Cybex е и мојата, два дена веќе искачаме со дебели хеланки и чорапчиња, боди на долги, блуза и јакничка, ама е свиткана до половина, мора да прета со раце нема шанси да и ги пикнам внатре. Топличка е ама нормално, не се има испотено.
Се збореше пред некој ден за играчки ама еве пак да ја отворам темава од малце поинаков агол, што се им дозволувате на бебињата да ставаат во уста? Периодов ќерка ми почна да лиже паркет, плочки, ногарки од столици маси. У принцип и дозволувам не дека не, ама малце шубе ме фаќа некогаш. И исто така (како и секое бебе ваљда) едвај чека да фати телефон, далинско и папучи значи не можам да ја допазам
Мојава што нема пикнато во уста. Цело лето рикање беше, зошто и вадев камења од уста. И ја пратам цело време, не трепкам, како успеваше да го пикне во уста каменот, еве незнам. И ден денес, само ја пратам што следно и е на мени за да пикне во уста.
Оф леле што ме чека хах Твојава знам поголема е оди, мојава уште едвај војнички што лази па пак само нешто наоѓа да стави во уста. Којзнае што ќе биде кога ќе прооди здравје. Еве со денови се мерачи на храната и водата на кучето, пошто нели не и давам јас неа јадење и пиење, жедна и гладна е
Уште нешто да прашам, што правите кога скроз ќе е неуспешна последна (во нашиов случај втора) дремка? Од 2:45 до 4:15 се обидував да ја успијам абер немаше и се откажав на крај. И да успеев после 4 некако знам ќе не можев ич да ја разбудам. Еве ја сега ровари пак низ стан а будна е од 11:45 Планирам накај 5ипол да ја бањам до кај 6 и нешто да ја успијам за ноќно пошто немам друго чаре 8 месеци е точно и во 6ти скок…
Кај нас имаше неколку дена и со 3 дремки од 30мин на 9/9ипол месеци замисли, не знам каква ужасна регресија ја дрмаше 2 месеци речиси и будење на 25/30мин или саат. Ќе правиш што можеш, тоа е, период е и ќе помине. Од нигде почна пак да спие нормално со 2 пати будење за цицање и сама да се презаспива. Решение немам, повише сакав да те утешам дека ќе помине.
А колку време трае фазата со брмчење со уста и да плука, пример на сред јадење почнува да брмчи и лом се праиме?
Прифатив дека се е период и кога тогаш ќе помине, поише ми беше прашањето ако ви се случувало вака што сте правеле, дали рипате дремка скроз па успивате порано како што направив јас или нешто друго. Еве ја заспа сега во 18 ќе видиме како ќе тера, дали сум се справила ок или сум утнала…Овој период ноќе по 2 пати станува ама на 3 дена бар едно од станувањата и е со тееешко презаспивање од саат ипол. Мислам лазењево ја мачи многу, дека пробува деновиве се крева и не и оди се нервира
Какви седишта за во кола имате за 7 месечни бебиња? Дали уште во тоа бејби транспортерчето (или како и да се вика ) се возат?
Многу е тешко додека совладаат лазење и одење кај нас е второто и станува ноќеска да оди по креветчето или на спална горе се држи. Иначе сме рипале дремка, некој ден сум ја презаспивала накај 17ч бар 30минути (редовно 15ч ни е последната дремка) па вечерта покасно сум ја успивала накај 21ч. @arwen93 на 7 точно го сменивме со вистинско седиште, можевме и порано ама транспортерот имаше стреа па ни беше поудобен за на одмор да не ја пече сонце во кола.
Леле и јас за истово во друга група ќе прашував.. многу ме фаќа страв кога прави така и некогаш кога не гледа наназад, ќе почни само горе да гледа и да скока да прета да вреска. Можи само се радува ама мене став ми е многу.. за 1 недела ќе прави 5м мојава
Баш денеска ни стаса, ова го купивме пишува дека е од раѓање па се до 150цм. или 12год. Мојава за 1 недела прави 5м. ама многу е долга и големко бебе е, транспортерот веќе и стануваше премал
И ние на 7 месеци преминавме од транспортер во седиште. Транспортерот бебе ич не го сакаше, со плачење сме биле во кола секогаш. Откако сменивме на седиште се преродив. Го обожава. Си седи без проблем и подолги релации. Не знам дали сите седишта сега се со 360 степени на вртење , ама моја препорака ти е да си земеш такво. Многу е практично.