1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    10.850
    Не е малку, секое дете има различна потреба за сон, од 2.5 до 3.5 е за возраста денското спиење. Многу учат овој период и нервниот систем им е преоптоварен, јас се откажав од убаво спиење. На под е нонстоп, лази, се исправа по мебели, прошетана 2 пати дневно по саат најмалце, стимулирана со игри, сензорно, пак не сврзува без да се буди. Еден период се смири, после како почна да се исправа пак наново. И така со секоја вештина од 2.5 месеци навака.
    Се надевам да прооди ќе се подобри ситуацијата.
     
    На dummy и Hygge-girl им се допаѓа ова.
  2. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Малку е бидејќи навечер не спие останатиот дел од предвиденото време,туку станува рано и се буди навечер.Ова според тренери за спиење...а инаку се согласувам дека секое бебе е различно.А и има разлика кога се буди дали е спремно за игра и седи весело или плаче.
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски
    Тренерите за спиење и нивните репери не прават да ги форсираме бебињата на некои утопистични рутини место да си ги пратиме потребите на бебињата. Мојава пример првиот прозорец и е одсекогаш подолг од предвиденото на тренерите, дури и кога спиеше поубаво беше така. Не и се приспива дур не го отседи цел прозор на будност на подлога и не ги фати пола играчки… Пробував да ја шетам сабајле во количка за прва дремка и само ми продолжуваше заспивање и реметеше сон. Си прифатив дека така си сака она и тоа е. Сигурно влијае на целовкупниот сон ама јбг не можам со сила да ја успијам
     
    На FarfallaBlu, Noemi и MariaBouli им се допаѓа ова.
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Се согласувам,кај нас првиот ни е најкраток и не издржува па сепак го следам бебето.Не може едно нешто да важи за сите бебиња.Но муабетот ми беше дека некаде постои моментот на грешка низ цел ден чим се случува тоа.Апсолутно дека ќе има промени и периоди но мора да најдеш што пречи кај твоето бебе и да пробаш рутина да држиш како тие периоди би ги надминале пократко отколку да траат со недели и месеци.Сите ние се будиме навечер само не го осеќаме тоа бидејќи веднаш заспиваме.Кај бебињата е тоа поизразено бидејќи ретко кое бебе знае да презаспие само.Мој совет кој што успевал кај мене е секоја промена која сакаш да му ја направиш прави ја постепено.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    4.655
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека постои момент на грешка. Едноставно кај некои бебиња скоковите во развој и учењето на нови вештини, како и самиот темперамент, влијаат многу врз ноќниот сон. И колку побрзо го прифатиме тоа како нормална појава и секако си го пратиме детето и знаците што ги дава, толку полесно ќе ги поминуваме тие периоди. Децата како што кажа, сакаат ред и конзистентност, не цело време да им се менува нешто за да се најде кај е грешката. Едноставно може е привремено и ќе помине.

    Еве и ние како Ноеми, сите нови вештини што ги учи ги преживуваме навечер, колку и да вежбаме и сите работи да бидат запазени преку ден. Такво си е детето, пргаво, лази 300 на саат, уште пред да наполни 8 месеци почна да се исправа сама и моментално е опседната да стои и да пушта по некое чекорче додека се држи. Иако конечно се средивме со спиењето, со успешен поминат тренинг за спиење и самостојно си заспиваше за помалце од 10минути, како влеговме во 6ти скок и се интензивираше станувањето нејзино, еве веќе скоро недела ипол и треба по минимум 45-50мин да заспие, зошто се испрасува, седнува и вежба. Навечер речиси и да не се будеше, сега се буди по 2-3 пати и одма станува на нозе. Ова се, иако ништо не е сменето во начинот на како се успива или јас реагирам кога ќе стане. Истото ни се случуваше и кога учеше да лази. Дур не го усоврши тоа имавме пореметено спиење, после се подобри. Веќе не се оптеретувам, период е ќе помине.

    Во однос на саатите за спиење, неможеме да генерализираме дали е малце или многу, иако еве, во конкретниов случај, дури и да ги следиме консултантите за спиење, 2.5 часа дневен сон е во рамките на очекуваното иако е долната граница. Јас милион пати имав тестирано порано кога бев опседната, ако спие повеќе од 2.5 саати полоши ни беа вечерите. Тоа е некое оптимално доволно време за нас со отстапка +/- 10минути и гледам да си се држиме до него.

    Според мене, океј е да слушаме некои генерални препораки, но не треба се да си врзуваме во крпче и да земаме здраво за готово. Да си ги следиме децата и да бидеме свесни дека посебно во првата година поминуваат низ толкави промени. Од речиси амеби, за една година ги учат најголемиот дел од моторичките способности и стануваат ментално толку свесни, во исто време и растат физички. Тоа е огромна промена, затоа и викаат дека има скокови во развој кои резултираат во регресии во спиењето. Но, се поминува, мене ми летнаа овие 8.5 месеци…дур трепнеме ќе пораснат, за многу кратко ќе се стабилизираат и научат да си спијат како што треба, нема ни да се сеќаваме на ова колку и да ни е сега тешко и сме хронично ненаспани.
     
