Колку месеци е твоето? Мојата почна од 3 месеци некаде да го прави тоа и сеуште го прави на 5ипол, исто така кога лежи само го прави, мене страшно ми изгледа и многу се нервирам
Предложете крема за суви обравчиња, дури лишаи се прават. Исто и околу носето и устата брумчиња како ранички..Педијатарот ми даде оилан на логона, но воопшто не помага.
Зашто бебево ми стана наеднаш лепенка до мене? Не можам нигде да мрднам бре жени, само во раце сака и мамамамамамама а до неа сум цело време. Едвај јадење и правам ме тегне за ногавици вчера пижамите долни ми ги соблече Со татко и и со баба и е супер, си се заигрува со играчки не ги ферма, ама кога е со мене ауу ни играчка ни ништоо. Вчера демек од дома работев, ништо не сработев поарно на работа да одев сега ме чека работа од два дена. Полудевввв
Јас сега седам и замина мм на раб и си викам ал ќе дојде ден да излезам и јас на работа мозокот да ми одмори. Изгорев во секоја смисла. Би ја оставила утре во градинка. Незнам дал е 5ти или 6ти скок, по корегирана ама не е поднослива, цел ден да писка, да кенка. Навечер плука цуцла бара цуцла неможе да најде и со затворени очи кенка ова од германија кога бевме навака. Баш сме даун со мм он уморен јас уморна не збориме мн, а зима иде мал денот. чекам пролет.
Леле полудуваме последниве 3 дена. Бебево ми е солиден спијач навечер и скоро секогаш сме одморени ама последниве денови се буди на саат, саат ипол, кенка, плука цуцла, бара цуцла (исто како погоре случајот), се превртува на стомак, па пика глава во ќебе му се спие, му се плаче, и да го земам во раце да го презаспијам пак се буди за 40 минути и сега по најново накај 4 сабајле скроз се буди спремен за игра. Ама кога ќе го земам во раце да го презаспивам пак затвара очи комиран. Значи за некој што се будел еднаш-два пати максимум навечер и презаспивал со малку млеко, ова е ужас. Се навикнавме на луксуз, сега тешко ни е За некој ден прави 9 месеци. Дали е ова скок?
Здраво мајки, сакам да ве прашам од кога почнавте да го седнувате вашето бебе. Јас моето досега онака само на мене потпрено седеше ама почна цело време нанапред да се турка не сака да биде на мене потпрено веќе и се нервира кога го спуштам наназад. Му купивме помагало за седење наместо да го заградуваме со перници ама страв ми е пошто велат дека не се седнува бебето до 6 месеци... Инаку сме 4 месеци
Не се препорачува да се стави самото да седи, посебно не со помагала, туку доле на под и да вежба да седне. Во седечка положба само во скут, количка и хранилка, за почеток на 45 степени. Ама најдобро би било прво консултација со ортопед за зелено светло.
Кога правите крвна слика за бебињата, проверувате баш серумско железо, или преку хемоглобинот и хематокритот се гледа тоа?
Не, овде во Рамус проверуваат железо и од прст. Инаку еве скоро и проверив се комплет на бебка, хемоглобин и хематокрит супер беа, а железото сепак ниско. Така да ако може,најдобро е и серумското да се провери,особено после 6 месеци кога нагло им паѓаат резервите на железо на бебињата.
Во Авицена ми рекоа морало од вена за серумското кај е тоа Рамус? И како успеваат доволно да извадат, од неколку прсти боцкаат?
Ја има Рамус и во Ск, само не знам каде. Овде во Кавадарци е инаку подружница. Вадат од едно прсте, во две мали епрувети.
Јас бев во Авицена, оваа нашата dummy. исто ми рекоа дека железо е од вена, ако сакам од прст треба да потпишам. Во упатот не ми стоеше, доплатив на приватно. Потпишав, исто како кај хепи, хемоглобинот и хематокритот супер, железото над граница. Се јавив кај матичната ме искара зошто сум го правела, едно не било веродостојно од прст, плус серумското железо било варијабилно. Се гледале само хемоглобинот и хематокритот за индикации Затоа и прашав искуство, баш ме интересираше. Инаку од еден прст dummy полнат две епрувети по малку. Инаку да ви кажам само дека мојава госпоѓа ЗБОР не кажа кога и зимаа крв. Толку радознало си гледаше, испитуваше, ништо. Ама битно ми заплака кога сакав во количка да ја ставам за да си одиме
5 тог многу топло држи. Јас само обложени пантолончиња/хеланчиња облекувам и чорапи. Ноџињата напати и потни и биле. И на грбче се поти од што држи топло. (Cybex имаме ние)
Леле исто. Само што кај нас е и плачење на секој саат. И тоа колку што ја држи глас. Порано ќе се разбудеше и ако не и дадев одма млеко ќе плачеше, ама ќе го испиеше и заспиваше. Овие неколку дена леле плаче колку што ја држи глас, не сака млеко, и баш на секој саат станува со плачење и и треба сигурно некој си 15мин да се смири, што мене ми се гледаат вечност. Денските дремки - што беше тоа Од бебе што спиеше 2 до 3 пари по саат време - два сега и се по 5мин. Баш преги последната и ја мерев, 3мин луѓе ми се плачеше. По цел ден квиче, плаче. Ни на земја, ни во раце. Сака да оди, ама не во дибак туку да ја патка, по кревет, маса да е исправена да се движи, а сама неможе не е стабилна. Се тешам дека е скок и дека овие денови е пикот и ќе излегува полека бидејќи не се издржува ова
Претпоставувам дека е скок, ете и ние сме во фаза одење по кревет и маса, качување на табуретки, комоди, па дури и канта за ѓубре. Само нека помине побрзо, ме искина главата од ненаспаност
Другарка имам, на клиничка биохемија работи. Баш лани овој период негде, ме предупреди и посоветува, дека после 6 ти месец, на бебињата природно им се регенерира крвта и е нормален пад на железото. Да не паничиш ми вика и да не се залетуваш по суплименти за железо. Доволно ти е преку храна , богата со железо, да му ,,помогнеш” на организмот за железото. Е сега има Х случаеви, каде е неопходно плус суплимент, ама во глобала е се тоа нормален и природен процес. Ти се надоврзав на постот извини.
Ај јас пак со прашање Кога ви ваделе горни заби, си ги крцкале ли со долните? Значи само едното и е пукнато и малку излезено, се уби од крцкање ме полудува.