Сега дури го гледам мислењето..абе тоа првото го видов и јас ама страв ми е топчињата да не се мали уште бута се во уста.А тоа второто предобро личи баш ќе го земам.Имам заборавено дека имам такви стакинг рингс...баш ќе пробам фала ти.Он уште убаво не фаќа со прстињата,вежбаме влечење такви материјалчиња.Не знам дали е загрижувачко.А лупа све живо и диво со тупаници.
Големи се топчињата и мојава ги носи во уста ама не може да ги стави внатре Пинцета фатот меѓу 9ти и 12ти месец се усовршува, нормално како и се друго кај некои деца е порано, немаш простор за грижи.
Моите близнаци се исто, скоро 7 месеци сме, ама според корегирана возраст сега се баш во 5тиот скок. Едното бебе нема мака од прв ден со јадење ништо не одбива и сега и кашичките ги јаде и до 200 грама(ако понудам повеќе и тоа ќе изеде мислам) ама другото бебенце ми правеше проблем од втор месец па наваму и на периоди де јаде,де не јаде. Супер почна со кашите ама еве веќе една недела и кусур и мене ми одбива… Ќе проба 2-3 лажичиња и баш како кај тебе ја лепи устата и неможеш да и ја отвориш никако… Скрос те разбирам, само правам и фрлам… Ама кај нас пред некој ден пукнаа доле кецовите, и уте не се убаво испаднати само така наѕираат и боцкаат на допир врвчињата… Така што сум убедена дека е до забите, пошто другото бебенце како што напомменав погоре си јаде без проблем , а сеуште нема запче. До скокот не верувам дека е и кај тебе, штом и се набабрени непцињата тоа е… Да се надеваме дека ќе помине брзо и ќе се вратат на старо, зошто стварно било тешко дете да не ти јаде… Мене еве денес од сабајле 2 пати и мелкото скрос ми го одбива(на ад сме да напоменам)
Ептен си праам паники,ја гледам дека сака да фати такви играчки како прозорчиња како влажни марамици што е отворот дури и собирав тие пластичните од влажни па ги лепев да игра ама тешко му иде.Може таа играчката со животни ќе му помогне
Шишки на фризер еднаш, после јас дома ја средив. Сега пак треба да и ги средам. Откако почнаа во очи да и одат, а прцлињата да ги вади, ја средив.
До забите ќе да е. Син ми беше стравствен јадач, и секогаш пред излегување на запче одбиваше храна. Штом од почеток си прифатила храна, и сега сменила не се грижи. Ќе помине, ќе се врати на старото
Што се смета за први чекори ? Моево пиле вчера си беше потпрена на гарнитура со грбчето, и наеднаш си тргна сама да оди накај мене, направи едно 5 6 чекорчиња, едно метро прошета отприлика По намештај се движи веќе еден месец и тоа онака само се придржува со рачето, летајка е
@Noemi Мене ми се свиѓа од Little dutch играчката, ако може линк случајно ако е достапна пошто приметувам веднаш се распродаваат. @Stone Ние на 8 месеци го шишавме, ептен му беше порасната косишката веќе смешно изгледаше.
Ауу што е ова на 7+++? 6ти скок, сепарациска анксиозност или вадење заби или учење да лази или ваљда се одеднаш ни се погоди нас Не се заигрува веќе толку сама, ќенка ако ја оставам. Плаче ако и прозборат други луѓе непознати а и познати ако ја земат во раце. Спиењето ужас како во 4ти скок, станува ноќе и не сака да спие по 2 саати, крева газе како за лазење, се врти низ цел кревет ровари. Се буди по неколку пати и од дремки, само ме бара да ја презаспијам. Ржи не сака да јаде се молиме секој ден. Драмиии
Среќно . Мојот е во некаков “скок” не знам веќе од кога, така плачеше ако го оставев сега лази побрзо со влечкање па иде по мене. Навечер е ужас, се буди со плачење.
Од Cozykids ја земав од Солун ама ја имаат и овие на залиха. Ако те носи пат за Солун cozykids има под Цимицки и во Космос, прејаки работи имаат и на Liliputiens, Lorena Canals ствари за детска соба, банкрот тотален https://toysnjoy.mk/index.php?route=product/product&product_id=282&search=сортер
10кг, ама ние паднавме на 8 месеци многу на килажа, може кило и нешто заради бактерија, после 2 месеци глава на кренавме и после во болница завршивме пак од бактерија, така да и 10кг ни се ко да сме 15. Голема се роди.
Има проблем да дои? Ако не, само дијастема односно простор меѓу единиците може да има што е само естетски проблем и се решава многу лесно.
Нема проблем со доење, профи е. Со јадење има проблем, ништо нејќе да прифати освен млеко и вода само, па разгледувам причини.
Заби? Мојава на секое вадење заб одбива храна едвај се молиме а си цица без проблем и пие и вода дур “јаде”