    Последна измена: 30 септември 2025
    На Marijanche33, Noemi, naturally и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bubicaljubica

    Bubicaljubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2024
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
     
  7. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Не реков ништо поинаку ни јас освен што чим ова будење трае ,влијае и на бебе и на родителите во помалце сон а тоа не е добро за никого.Пак ќе кажам и првиот одговор ми беше дека може се заби,или учи нешто ново.Моментот на грешка не беше дека мајката нешто лошо прави туку дека постои нешто кое што влијае кон тоа будење.И како што кажа консистентност и ред им одговара посебно на темпераментни бебиња.Затоа и реков секоја промена што ќе ја внесе според мене најдобро е да е постепена.Стручно лице не сум,ниту пак сметам дека имам искуство,само споделувам што функционирало кај нас.Заради тие рутини и ред не сме осетиле скок во развој ни регресија повеќе од 1 ден.Немаме совршено ноќно спиење ,но растеме секој ден поблиску до тоа.Пак ќе кажам ,експерт не сум,мојов пат како мајка беше и е тежок.
     
    На Hygge-girl и dummy им се допаѓа ова.
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Леле ве читам тука дека бебињава ви лазат, веќе и се исправале и давале по некој чекор, а мојава на 8 месеци само во круг се врти на подлога. И знам дека нема споредба, и многу ја сакам заедницава, ама некогаш тешко ми доаѓа кога ве читам :D зашто цело време е на подлога, и вежби за лазење дури и правам ама абер нема хахах

    Ама се тешам па дека збори 24/7. Секој ден нов звук излага од неа :rofl: Прочитав негде дека демек едни бебиња побрзо моторички се развивале, другите во говор и со тоа се тешам :rofl:

    Од друга страна луѓе ми се смеат дека немало потреба да лази што ќе сум се замарала да ја бркам сега кога доволно ќе сум ја бркала кога ќе почне да оди :rofl:
     
    На dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски
    Ама затоа па твоето бебе се си јаде без проблем :D
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Така е, ако почне побрзо да збори во моториката ќе е поспоро и обратно, барем јас така знам, нека ме поправи некој ако не е така. Еве мојата 9 месеци има, спремна е да заоди, и купив проодувалки денес. Ама затоа за зборење е тапа, само ба ба ба ба ба и толку
     
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Е и тоа да, еве денес шпагети со печурки и павлака со каква сласт јадеше луѓеее :D

    Чекај ќе ни пише сеа некој дека неговото и лазе, и оди, и збори, и доручек си готви на 6 месеци :rofl::rofl::rofl:

    Да се насмееме малце де хаха

    Иначе збори доста слогови веќе, и ма ма, ба ба, ге ге, ња ња, и што уште не и како што пишав, само нешто брбори по нејзино. Цела на татко и :x Како што едвај чекам бар малце да разбира за да си правиме активности има да и ја развијам моториката ќе види она :rofl:
     
    На dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.136
    Допаѓања:
    13.324
    Пол:
    Женски
    Еве да ти кажам дека моето од 5 месеци уста не затвора, ама алапача не и е рамна. Ама ете моториката и покрај цело време на подлога си ја усоврши кога она сака. Пролази на 9.5, еве се исправа ама не и е интересно тоа, сака да лази и да се движи на колена. Ама на пример во зборење е многу понапредна од врсници.
     
    На MariaBouli и Baby warrior им се допаѓа ова.
  13. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Немаш место за секирација :D

    Моето прво дете пролази и тоа многу кратко пред да прооди, односно воопшто не сакаше да лази. Дури и подоцна прооди, па сега се си е во ред. Додека второто од 8 месеци лази, стои со подршка. И секако потешко е, додека се свртиш тој избегал. :sweat:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Немам со кои врсници баш точно да ја споредам, ама мислам дека многу збори за разлика зошто стварно уста не затвара и се некои нови слогови, звуци, и брмбљања вади :D а за моториката знам дека ќе си дојде со време ама некогаш ме чуди :D

    Затоа ми викаат да не посакувам да лази, нема да можам да ја стигнам уште сега хахаха
     
    На Feniksgirl и JasBee11 им се допаѓа ова.
  15. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.887
    Пол:
    Женски
    Ние сме во тие првите ^_^ скоро 10 месеци е, веќе врти кругови околу масата, се исправа на што ќе стигне, лази... ама збор не кажува. Еднаш рече мама и неколку пати баба и тоа е се. И со јадењето сме катастрофа.
     
    На Bebe moe и MariaBouli им се допаѓа ова.
  16. mari30

    mari30 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да ве прашам како на ноџињата ги облакате бебињата кога шетате? Сега го шетам по чорапки ама за некој месец ќе биде многу ладно и дали им облакате патичиња на 8-9 месеци? Не знам дали е глупаво прашањево ама па си викам дали е правилно патиче, а толку мало. :?::$
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.136
    Допаѓања:
    13.324
    Пол:
    Женски
    Патики обавезно. Преладно е надвор за по чорапи.
     
    На mari30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Јас планирам и од тие топлинките како чорапа што се брз уште еден пар чорапи секако, зошто толку прета со нозете што сум 99% сигурна дека патиките ќе ги бркам по пат :D
     
    На mari30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.914
    Допаѓања:
    8.151
    Пол:
    Женски
    За непроодено во локалните бутици детски наоѓав вакви како меки чизмички, полнети

    IMG_20251001_184416.jpg

    Веќе проодено баш чизми од К-К имавме тоа околу прв роденден фати.
     
    На mari30 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  20. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    419
    Пол:
    Женски
    Дали во пети скок во се има случено да одбива кашички, убаво јадеше бебево преку ноќ се смени и не сака никако и омилени што и беа џабе не сака. Што да правам? Дали ќе се среди после скокот?