Бебка баш ме исплаши сега. Сабајле последно цицаше во 6ипол, па дремна пола саат и и дадов појадок во 9ипол-10. Изеде околу 160гр авокадо со банана и жолчка, со молење и милион занимации. Сега околу 11ипол заспа, и наеднаш во сонот исповрати како фонтана. Прв пат вака обилно да повраќа, а не и давам прв пат жолчка, ниту оваа комбинација, ја јадела и претходно. Ја измив, ја пресоблеков и плачеше, мислев гладна е. Само што ја ставив на градата, пак и дојде нагон и пак поврати. Баш ме загрижи од што може да е ова? Сега фактички ништо нема јадено, ни каша ни цицаше. Еве ја сега заспива повторно. @dummy ти да не имаше слично вака нешто?
Мојава ептен малце поврати вчера не беше фонтана воопшто така да не би рекла дека е истото. Има ли како киселини, нели и она вади запче? Можеби и се помешала храната со киселините и и дошло тешко на мешето. Еве мојава сеа ручекот едвај 60г каша се нешто се мрштеше пак како киселини и се заџапа по грчкиот јогурт и со него се дојаде..
Не знам искрено, горе уште не се излезени забите, цело време ја проверувам. И дадов да цица после саатипол од вториот пат кога поврати, и заспа.
Мојот поврати така од жолчка, а не беше прв пат да јаде цела. Бевме на доктор, веројатно беше прејаден.
Со што да ја дадам следен пат жолчката? Да сменам комбинација, може авокадо и жолчка и смета на мешето, не знам. Немам воведено млечни за да дадам со палента и кисело млеко на пример.
Со палента и кисело млеко, ориз и спанаќ. Еве денес пак ми поврати и дефинитивно е од жолчката, ќе го носам понеделник пак на доктор.
Уф, се надевам дека ќе се изгуби ако е алергија по некое време. Имаше уште некоја членка со ваква реакција на бебето, не се сеќавам која. Ние па немаме фамилијарна алергија. После колку време повраќа? Веднаш? Мојов после 2 и пол сати поврати.
Одма повраќа, чим касне јајце повраќа. И тоа жолчката повеќе му смета од белката. Како мал повраќал почесто, сега веќе возрасен не ни јаде, ама ако касне повраќа тоа што го каснал. Во торти и сл, не повраќа веќе, ама има после проблем со стомакот.
Да, баш беше обилно. Мислам дека не е алергија пошто не е веднаш повраќањето, можеби некоја интолеранција не знам навистина. Има и предходно јадено жолчка кога не поврати, се мислев која беше комбинацијата и ми текна дека тогаш не ставив грчки јогурт/кисело млеко. Можеби во комбинација со млечно му прави проблем .
Мојата како бебе доби лани:пелени, кашички, оние инстант каши во кутии што се, играчки, облека. Ако знаеш што козметика користат, можеш нешто и од тоа да земеш.
Како ви изгледа отприлика распоредот на спиење на 9-10 месеци. Многу убав реф имавме ама нешто се се поремети во последно време, втората дремка и е многу касно до 5,5ипол и сега навечер скоро секогаш после 9 заспива. А ни неа, а ни мене не ми одговара толку касно да заспива Не знам дали е до скокот, или касно и го давам ручекот, а плус и приметувам дека се повеќе издржува будна па затоа ме интересира како е кај вас.
Се буди 6:30, некогаш и 7:00. Прва дремка од 9:30 до 11:00. Втора дремка од 14:30 до 15:30. Ноќно спиење 19:00, најкасно 19:30.
Мојава касно станува. 8,8ипол станува. Јас второ кафе на работа пијам веќе она кога се буди Прва дремка 11 докај 12, 12ипол, втора дремка 3 и 45 отприлика до 5, 5 и 15. Од 9 до 9ипол заспива зависи кога како. Пред некој ден стана во 6 и 40 сабајлето и пак истиот ред си го тераше со дремки..
Мојата три пати поврати така од жолчка, обилно. Докторката ми рече не е од жолчката зашто после 3 саати си случи амаа три пати истото ми се деси така да не е случајно ова. Најверојатно и е тешко на мешето. Јас паузирам не давам жолчка веќе..