1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Да да :)
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Давај други алтернативи со железо тогаш што почесто, леќа, грав (особено црвен), киноа, просо, овес, спанаќ, брокула, амарант, чиа, семки од тиква и сончоглед и комбинирај ги со храна богата со витамин Ц за подобро да се апсорбира:)
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    573
    Мајќи незнам кај да напишам но ве молам да ми одговорите. Малата има 14м и веќе два месеци почна да зајаде по малку пример ручек една тегличка хипп 190гр(дома готвам но за мерка одприлика да знам) е сега тоа што јаде треба да е скроооззз изблендирано иначе се дави повраќа итн. порано давав не скроз блендирано или со вилушка па затоа не јадела најверојатно.
    има 8заби но воопшто незнае да џвака. Смоки и давам во рачето не ни втера во уста или ско втера се дави ретко омекнува и голта. Лебче исто со супа се дави баш се дави. Она ни шишето со млеко не држи (фала му на господ рацете и работат) но незнам зошто е вака дали касни во развој или?? Педијатарот вели секое дете е различно некој демек до предучилиште јаделе се блендирано но ова ми е ту мач. Градинка исто се давела неколку пати дури и повраќала и веќе не и дават и они се плашат. Некој совет како да ја научам на парченца на пасирано барем со вилушка или сама да почне да јаде се што и ставам во хранилка фрла или втерува во очи не во уста. Од 8м ја оставам бидејки одам на раб дали јас не и посветувам внимание или?
     
    На medena147 и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја мајка со поголемо бебче кое има silent reflux? Уште кога беше мала се сомневав според симптомиве по нет што ги читав, ама педијатриве не се баш информирани на темава, чим бебе не повраќа, цица/јаде, качува килажа, мочка, кака се е ок. И да стварно беше и се уште е ок, ама цело време дур јаде (сега повеќе со цврстата храна а порано дур цицаше) како да хрчи, ја осеќам се нервира и се враќаат киселини/рефлукс, многу споро јаде, правиме паузи цело време, се трга наназад, пие водичка измеѓу залчиња. Отвара уста, сака да ручка ама ја мачи и некогаш се откажува (и се смачува ваљда). Малце јаде количински, а е буцка 9кг. За некој ден ќе биде 7ипол месеци, имаме доручек и ручек. Според педијатаров ни е време и за вечера, ваљда е ок да воведам и така сама си знае колку јаде не се прејадува, барем 3 оброци помали па да ја држат по сита, не и е доволно само цицање приквечер бара на саат ипол дур си легне. Се изначитав што да избегавам од намирници да и давам и да не ја форсирам количински не знам друго чаре како да и помогнам. Има ли некој со искуство на темава да даде совет?
     
  5. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Скроз истиот проблем го имаме и мене ме интересира истото. Секој ден пробувам со нешто не блендирано за да се привикне, но не ми успева. Очајно барам помош веќе. Се плашам и за говорот, дека не ја употребува вилицата за џвакање.
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    10.127
    Ноќен терор. Ќере имаше на 8 ипол месеци, и траеја околу недела време. Кај нас започнаа од вториот ден на градинка. Јас така ги поврзав, мислам дека тоа беше причината.
    Спие мирно, и наеднаш ќе почнеше да вреска во сон, дури и се притресуваше. Некогаш и ја кревав од креветче, ја гушкав. Таа спиеше, ама се смируваше така и ќе ја оставев пак во креветче.
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.605
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Давење и гагинг не е исто, може ти личи дека се дави, уствари се гади. Што е нормално, рефлекс е тоа. Полека ќе давате, не паничете ако одма прави демек ќе повраќа, оставете неколку минутки, па понудете пак, пробајте вие кога јадете до вас на маса да се и они да јадат тоа време, бебињата многу имитираат.
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Знам, имам читано за гагинг, не се плашам кога прави така. Само еве веќе 6 месеци истото го прави, секој ден пробувам, но не се подобрува тоа и не се навикнува на парченца. Со нас секогаш ја ставам на маса да јаде, како што кажа и членката, не ја интересира храната да ја јаде, само си игра со неа.
     
