Количката ми е од нула плус и за првото бидејќи не зедов корпа мислев затоа не заспива. Сега за второто докупив корпа, џабе. Прво плачеа зш ги оставам, после 3 месец вака ко што викаш да гледаат, да не пропуштат нешто . И тоа 10 минути во количка, ресто в раце. Првото ни толку . Тој почна да се вози во количка после година, да стигне побрзо в парк .
Јас стварно гледам да не слушам коментари ама вчера 3 посебни личности ми искоментираа каде шетам дете на ова време. 11 степени, она наоблечена плус вреќичка на количка, ужива. Секојден сме искочени барем 2-30минути ако е многу лошо времето, најчесто саат, после прва дремка накај 13саат. Не знам кој нормален смета дека е ок да се чува дете затворено цела зима.
Пред некое време, ќерка настината подолг период, (скоро 3 годишно дете што оди во градинка), растечен нос секојдневие. Ја шетам утрото со мене, до парк, по маркети, да завршиме куп обврски, меѓудругото не беше ни екстремно ладно, а дете соодветно облечено. До вечерта крева температура. Прв коментар од свекорите, така ти е, ко го вадиш надвор детето. Ок- еве чувајте ја дома затворена до мај, воздух да не ја фати. Не е проблем.
Леле мислев да пишам вчера и заборавив. И ние тоа време шетавме. Прекрасно беше, сонце, милина. Една бабичка истото ми го искоментира. Нели било ладно да шетам со бебе. Во нивните очи зимоска бебе само дома. Надвор излагање никако. Само што не знам како не им е јасно дека дома затворени е полошо и дека на бебе ништо неможе да им биде од ладно. Нормално ако е соодветно облечено според времето. Недај Боже па да го извадиш ако врне. Какви погледи сум добивала аууу.
Со мм ова стално го збориме - толку често зборат дека од ова ќе се разболи од тоа ќе се разболи, што кога ќе се разболи од нешто да можат да кажат Еве ти кажав. А дете е, ќе настине, ќе се разболи. Па и ние со имунитет се разболуваме. Пред може има еден месец (сиг 3 недели) отидов со неа до продавница, која ми е пред зграда. И облеков само подебел дуксер затоа што не ми се замараше јакна, а и така знаев дека 3 мин ќе сме надвор. 3 жени ми искоментираа, едната во продавница почна капата да и ја става затоа што било ладно. За прв пат во живот изедов гомна, инаку сум таква што се смешкам и гледам да не влагам во конфликти ама ме откачи. Јас на дожд заинает ја шетам, зошто само тогаш во Скопјево е незагадено. Досега не сум добила коментар ама очекувам
Нема да сака да седи накај тебе свртено. Сака да разгледува напред. Баш пробав накај мене и вистина не сакаше, веднаш почна да се буни. Штом заспие (секое излегување надвор спие) го легнувам седиштето и ако не сум сама ја вртиме накај нас за да ја гледам.
Јас не знам како побогу луѓето се дрзнуваат да чепкаат туѓи деца?! Мене ова секогаш ќе ме мачи. Па и рандом жена капата и ја ставила бе. Не знам како си изреагирала ама јас немало да се воздржам. Среќа не го допрел до сега никој синко, ама очекувам. Во врска со дожд. Нормално дека секоја од нас има памет за да не дозволи да ги врни. Скоро секоја количка си има за дожд. Скроз заштитени се. Едни погледи што добив мислиш дожд го накисна детево.
И мене ми коментираат а јас ја шетам 2 пати надвор, си спие поубаво. Викендов Маврово 3 часа (2 дремки) надвор спиеше на чист воздух.
Пострашно е што коментариве беа од млади мајки, а не од баби и тетки! Јас не знам немаат ли потреба да искочат од дома, или некоја обврска да истераат, јас ако сум цел ден со неа затворена во станов и двете ќе збудалиме. Свеки па вика ако искачајте треба да се учи и на ладно @MariaBouli ние имаме маркет во зградата и маж ми многу пати знае да тркне со неа, нормално и става палтенце, ама не и облака чизми или капа одделно, нема 30метра од влезот до маркетот ама стално се враќа со коментари.
Не знам дали е до 7ми скок. Не дека синко многу ја обожава количката ама барем еден саат седи. Еве само што се враќам од шетање и мислам глава ми чури. Хистерија цело време. Ни 10 минути не сакаше да седи. Тоа беше хистерично плачење со солзи солзи аууу. Дома па кога требаше да го соблечам, бетер. Ако му земеш нешто што не треба, куќата у вис. Ама денеска беше врв. Бевме до дома стасани, 2-3 минути уште фалеше. Ау кога се разлути дека не го земав, тоа беше плачење. И од тоа негово плачење ептен се осетив неубаво и дека нешто згрешив што дозволив толку да плачи. И некако како грутка имам сега во душава и ми се расипа денот најискрено.
Уште сме и ние во скок иако најстрашното помина. Ама плачење со солзи од нигде никаде цело време. Во количка за некое чудо не прави проблем (иако денес ми се деси ама ја земав и за 5 мин успеав пак да ја вратам), ама по дома мора да сум до неа. 10ти месец има и сепарациска пак, па мислам дека и до тоа плус. Не си ставај премногу при срце мајка, допрва ќе плачат за секакви глупости
Мене вчера ми направи таква сцена, ме фати паника и се вратив дома. Вриштеше и в раце, така го носев и количка туркав некој 10-15 минути .
Ние од 40 дена дома не сме прибрани, во ноември е родена. Поготово сега дете што проодува, се што му здосадува за 5 минути.. па ако не излеземе еден од нас ќе се фрли од тераса сигурно.
Женски абе имавте период кога бебињата ви беа нервозни? Овие неколку дена вика аааа ааа по цели денови нервозна е и се тресе дури целата ско и падне играчка или слично ама буквално е љута гневна понекогаш а не можам да разберам зошто Денес прв пат еден дедо јас дојам на клупа во паркче локално и поминува и ми вика стави му капче на детето го разболуваш. Јас дојам пази викам ок и он стои гледа дали ќе и ставам капа јас си се свртев и го гледам уште стои и ме гледа. После 5-6секунди замина… иначе мојава спие надвор најубаво, јас сама седам по кафичи надвор ко улава пијам чај она да спие на 10c ама во скафандер е и со кебенце кога ќе ја соблечам дома е фурничка топла по цело тело
Мајки вие што ги користете авент шишињата, од кога им сменивте цуцла на проток 5(6м+)? Ние сеуште сме со проток 4. Не се нервира, си цоцка многу брзо па не ни ми текнало да сменам.
Ние сме 5 месеци и уште сме само на 2ка, со 3ка пребрзо пие и многу се засркнува. 4те ги чуваме не отворени