Е вака е и мојата, скроз исто. Ама не ми одговара искрено од себични причини затоа што работам кога ќе заспие и што покасно заспива тоа покасно јас главам после, а немам веќе мозок што покасно е. Изгледа ќе треба да пробам да ја будам порано. Порано функционираше и вака, ама изгледа сега и се зголемија пб и не сака да ми заспие порано ако пробам.
Dali ima nekoj skok sega na 10 meseci? Za nekoj den ke pravi 10 meseci, ni preku den spie ni nokje spie. Se budi vo 12 nokje i do 4 sabajle igrame. Vo faza e na prooduvanje i stom se razbudi odma e na noze ispraven. Neznam veke sto da pravam mrtva umorna sum. Spas ?
Не давај авокадо со жолчка, богати со масти се двете, од тоа најверојатно и е бидено тешко на мешето. Иначе можеш да ја дадеш со палента и банана на пример, со батат и брокула, компир и блитва, палента/ориз и спанаќ. И со леќа ја имам давано.
Не памтам колку траеше, само ја памтам како најтешка. Нека вежба преку ден што повеќе исправање и одење по мебел, друг совет немам да ти дадам, ќе помине.
Кога стануваат малце по нежни бебушиве? Уште ме штипе кога ќе ме фати силно, ме гребе, ме кубе Гледам поише осет има со играчки кога фаќа ама со мене некако слабо, плус и мм ја “учи” да му ја кубе брадата па зима и мене ме штипе за лице бара брада
Како шо беше да не беше Нас стандард не фаќаат недела две порано сите регресии па така и оваа, не знам дали кажам ли на глас ама почнува полека да се стабилизира и спиењето и расположението. Иначе 2/3 пати посериозен нервен слом, 2 пати ќе се фрлав од тераса, еднаш во 6 вечер тргнав дома откај мајка ми пошо мислев дека проблемот е што не сме дома за спиење и така. Будење на 25мин, плачење по цел саат, седење будна 2 пати по саат среде ноќ што го нема правено никогаш, постојано будење со врескање и никако не се смирува, апетит нула, шетање до 15мин после вриштење, и слични убави моменти
Ааааа е дури сега почна да ми фуфка. Ај се надевам синко нема да е до волку драматичен. Па здравје ќе ви пишам како ни поминуваат деновиве.
Сега на година и 3 м, почна да гали. 3 пати гали еднаш плеска де, ама учиме. Е со бебиња се топи и е нежна хахаха
Мајки ќе почнам да воведувам вечера,што се дава?Поим неам што треба да содржи вечера како оброк,читав овошје не треба?
На мојава ноќното спиење не и се поремети, пу пу пу. Ама заспивањетоооооооо.... Ноќе заспиваше за 20 мин, сега мин 40, а почесто и повеќе и треба. Денските дремки да не зборувам. Последниве денови со мм заспива (и тоа за 5 мин ) со мене се тенге, ме штипа ненормално силно, се кара едвај се заспиваме, а заспиваше за макс 10 мин. Кенкава, нервоза ја фаќа почесто...
Мајки вие што користите вреќичка за количката како ги облекувате од долу за дневни прошетки? До сега бевме со дебели панталони/хеланки, боди на долги, дебела блуза и скафандер без вреќичка, сега сакам да го избацам скафандерот нормално. Ама дали со теди скафандерче оние тенките или палтенце па откопчана вреќата до пола
Бебето гледа преку глава(ја турка главата наназад) и прета со рацете и нозете и е стегнато целото кога го гледам многу ме плаши дали некој имал исто искуство да сподели...
Ние вчера шетавме со: боди на прерамки, дебели тренерки доле, чорапи и патичиња, горе блуза, јакничка и капа. Вреќата за количка откопчана до пола. Кога дојдовме дома и ја извадив од сето тоа ми делуваше многу топла.
Нашата вреќа ја имам наместено да му доаѓа некаде до под гради и му облекувам трењерчиња, јакна, капче и чизмички ама тие ги слекува во првата минута. 5 тог е гледам нашата.
Да и нашата е 5тог затоа мислам надоле по панталончиња да е само, баш утре ќе пробам да видам како ќе и биде. Ќе ја спуштам и јас така гледам на две нивоа се закопчува. За чизмички јас овие и ги ставам врз дебело чорапче или оние од скафандерот, друго одма соблекува.
И мојата ја забележав оваа недела неколку пати прави така, и се смее и пафта со рацете а главчето нагоре со поглед нагоре. Мене ми изгледа како да се радува, обично на кревет прави вака кога ја оставам да се спремам за да излеземе или на подлога ако е сама. Баш ме интересира и други бебиња дали вака правеле, споделете