Исто прави и мојот Сега игра и со кутијата од цуцлата. Му ја ставам внатре цуцлата и си тропка. Мора се да пробаме
Мајки, детево ми се раскина од плачење вчера и ми подкачи температура. На доктор денес му открија воспаление на увото. Ни препишаа Амоксиклав да пиеме 7 дена. Во меѓувреме многу ми е нерасположен и често подкачува темепратура. Имате ли искуство со ова и како се мешаше парацетамол со блокмакс?
На 4 часа наизменично даваш блок макс и далерон. Со антибиотикот ќе му се смири, и ќе помине и увото.
Ако имате опција да го замените во продавница? И да нема колата изофикс секое седиште може да се врзе со каишите. За да не му паѓа главата ќе гледаш да се навалува седиштето. Барај 0-18 ( до кај 4год )или 0-36( малку поскапи се ама ќе го користиш дури сака да се вози во него. 6-7год сигурно.) И седиштето да ти има опција со изофикс местење можеш и со каиш да го врзиш. Само треба да погледнеш проспект или на YouTube како. Моето е од пики од Струмица купено, без изофикс, веќе 8год како го користам не е мрднато.
Бебе скоро 7м,користиме цуцла само за спиење.До сега на авент но големиве од 6-18 не ги сака,му се згадува.Како да го научам?
Прво земавме со извофикс као ќе го монтираме со каиш ама не беше ич стабилно ниту пак практично за користење не се ротираше од каишите, беше околу 200е не е битна цената ама џабе кога не можеш да го користиш.Го сменивме за оваа обичното, сега е наместено добро стегнат е со каиш и горниот дел со тоа е малку поднавалено и стабилно стои скроз, бебе е подлегнато во него не е седнато како првично што беше кога пишав. Фала ти на совет
И нас ни се згадуваа кога му ги сменив од 6-18 ама тоа траеше еден ден само. Виде дека не му ја враќам старата и се навикна брзо. Види ти ако толку не ти ги сака од 6-18 па немора да му ја менуваш одма, секако само во големина е разликата.
Збориме за тие што се форма како Soothie или тие ортодонтските демек? Јас се мислам дали да и сменам форма веќе, додуша веќе неколку дена и ја имам сменето и давам на Чико од грција ја земав
Ultra air koristime,takvi kako spleskani malce kako najpravilna forma,barem taka slushav na predavanjata na matrona.
Мислев дека за ultra air прашуваш, не знаев дека сте со soothie. Од soothie немам видено поголемо бројче. Најверојатно не ги носат кај нас. Пробај со некоја друга на авент, еве ние многу ги сакаме ultra air, па види може ќе ги сака лепотицата.
Ајде баш ќе земам и такви. Мене мн ми се допаѓаат Soothie затоа што се цели силиконски затоа што знае да се заигра некогаш со нив и ги грицка цели. Затоа и земав ваква од Чико ама земав само една не знаев дали ќе ја прифати, а не знам ни овие дали ги има кај нас можно е додуша во Енци Менци да ги има. А сакам да имам барем 2 да не морам се едната да ја барам каде е
Годинка сме веќе иначе обично е со 2 дремки, а ако е многу уморна и 3. Нека спие, и јас одмарам така.
Мајки имате ли зимски вреќички за количките? Се чудам дали да земам подебела за ептен зима пошо прогнозата е страшна
Јас зедов од Синсеј, вчера баш ми стигна. едит: со првото немав, и тие неколку пати што излеговме со количка го туткав во ќебиња, некако цело време мислам му дуваше, такво ни е седиштето од количката - стил летна, па затоа сега зедов за второво.