Ад не се вари. Немаш потреба иначе палента со млеко, таа со вода се припрема. Ако си дала млечни, можеш со грчки јогурт, супер комбинација е.
На оваа пишува позади млекото да се вари и да се олади.Прашањето ми беше околу спремањето на палентава.Останатите знам си пишува за АД но на оваа пишува само млекото да се вари па затоа прашувам дали може со АД млеко да ја правам а не обично тетрапак
За со тетрапак мислат, затоа. А вака со ад не можеш, зашто и самата палента се вари. Со водичка само или со кравјо, ама мислам рано ти е за кравјо.
Ова е инстант палента се додава само млеко.Затоа прашањето ми беше дали може со АД како другите инстант или мора исклучуво со тетрапак не можеме да се разбереме
Имам прашања што ме мачат...8 месеци сме на доење сме плус оброци 1. Од кога почнавте да џвакате? ( ако има и најмало парче не знае да голтни) 2. Не пие никакво млеко ни ад и кравјо, решение некакво да ми дадете 3. Оброците со месо не ги сака кажете ми какви комбинации да правам 4. Дали кога почнавте на работа имавте право на прва смена да одите ако бебето цица 5. Кога ви излезе првото запче 6. Како се навикнавте в градинка каков беше почетокот 7. Колку оброци имате во денот и какви Се надевам дека некој ќе ми одговори
1.Тоа е зависно од детето кај мене второво на 7 м почна да џвака,самото ќе покаже кога е спремно. 2.Првото дете не пиеше воопшто ништо од шише до ден пред градинка најдовме шише што ќе пие,ама не пиеше Ад не прифати а млеко воопшто не дадов тетрпак само цицаше и имаше оброци и ужинки,второво 1 м секој ден правев Ад и го прифати и почна да пие му го одржавам по што не јадеше многу сега од кога почна да јаде и не му давам често ретко чат пат колку да пие по што уште малку на работа ќе почнам ама мислам дека ако јаде и има ужинки нема потреба. 3.Месо малку потешко прифаќаат,биди упорна,мада малата сега тек на 2 год прифати. 4.За ова мислам дека може во 2 смени,јас одам само прва. 5. Првото на 6м,а второво 7м 6.Првото малку потешко 2м,второво вчера прв ден супер ќе видиме денес. 7.2 оброка со една со житарки и овошје,друга со зеленчук,месо,палента,гриз итн.
Што да намачкам за модринка? Бебе лазејки се тупна во парното и има малку црвенило на челото ми е страв да не помодре а прв роденден ни иде
Не знам коe e научното објаснување ама од сестра ми знам ладно путерче и мачкам одма кога ќе се удри негде посилно, многу пати спасува.
Мајки, какви пасти за заби користите? Мојата е скоро 12 месеци, и вчера дури никна првиот заб. Па да и купам паста.
Зошто не кажувате колку е тешко пред да пролазат како што треба? Константно плачење ако не сум до него, сака во раце ама сака и да лази, па се фаќа за нешто и пробува да се подигне… полудев.
Траеше едно добри 4 недели косата ми побеле, не можев ручек да направам ужасен период. Се клатеше на сите 4, па назад одеше па војнички едвај, само плачење и киснење. Спиењето исто беше ужас. Кога пролази Господ го видов
4 недели? Ма каков ручек, јас не можам за него јадење да направам. Се клати, се крева со газот нагоре…
Тргнав да барам мислења за сепарациска анксиозност еве мислам и мојава почна да развива, се изнаплака кај мајка ми во раце 5 пати проба да ја земе и само гледаше во мене и плачеше, 7м е. До кога траеше кај вас??