Денеска бевме на контрола и за храната некоја консултација. И на мерење, за месец дена 400 г само качила. Имаше период каде намали од 1000мл на 800мл млеко, најверојатно од скокот ама и доручек фул воведовме. Ама не очекував дека толку малку ќе качи. Крв и е супер, јас мислев мн млеко давам, др вика малку е треба 1л. И така од утре воведувам ручек, па ќе видиме како е. Моментално е 7++. Како е вашето искуство овој период?
Толку одприлика качува и мојава од четврти месец навака и никој не ми рекол дека е малку, дури ја водат како со “интензивен раст”. Не качуваат веќе толку на килажа, повеќе во должина
После 6 ти месец, качуваат помалце. И е нормално. Ако најдам слика, баш ќе ти пуштам, како по квартали накачуваат.
Дека и јас се исплашив кога ја измери. А си качуваше убаво цело време и беше буцка. Шок ми дојде. Ама среќа имам златна педијатарка, па ми разложува убаво се и вика сликај и прати хахахах
Мајки за колку време од дадена доза блокмакс треба да падне температура.Пред саат ипол дадено сируп уште не е падната
Обично после пола саат паѓа мајка, ама се случило да ни падни и после 45 мин. 2,5мл му даде нели? Побрзо да оздравете.
Немај гајле, нормално е. Зависи од вирусот, кај нас корона кога имаше така беше, не паѓаше ниеднаш под 37.
Мајки со 9м бебиња каков ви е распоредот на дремки оброци млеко ,цел ден де.Бебе ќе транзитира од 3 на 2 дремки ама ми се поклопува млеко храна све со дремките.
Амоксиклав пиеме,незна дали е корона или пд роденденот ми настинаа,од нешто е ама температурава ме нервира што непаѓа.Сабајле што им дадов за температура и немаа денес еве сега пак ми качуваат
Мајки јас веќе немам памет. Малиот ќе полни сега 7м но воопшто не спие убаво навечер. До кај 4ипол месеци супер спиеше, само за цицање се будеше, па после почна да цица и потешко да презаспива а веќе неколку недели вришти навечер на цел глас. Го ставам и до мене со цицање не презаспива. Пробавме недела дена да не му давам да цица, татко му да го презаспива со цел да не се буди толку често и мислам полошо стана. Пред 1 недела му излезе едно запче, му дадов една вечер пола доза парацетомол, немаше подобрување. Пробав адаптирано да му дадам да не е гладен, иста приказна. Преку ден генерално е расположен, ок му се дремките. Еве пр синоќа, во 8 заспа, 11 цицаше, од 12 до 2 плачеше, после тоа на пола саат се будеше, па пола саат плаче за презаспивање. Мн ги трие очите и се буди, овие денови гласот му е цел зарипнат мислам од плачење.... Јас разбирам да не спие, ама цело време да плаче сташно е. Се мислам да го боли нешто друго освен заби (уво, меше) и денски немаше да е расположен...
Не е исто навечер и преку ден. Навечер се опушта телото, затоа и е толку изразено. Мислам дека се забите, обично чим излезе едното доле за брзо време е и другото. Е сега може да ви е споено со некој скок, би требало 6ти.
Да не спамаме во доење тука ќе ти одговорам, овој и го земав прв на 7 месеци, наједноставен Пред месец земав од енци менци ваков и хит е чукчето ама има само едно од форма тоа му е маана. https://www.encimenci.com.mk/sorter-kocka-2-vo-1-chicco-096862000 Овие два ги совлада, а на залиха ми се овие 2 неотворени, пошо гледам и држат внимание и се изнакупував https://www.encimenci.com.mk/sorter-so-aktivnosti-zamok-315200-bkids-315200
Само мојата и е досадно ова и зима ги отвара вратите и од таму пика. Нашето е куќарка од Џамбо. Пика што стигне таму
Што да ти кажам јас како давеник за сламка се држам до нешто што ќе и држи внимание 5минути да земам воздух Знам дека и на ова ќе и помине ќефот па затоа со различни форми земав. Иначе кога ќе и здосади ги треска со сета сила
Има ли некој што успеал да тргне цуцла за заспивање пред годинка? Не дека многу сум решена, ама ме интересира дали некој има такво искуство?