне да се буди околу 7.