Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.119
    Исто, само ме влечка и кубе за коса од станување.
    Ужас е со спиењето, се буди по сто пати и седи буден. Поточно не седи, туку лази по креветот!
    Не знам што е ова, преуморна сум. Пазам на будни прозори, цел ден е на под лази значи активен е, послабо јаде ама тоа е.
    @Noemi да каже некој ум.
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    11.426
    Што да ти кажам....Имавме добар период речиси недела и синоќа стана во 00ипол до 3 не заспа. Ова ми се нема дешавано никогаш, ни новороденче кога беше, а сега во рок од месец 3 пати. Седиме во темно, не и збориме, она спремна за игра, шета по спалната се качува врз нас.

    Сега за дремка 30мин ја презаспивав. Заби извадивме не е тоа, скок веќе не следам зашто она си е од Октомври со некои испади. Освен што почна да стои без подршка па да не се спрема да проодува друго одговор немам. Не да е активна, преморена е.

    Очи ме болат не можам леќи да ставам, со маж ми сабајле се гледаме како на битка да сме биле синоќа. А не е раздразлива воопшто преку ден, весела, си игра и сама дури, оди и само бамбори нешто.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.786
    Пол:
    Женски
    И јас лосос. Во последно време нарачувам од пакет.мк свежо филе од лосос, превкусна е.
     
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.119
    Леле исто :sweat:. Преку ден е ок, не е нервозен освен на моменти што не сака во хранилка/количка да го ставам. Се буди сред ноќ спремен за акција, лази, се качува по нас, си зборува нешто мислиш утро е. Предходно кога и да се разбудел, заспиваше лесно со нишкање или цицање сега скапав нишкање тој ме копа по очи ;(. Планирам за еден месец да пробам да спие со мајка ми неколку дена, таа да го презаспива па ќе видиме.
    Не дека предходно имав квалитетен сон, ама ова е ужасно тешко.