Твојата е неколку месеци постара ама кога беше помала разликата е само пак доење наместо ужинката нели?
Да, ние сме така. Измеѓу секој оброк доење и плус на станување и легнување. Е сеа и некоја ужинка знае да се убаци плус на доењето до ручек време
А по колку време се фаќа измегу оброци? Ми наврте мајка ми мисла дека многу често јадела мојава некако кнап ми се фаќа време одприлика секој оброк (и доење и цврста храна) и се на околу 2 саати
И се направија вакви корупки на скалпот, што да мачкам? Ќе сменам шампон обавезно ама што плус да ставам? Толку се, околу 2 саати. Вака некако: 7:30-8 цицање 9-9:30 доручек 11-11:30 цица 12-12:30 ужинка 14-14:30 ручек 16:30-17 цица 18-18:30 вечера Има денови што се исклучоци, ама тогаш е и почесто од ова, поретко не е
Маслото на Фризи Дерм, веднаш помага. Нема потреба да менуваш шампон, не е од него. Само стави масло 15мин пред капење, и исчешлај ја ќе, се ќе падне.
Пробував прерходно да ставам и слика со пораката, ама не ми успеа, па после не видов дека ми останала кога и одговорив на dummy имам од маслото на фрезидерм го купив уште пред да се роди зошто не очекував да се роди со 5 цм коса Инаку да како теменици, ама само на едно место колку 1-2цм кругче...
Вади заби да, ама од почеток не прифаќа храна. Почнав парченца, нејќе, ајде пасирано нејќе, ајде блендано нејќе. Ајде купив кашички нејќе. Само слива, краставица, банана, јаболко и тиква сака и не е битно дал е парче, пасирано или блендано, за се друго има опасен гаг и буквално подбљуцнува. Денеска малина дадов и прифати и тоа. Не знам дали нешто друго можам да сметам за воведено оти се плука и повраќа и на тоа останува. Се мислев дали има физичка пречка или сензорна па анализирав што би можело да е, ама деновиве сфатив дека не јаде оти не му е вкусно. Наша храна без проблем прифаќа. Сеа останува да почекам некој месец оти е рано за сол.
Мојава веќе некој период ми прави така и јас бев и сум со сто мисли цело време. Ама не правеше првите два месеци… Сега мислам вади заб ама па некој оброк ми го прифаќа скроз а некој воопшто така да ми нема логика. Некогаш доручек прифаќа некогаш ручек некогаш вечера. Запишувам што и давам секој ден и пак не можам да најдам нзс. Исто пробувам и со парчиња и блендирани и купечко и домашно и сега сум на мисла дека има silent reflux и дека и се враќаат како киселини од одредени ствари ама не знам дали сум во право. Кога ќе почне да ми одбива со драми обавезно после тоа ждрига јако и како да слушам дека и се враќаат киселини. Истражував, барав кои намирници да ги давам како по safe да не се буни ама пак некои денови џабе. И од вадењето заби плус им се ствара дополнителна киселина па не знам може стварно ја мачи периодов и едното и другото. Да не е и кај вас оваа мака можеби? Ама па викаш прифаќа ваша храна хмм дури и зачинета?
Па така некако. Освен слива, се друго што обично прифатил, се деси и да одбие со гадење со драма со се. Пред некој ден толку се испогади на тиква, а тиква без проблем јадеше. Слива на пример кога варев суви сливи, не секогаш убаво се пасираа, па и остануваа како конци растегнати низ внатре и без проблем јадеше ни гаг ни бутур, а кај други вкусови без разлика на текстура има гаг и бљуцка. А и слива на мени е секој трет ден оти без тоа не може да кака, па топ ми се погоди и што ја сака баш неа. Имам ја искуство со нејадачи. Второто дете исто не јадеше, ама апсолутно ништо не прифаќаше и немаше гаг туку едноставно запечатена уста и толку. Ова сега ми е ново и што викаш не можам да најдам нзс. Имав совет од педијатарот за првото дете да дадам нешто вкусно како пржено компирче за да мотивирам интерес и таа беше слаб јадач, сите три ми се такви. И тоа пробав сега со ова и гледам прифати. Следно, од сендвич од децава пред некое утро зедов неколку трошки лепче со крем сир и кашкавал и тоа прифати. Имаше гаг, ама не се откажуваше, напротив сакаше уште. Морков на пример, не да проба, мислам само што ќе го мирисне бљуцка. Чисто варен па пасиран, парче или блендан, мешан во супа, во зеленчуково пире, земав и купечки теглички, зедов и бејби морковчиња варев и му нудев така сам не, не и не. Денеска имав селско за ручек, џапнав едно тркалце морков од тавата и го излапа и бараше уште. Знам дека можеби не е доволно за заклучоци, ама 3 пати пробав небебешко да понудам и три пати прифати. Затоа мислам дека е до солта најмногу, оти останатите зачини од типот кромид, лук, магдонос, целер, се воведуваат порано. Знам дека има бебиња што одбиваат одредени храни се додека не се воведе сол. Факт е дека без сол се е блуткаво. Ама, мал е многу за сол и тоа е. Сакам да исклучам физички проблем или сензорен (или ако веќе постои да се фати на време), па здравје нека е само на сливи ако сака до година после ќе комбинираме кога е веќе дозволено да се посолува. Не знам што да ти кажам. Се утепав од анализирање периодов.
