Мајки предлог за некои убави вреќички за зимово за бебе ама да се со ногавички, цела ноќ се врти се превртува, не можам да го покријам никако
Мајки, што може да е причината што синко се нафрла со ситни брунчиња по цело тело кога ќе го избањам со Мустела? Со месеци користеме Биодерма маслената купка, ама кога сме кај мајка ми, за таму имав купено Мустела, еве 2 пати по ред ми се нафрла, па после кога си идеме дома од Биодермата ќе му ги снема за некој ден.
Не, од мустелата е мила, тестирав еве овие денови, намерно пак го избањав за да се уверам. Неговите постелнини таму мајка ми ги пере со ист прашак како јас дома. Ново од страна јадење ништо не дадов и тогаш и сега. Значи кожата му беше стакло пред да го избањам. Само што го избањав, утре дента веќе беше нафрлан. Од новороденче па се до негов 4 месец го бањав со мустела, проблем ваков сме немале. Па ме интересираше дали на некоја друга мајка и се има иритирано кожичката на бебенцето од мустелата.
Мене ми беше одвратен гелот на Мустела. Мирисот односно. Плус премногу му ја сушеше кожата, имаше црвени суви делови што никогаш не се случило. 2 пати дадов шанса да видам дали е од тоа, после си продолжив со Хип и немаше никаква реакција. Бидејќи беше мало пакување јас ја искористив Мустелата за туширање и после неа се ме чешаше. Уште се чудам зошто толкав хајп за таа козметика..
@Ladyme некаде имаше препорачано топломер за во уше, ама не можам да го најдам мислењето. Земав еден прескап и скроз неточно покажува, имам и еден безконтактен и тој не чини.
Јас ставам ,инаку е бљунтаво многу и вака слабо ми јадат така па ич.Другарки што имаат деца сите ми имаат кажано да ставам по малку сол,дека нема дами јадат вака
Мајки, кажете играчки за во кола, ништо живо не ја држи во седиштето.. Имаме книги шушкавни, тропки, спинер, не и се интересни. Друго нешто?