  9. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    После 1 годинка, како им давате грашок, боранија на пример? Дали им правите манџички со црвен пипер запржени? Не знам како поинаку да ги послужам, еве вчера грашокот на пареа и го спремив, заедно со батат и карфиол, ама суво и е така, сакам како манџичка, а не знам како да и спремам за неа само.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.285
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Женски
    Јаде исто како и нас. Запршка не правиме ни за нас. Густина со компир или дел од тоа што се вари, вадиме пасираме и назад враќаме. Или со ориз или цел кромид густина правиме.
    Си ги јаде во целосни парчиња.
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    А си пробала ли парче зеленчук или овошка да и дадеш? Пример половинка обарен морков? Мојава е помала 7ипол месеци е ама гледам да не и давам блендирано ама пример зеленчуковите каши кога се со месо не ги сака ако осеќа парченца, за овошје и житарки обично не прави проблем па комбинирам давам пасирано за доручек а ручекот блендиран ама гледам да и понудам плус и парче храна да грицка. Пример денес имаше каша со морков и плус оставив пола морков обарен и и го дадов така пред кашата го џвакаше. Седев до неа и јас демек џвакав, ме гледаше и копираше. Пробај така ако не си пробала до сега па после ако почне да прифаќа ќе и оставаш и во кашата парчиња. А житарки како даваш, и тоа блендираш? Пример овес, киноа?
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.605
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Не е спремна, нуди секогаш кога можеш. Не се откажувај, ќе си пројаде полека.
     
  13. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    А без црвен пипер не како измиена? За густина ајде знам компирче нешто, ама за боја како правиш?
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.605
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Можеш со патлиџанче боја да имаш.
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    11.397
    Има од ДМ доматна паста концентрат во тубичка без сол. https://www.dm.de/dmbio-tomatenmark-p4058172268717.html
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.995
    Допаѓања:
    2.802
    За некој ден полниме годинка.На контрола кај матичната ми кажа веќе да не им давам хип млеко туку тетрапак кравјо.Исто прашав колку количински треба да пијат млеко,зошто ми се будат и навечер еднаш,некогаш двапати за млеко незнаеше да ми каже,само кажа да ги одвикнувам да им давам млеко кога ќе се разбудат.Сабајле им дадов 60мл со д3 и сега пред спиење 180,200 мл.Еден период нејадеа,сега гледам им се отвори апетит и почнаа повеќе количински да јадат.Колкави оброци треба да имаат сега количински?Како да почнам полека да нудам парчиња,еве пример патлиџан,краставица досега све рендано давам,а ми е страв две се недај боже се засекне а сама сум со нив.И од кога може перниче за спиење да се користи,и кое може
     
    Последна измена: 13 ноември 2025
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.285
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Женски
    Домашен кечап ставам. Или сега знам/ знаеме, ајварка пиперка или било која црвена ја варам, блендирам и враќам назад. Преубав вкус дава.
    Штом мм рече дека е вкусно, значи вкусно е хехех
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.285
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Женски
    Перница после две години.
    Година и два ипол месеци е, уште е на АД и ќе давам тоа додека пие. Пие 2 до 3 пати ретко млеко. И не пие повеќе од 180. Гледам дека намалува со пиење сега на количина.
    Јаде колку и се јаде. Никад не сум мерела. Знае кога и е доста и штом се најаде се трга и несака.
    Краставица грицка цела од некои 10-11 месеци. Патлиџан исто. Патлиџан може да изеде цело кило без проблем.
    Дади резанче и набљудувај. Јас уште на секое јадење, грицкање ја пратам додека не голтне и не и е празна уста.
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.995
    Допаѓања:
    2.802
    Моиве па количински ако ми испијат млеко преку ден па не ми јадат количински оброк после.3 оброци им давам сеуште се на две дремки и неможам да им пофатам со времето ред.Денес на едниот дадов кајгана 2јајца скоро 1 пол изеде со павлака,ама секогаш сакаат или корка да грицкаат или трошки лебче да си лапкаат кога ги хранам.Вака несе многу напредни ама тежат по 11кг имаат ама имаат висина.И јас сум за адаптирано и неби го менувала
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.128
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    Не мораш и да го смениш адаптираното. Јас до 2+ години давав, а ноќе не стануваше од 1,5 некаде. Првично заспиваше со млеко, после немаше врска, ќе испие млеко, миеме заби, па тек спиење.
    Сега ептен ретко ако побара и тоа 100тина мл крајво давам.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.