Дрвена лажица и тенџере Мојата тоа и беше поинтересно и тропаше него играчка хаха. Еве ја и сега на 14 месеци, домаќинка права од кујна не излегува и само ровари и вади лажици, садови
И да се заби предолго трае. Еве од 7ипол до сега над 5 пати се разбуди со вриштење, сила нема веќе да плаче, му дадов сега парацетомол, не сакам ама приморана сум се да пробам. Психички веќе ова не можам да го издржам
Сега учат за секвенци така са причинско последични играчки се добар избор, како и решавање, како оваа, звучни сликовници, оваа исто како сортери да ги вади и враќа, испушта звук кога го враќа на место, некоја за влечење има звучно коњче не знам од кај го земавме, дрвена сложувалка со жовотни, стакинг рингс или капс овие се прават и како топки многу се интересни.
Јас изгледа ќе ја одбивам, неможам веќе ме поремети. Сега станав нервозна, вриштеше.. а ми стануваше на секој саат и ме испоцица (16м е, а ова се случува од 6м). 10 месеци не спијам, ни јас.. ни она. Најверојатно е до доењето (сите со вакво искуство, престанале да им стануваат како ги одбиле). Цуцла не ми фати мојава, па на секое мало будење (во light sleep), па и не се буди.. со затворени очи знае да вришти и не знае да се успие пак сама. Никогаш нема заспано сама.. или со цице или во количка со баба додека сум на работа. Претешко дете за заспивање е. Абе и мечиња и што не и земав, за ништо не се врза и да си направи некој ритуал за заспивање. Другиве две ми заспивале зами, кај стигнале.. во количка, во хранилка, на каучи, на тепих ако биле уморни... ова жив неспијач е. Дури и во кола, не заспива. А другиве по 15мин возење одма кома биле. Бевме со маж ми до Лесковац скоро, од Лесковац до Скопје око не склопи (а и до Врање застанавме шетавме), уморна значи..а нема спиење Ми е страв и да ја одбијам да не продолжи вака...
Цицањето е проблем мајка, или ете евентуално забите а може и комбинација од двете. Заедно спиевте кога го презаспиваше маж ти? Еве ние тој проблем на 10 месеци го решивме ама една недела јас не стапнав во спална. Кај нас имаше ноќи и кога стануваше на секои 40 минути, буквално до сабајле над 10 пати стануваше, па и дека така лошо спиеше уште во 6 будна ми беше. Сега спие цела ноќ, некогаш ќе се разбуди по еднаш амааа дааалеку од тоа што беше.. и спие до 8ипол сабајле. Претешко е те разбирам, пробајте да не спиеш ти во спална ама ако сега брзо си пробала почекај некој период. Друго не знам што да те советувам, мачкај фрезидерм за забите.. со лесно
Мајки, по колку вкупно млеко на ден ви пијат 9-10 месечни бебиња? Син ми пие околу 600-650мл дневни. Дали е во ред или па е малку/многу? Имаме 3 оброци и некогаш ужина.
@mariz Моево фаќа цуцла, ама џабе е. Синоќа после парацетомолот заспа и до 6 саат спиеше до мене со едно 4, 5 пати цицање, битно не плачеше. Ќерка ми на 14м ја одбив, исто почна мн често да се буди. Одкако ја одбив почна да преспива цела ноќ, ама со неа немаше вакви драми, некако мн полесно беше и она поголема беше. @Dodo1 Да, јас бев во спална татко му кога го презаспиваше. Те читав и претходно, ама си реков ајде вака ќе пробаме. И исто, над 10 пати се буди и ме мачи што со цицање не му поминува и лесно не презаспива после цицање. Ништо, ќе почекам да му излезе другото забче, мислам кај и да е ќе излезе, па после ќе видам како ќе биде, ако не се смири ќе бараме некое решение...
Бебка е скоро 7м. Од 6м имаше појадок, јадеше околу 200гр. Пред една недела почна да ги одбива кашите, и зеленчукови, и овошни, и домашни, и купечки, значи сите. Веќе нема ни појадок, а требаше ручек да воведам за некој ден. Не знам што и е проблемот, веќе сум загрижена стварно што се врати пак само на доење. А баш убаво си јадеше се. Не сака ни пасирано, ни блендирано, ни парчиња... Како да почне пак да јаде? Само правам и фрлам овие денови, на раб на нервите сум. Горе има набабрени 4 заби, кецовите и двојките, не знам дали е до тоа. Не е во скок, баш напротив, овие се неделите меѓу 5 и 6 скок кај што треба да биде погодена и расположена. Таа е се освен тоа.
Исто е и кај мојава, воведов и вечера ама од сите три оброци вкупно ако соберам ќе се фати 200 и нешто грама. И домашно и купечко и блендирано и пасирано и парчиња џабе, од се јаде како коковче по неколку залчиња. Јас се сомневам на запче кај неа дека горе е набабрено а слично ми правеше и долните кога ги вадеше. Е мојава плус е во скок така да и тоа можда допридонесува. Јбг ваљда ќе пројадат пак кога тогаш. Јас упорно и нудам секој оброк ама на раб сум со живците кога ми драматизира…. Цица најнормално така да ваљда и е доволно
@dummy Да, и јас нудам секое сабајле појадок, домашна и купечка каша, и не ни пробува мојава. На крај фрлам се. Запечатена и е устата. Ако не е до забите, не знам што друго би можело да е. Од старт убаво ги прифати вкусовите, сама бараше повеќе и така за 2 недели стигна до појадок од 200гр. Јадеше се освен карфиол и блитва. Ама другите каши сите за 10-15мин ги јадеше. Сега не знам што и стана. Не ни пробува.
Можно е да е со забите. Горните 2ки посебно кога и излегуваа на ќерка ми и шишето со млеко го фрлаше. Со лажиче и млеко неколку дена давав само колку да внесува нешто.
Е мојава пробува неколку залчиња и после трга глава и ми ржи… и нудам и друга опција и пак истото го прави. Слично беше ти викам кога ги вадеше двата кеца доле ама не драматизираше до волку. Веројатно се забите кај вас, пробај со поладни каши некогаш тоа ми пали. И не знам дали имаш млечно воведено, мојава периодов само ако и ставам кисело млеко или грчки јогурт отвара уста поише пати инаку драматизира
Да мешам со овошје и житарка или сега откога воведов глутен со тарана. Ваљда немаш воведено глутен така да можеш со палента или амарант, тоа исто сака да го јаде бар малце деновиве. Сакам со просо вечерва да и дадам мислам и со тоа ќе оди. Исто и со авокадо и/или јајце или само жолчка (ако не си вовела белка) го сака. Киселото млеко поише го сака мојава дека потечно, а грчкиот јогурт и додавам малце вода па така го јаде. Инаку јас со грчки јогурт воведов млечни, 2-3 лажички прв ден па 5-6 втор ден и третиот веќе повеќе мешано во оброк со житарка и овошје.