Изгледа нешто така ќе бидеме. Вчера се заспивавме со цицак цел саат, никако не можев да ја тргнам, за на крај да морам пак да ја земам во раце да ја нишкам. А до завчера сама си направи ред, си цуцаше, се тргаше и давав цуцла, и ќе се вртеше, ќе се вртеше и ќе си заспиеше. Плус синоќа се разбуди со ВРИСКАЊЕ, и читав на Wonder Weeks дека сега почнувале кошмари да имаат
Некој искуство со воспалени ушиња кај 8 месечно бебе? Ни дадоа антибиотик и тобрадекс капки, дека и грлото било малку црвено и крајниците малку зголемени. Нешто како да му олеснам дополнително? Читав топли облоги и матичната ми спомна имало некои капки на природна база ама не ми кажа кои. Искуство со такво нешто?