Мајки што може да значи краткотрајна температура до 38, без никакви други симптоми? Вчера ми качи еднаш денски, еднаш во 4 сабајле. Еве од тогаш нема качено, ептен е расположен денеска и си ручка најнормално. Некое вирувче или па можно е забчиња? Горните кецови треба да ни испаднат кај и да е.
Здраво. Моето бебе има 8 месеци, на 6 месеци ги извади првите две запчиња доле кецовите, сега пред некој ден ги извади горе двојките а кецовите суште не. Дали некоја од вас има вакво искуство со своето бебе дали кецовите пораснале за брзо?
Можно да е од заби, може и вирус. Прати како ќе биде. Ако треба и парацетамол дади. Пред еден месец прво бебе го фати еден ден тт и тоа повеќе од 37.5 не качуваше прво мислев заби дека се. Ама после тоа сите дома се испоредивме со тт. И испадна вирус дека е. Среќа по 1 ден само не држеше и бебе помина лесно.
Ќе го пратам и утре секако, фала ти. Ме радува фактот дека денеска е супер расположен и не дава знаци дека нешто го мачи. Мислев крвна слика да му правеме, ама се консултирав со матичната негова и рече штом му паднала и веќе доста време нема качено, нема потреба.
Моето бебе обожава да спие на стомак. Скоро 7 месеци е и само така сврзува по неколку саати сон, на страна и на грб многу мрда и се буди често. Главчето и вратчето уште од раѓање знае да си ги контролира и високо ги крева. Ама мене сепак ми е страв. Прочитав дека ако само си се сврти на стомак дека смеам така да ја оставам. Ама она знае само на стомак да се сврти а назад на грб уште не знае. Гледам дека и е убаво вака и си го врти главчето повремено лево десно. Дали да ја оставам така или да ја ставам на страна?
Чим има контрола на главче немаш простор за грижа, така ми кажа и педијатар. Мојава пример до кај 5-6 месеци не сакаше ич на стомак а сега па така презаспива, си се врти на стомак и нурка со главата надоле Прво ме фаќаше страв дека не ја ни врти на страна некогаш туку баш надоле, па по некое време одкога ќе влезе во длабок сон ќе си се сврти. Јас одев до неа блиску ѕиркав да видам дали има простор за да диши хах…
Истото ни се случи на два пати, само пониска до 37.6 идеше, попладнето качи ноќеска накај 3-4 ја симна и толку. Не дадов ништо, истуширав и ја следев. Ни носе ни грло ништо. Дури после недела од температурата извади забче па не знам дали беше од тоа. И крвна слика правевме заради систематски меѓувремено ништо не покажа.
Ајде можеби се и кај нас забчиња мила. Дека ептен го мачат горните кецови. Најмногу до 38.1 измерив. Не дадов ништо чекав. После сама спушти на 37.6 па 37.7 и така цел ден. Туширав, го расоблекував. На крај падна скроз сама од себе, се испоти и толку. Еве нема кренато повеќе од 24ч.
Бебка падна од спалната сабајле. Очекував откако почна да се врти на сите страни, и не се потресов многу некако. Сите мора да паднат колку и да ги пазиме. А до неа бев, ама секунда беше. Батко и кога прв пат падна на 10м цел ден плачев мислам, иако ништо не му беше. Тоа е разликата меѓу прво и второ дете
Втората дремка на бебка обично е од 12-14:30/15ч. После тоа и давам ручек и си игра. Околу 17/17:30ч ја фаќа криза, ама никако не се предава да заспие за да дремне, еве веќе цела недела никако не можам да ја заспијам тоа време. И после од 18-19/19:30ч е неподнослива оти е преморена и и се спие. 7м е инаку, нели е мала за 2 дремки само? Како правите вие со бебињата на оваа возраст?
Истото и мојата го прави, баш е 7 месеци и ја легнувам кон 18:30, 18;45 и спие до кај 5,6 сабајле со станување за млеко. Некогаш 2 дремки, некогаш успева едвај да заспие кон 17ч
Само што наполнивме 7 месеци преминавме од 3 на 2 дремки. И тоа кај нас немаше шарање еднаш 3, еднаш 2. Наеднаш пресечи на 2 и толку.
Вака и кај нас одеднаш, еден ден или два ми ја одби последната и одтогаш со 2 теравме. Е за од 4 на 3 беше по хаотично некој период па поучена од тоа одна пресеков за од 3 на 2 хах. Реално многу ми олесна сега со 2, повеќе можам да го испланирам денот има некаква рутина
Баш олеснување е со 2 дефинитивно. Кога имаше 3 дремки додека да тргнеме некаде, веќе требаше да спие. И никако не си. Да не зборам па кога имаше 4-5 дремки хаха.
А кога им е втората дремка, и после колку време заспиваат за ноќен сон со 2 дремки? Знам дека е полесно со 2 дремки, ама некако мн време нели е будна така, и се преморува? Фактички од 15-19/19:30ч е будна. Еве и денеска исто, никако не заспа околу 17ч, а плачеше, триеше очи, кенкаше ама не се предаде. И заспа пред 20мин.
@happygirl Мојот цел месец шанташе 2 па 3, едвај премина на 2. Сега прва дремка му е 10:30-11:00 до 12, втората од 15:00 до кај 16:00-16:30 и ноќното во 20. Еве денес втората му беше 40 минути и никако не презаспиваше, па вечерва едвај издржа до 19:30 да го искапам и средам за спиење. Втората на твојата и е 2 и пол-три часа? Да не е многу, затоа да ти одбива трета.
Па тоа време и е втората накај 14 и седи околу 3ипол саати будна после таа. Некогаш знае да е кенкава ако и била пократка втората дремка па знам и порано накај 6ипол да ја бањам и до 7 да е заспана.
Кога имаше 4-5 цел ден само на успивање мислев, хорор. А мојава па многу беше тешка во тие скокови првите со спиењето, дремки по 20 минути