@Yowannty @dummy ставајте зачини, босилок, оригано, црвен пипер, се само дел од зачините што и ги ставам. Свашта ставам во храната за неа, само сол не нормално. Може така повеќе ќе сакаат
Тоа ми беше и мене маката да не е некој физички проблем, затоа и си увртев дека тивок рефлукс можеби е причината ама ајде да го извади и ова запче па ќе зборам со педијатар подетално. Ова со морковов со вкус на селско месо прејако хах, и за мојава едно нзс што најдов периодов е дека ручек ми сака само ако има месо во кашата и обавезно нешто што заблажува како тиква, пашканат, кромид. Ама исто ми направи со тиквата неколку пати се изналапа дури и на парчиња без гаг без ништо и после некој ден одбиваше. Јас и калкулации си правев да не не е доволно гладна дека цица редовно па пробувам да темпирам оброк да и нудам на повеќе размак од цицање ама некогаш и тоа е џабе дури и некои гризови каши готови што сите бебиња ги сакаат ќе ми ги одбие.
Знам. Те разбирам. И јас прво на проблеми помислувам и се фокусирам. Иначе имав такви фази со ќерка ми. Таа имаше периоди каде авокадо морав да ставам во се иначе немаше да јаде, после имаше една фаза само лукче ми беше добитно и знаев дека ќе јаде секаква манџичка ако ставам лукче. Па подгртнуваше и мирисаше како дедо после секој ручек. Второто не јадеше апсолутно ништо. Го носев него на секакви испитувања за да почнеме да исфрламе причини, по препорака на доктори му понудив наша храна да видиме дали е до сол проблемот, ама не беше, тоа дете едноставно не беше спремно подолго време за цврста храна. Беше на мајчино млеко и напредуваше одлично. Ова сега има неколку работи што ги јаде, значи не можам да речам дека не е спремен. Го анализирам од сите аспекти што можам дома, како што ми текнува дека правев со второто по препораки од доктори и ништо не ми се поклопува. Ми се има десено нормално, да понудам и кога не е гладен, или е гладен и веќе не сака ништо, нервозен е и сака само да цица. Ама ова дека она што сака да го јаде не му е битна текстурата, а други работи со никаква текстура не прифаќа ми е ептен мистерија. Јас сум користела доста сол во готвење, ама ради децава почнав да намалувам и се навикнавме на помалку, ама сеуште е многу за него. Ако сум во право ќе пројаде после година кога и официјално ќе почнам да воведувам по малку и почесто. Ако не сум во право ќе си остане нејадач и ќе морам да се помирам. едит. Ич не сакам готови ама земам за да видам дали ќе упали нешто. Фрлив кутии со ориз и овес. И јас сега последно земав со гриз и банана и не пројде ни таа.
Ставав по малце ама сега си увртив па да не и е мака ако има рефлукс од зачините…. Не знам веќе еден ден ќе прифати нешто ќе се изналапа и да и го дадам истото по неколку дена ќе го одбие хах. Јбг правам разновидно и нудам 3 пати па се собира вкупно ваљда доволно хранливост заедно со доењето да си напредува добро и да и е добра крвната слика
Ве читам и двете, и јас сум на истата мака последниве неколку дена. Само што кај мене бебка јадеше по 200гр појадок, и наеднаш почна да одбива се. Пишував претходно, да не се повторувам. Пробав да и нудам појадок 2/2.5ч после доење, па на помал интервал, пробав првин да дремне па да јаде, и да јаде па да спие после, цело време пресметувам оти таа нема фиксен распоред преку ден. Еднаш првата дремка и е во 8ипол, друг пат во 10ч, не се знае. Од забите горе нема трага, освен што се набабрени, ама така и се подолго време, којзнае кога ќе излезат. Сакам да се тешам дека е до нив. Нема потешко од бебе да не спие и да не јаде, деновиве лото ми се падна изгледа со бебка, на раб на нерви сум. Кај ненаспана и нервозна, па и се молиме со јадењево.
Незнам кај да прашам ама мислам дека во оваа тема најмногу совети ќе добијам.. Ми треба идеја за новогодишено пакетче за бебе од околу 7-8 месеци, не би да купам обично веќе спакувано пакетче затоа што не му даваат уште да јаде чоколади и смоки.. Се мислев дали да земам една играчка поголема или 2-3 по мали и да искомбинирам со храна за бебе, а искрено и незнам што се храна за бебе има освен кашички.. Исто така скоро го немам видено така да и незнам со што и колку се играат на таа возраст и тоа би ми помогнало.