Јас пишував овде за 7ми скок дека мислев детево нешто не е во ред. Буквално на невролог сакав да ја носам. Ко опседнато од демон беше. Со лесно само ќе ви кажам.
Кога почна 7ми кај вас? Мислам кај нас само што заврши 6ти, ама изгледа тоа не ни менува многу пак е како во скок .
Епа еве изгледа 7ми скок нѐ дрма најјако и кај нас. Буквално за се плаче денеска. И тоа плачење до зајдување. Помодрување и солзи еден куп. Јас бебево не си го препознавам. Никогаш не плачел вака за нешто без врска. Знаел да кенка, ама до волку не. Абе не сакаше да го допреш. Маааалку нешто да не е како што намислил, тоа е хистерија. Претежок ден ми беше денеска. Мислам едвај чекав да заспие. Ова одамна не сум го посакувала. Жити еднаш во 4ти скок. Нека пројде побрзо само, ама тек ни доаѓа неделава со громче.
До сега кај нас 7 ми скок убедливо најлош. Немој да се изненадиш ако земе да се треска од што стигне.
Помина кај нас (бар така мислам). Уште кенка и плаче со солзи од нигде никаде, ама не како што беше. Сега учи да лази па тоа ја нервира и мачи ама ќе биде
Јас читав споредба меѓу клунче и цевка инпрепораките беа за цевка за побрза транзиција на класична чаша по година /година ипол. Мојава на 6месеци пие од мека цевка, се засркнува често ама битно пие
Мајки дали давате риба, кога почнавте и каква давате? Ми се случи чудна ситуација сега во еден маркет. Тргнав да купам пастрмка свежа, и викам на таа дај ми помало парче, за бебе ми е. Женава на рибара ми вика колкаво ти е детето и дали збори? Ми вика не се дава риба додека не прозбори детето Искрено прв пат ова слушам, прашав по бабиве ми викаат они кога биле млади исто така им кажувале старите.
Мислам дека 7-8 месеци имаше, не се сеќавам како беше по календар. Мене ми беше страв да му давам свежа, па му ја давав таа кај што имаше лосос во кашичката на Хип. Тоа со зборењето се глупости измислени од старите.
Го памтам и јас 7ми, а беше пред 100 години, знам дека се жалев тука Ама после овој скок, толку многу работи научија, од бебиња станаа момчиња. Почнаа да покажуваат со прст, да извршуваат наредби, да разбираат многу, да лазат на 4, да се исправат и качуваат по гарнитура. Моиве најдраматичен развој имаа меѓу 10м и 12м и не е ни чудно што уште имам трауми од тој скок Стисни заби издржи, убави времиња те чекаат (до 8ми скок)
Не знам дали сме во скок или во што зошто одамна решив да прекинам на таа тема да читам стрес ми правеше али луѓеееее...бебево 9м.Почна да се исправува и само се пентари на мене.Буквално како скала се осеќам.Во игрална морам со него да сум зошто нема осет на што се подига и во што ќе се лупне.Има играчки потврди и паѓа бре не знам како да го додржам.Се исправи фати едно топче со двете раце мислиш има рамнотежа се струполи.Од седење се превртува наназад се лупа.Ептен ми е страв.Соблекување научна фантастика ако нешто не држи готово.Плаче липа. Што убаво си јадеше сега се тегне он да ја држел лажицата.Ај др лажица дадов што дека не можам да го нахранам живци немам.Навечер ќе заспие после пола час/час се буди со страшно плачење. Од др страна па ептен слатко заспива мора за нос да ме држи