Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    6.820
    Ако лази само наназад, сврти ја со нозете према ѕид, комода, кревет да се одбие од нешто да и кликне да тргне нанапред.
     
  2. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Може лошо звучи ама кога ќе го видам среден ми доаѓа да плачам и многу се нервирам. Едвај чекам да се вратам и јас на своето темпо, иако верувам никогаш нема да е исто.
    Секој ден ми е ист и на мене, по цели денови со бебка, некогаш ни да се исчешлам не стигам, се у широки маици што ќе најдам тоа носам зашто сум избљуцкана сто пати во ден.
    Сега ќе иде на прослава од работа, I wishhhhh
    Иако прави се за да се осеќам и јас добро , пак сум преемногу напната нервозна и се фаќам за секоја ситница.
     
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас сум откачена што ИЧ не ми смета тоа :D
    Додуша ние и двајцата сме таков тип на луѓе што не се дотеруваме нешто многу, немаме никаква желба да работиме во канцеларија, а и он 2 дена оди само во канцеларија по панталони и дуксер. Ама еве беше на забава, и не ми фалеше да одам и јас хахах Можеби фактот што никогаш не сум имала класична канцелариска работа со многу колеги исто има улога.

    Мене повеќе ме нервира фактот што треба да работам (иако сум од дома и скроз флексибилно). Сонувам да сум американска SAH мајка :rofl: која покрај тоа што ќе си ги гледа децата ќе си има некој мини бизнис да си продава рачни изработки. Имам 500 пати почнато да изработувам работи и да пробам да ги продавам, ама на крај секогаш забушавам затоа што останувам без време, а сега особено затоа што работам кога ќе заспие бебка ич немам време за тоа а имам толку многу желби и идеи ;(
     
    На КаринаТ, Ladyme, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    567
    Колкаво е бебето? Зошто директно не му побараш помош и саат-два за себе и своите потреби?
     
  5. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Женски
    4месеци е. Доаѓа од работа , се тушира јаде одмара малку и ја зима. Проблемот сум јас што мојот мозок не ми дозволува да се релаксирам. Во слободно време чистам вц фриждер... Кога излегувам излегувам со бебка зашто мислам дека ќе му плаче на него многу..
    Не можам да се пожалам на него, јас сакам да стигнам секаде па на крај да се видам себе си. И после сум лута и напната. Еве останав со масло од рузмарин на косава зашто ми спомна некој колач дека му се јаде и жал ми е и станав му правев до сега.. А можев да одмарам.
     
  6. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    You’re too good for this world. :D
     
    На Tulip023, Mumoftwo30 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Женски
    Викаат така е првата година , после се тера у пичку матер и така 8)
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    17.178
    Пол:
    Женски
    Во медот уште е така. :lol::mm:
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    36.223
    Пол:
    Женски
    Во пикот на 7ми скок сме, неделата со громчето, 10.5 месеци.
    Имаме 2 дремки, едната во 9:30 другата 14:30.
    Синоќа за ноќното успивање се успивавме цели 2ч. Не сакаше да спие никако. Еве сега за дремките пак исто. Помина 10 уште не сака да спие. Ни се прозева, ни очи трлка. Весел си е и сака да си игра.
    Мислам дека е премногу мал за да ми префрли на 1 дремка.
    Дали на скокот се должи ова?
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    567
    Правиш едно, а имаш потреба за друго :) до тебе е, смени ги приоритетите.
     
    На Трагедијаупмм и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Женски
    :l:точно
     
    На Elly989 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    6.820
    Да, син ми во 7 скок имаше само една дремка од саат време, кога заврши скокот се врати на две.
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    11.854
    Станува подобро кога ќе сфатиш дека никој нема да дојде да те "спаси" и кога дремките стануваат попредвидливи. Стани сабајле, не знам од колку оди маж ти на работа, ама нека ја чува 30мин ти за тоа време облечи си чисти алишта, исчешлај се/сплети коса, стави си серум/крем/лабело/маскара што и да е што ти дава малку чувство на среденост и самодоверба.

    Додека спие дремка спремај за искачање што ви треба, кога ќе стане или пред 2ра дремка правец надвор макар 30минути. Влези во некоја рутина во која секојдем без исклучок ќе имаш 30мин/саат задолжително ЗА ТЕБЕ не за чистење кујна.

    И јас кога си доаѓа маж ми често чистам, средувам алишта итн, ама кога доаѓа време за вечера он си ја храни, јас вежбам па се туширам, фенирам. Тој саатипол секојден знае дека му е букиран. За викенд исто може да искочи он со неа, а ти да одмориш сама, мене ова многу ми значи.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l: Баш добри совети, ќе те послушам
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    18.166
    Пол:
    Женски
    Во истата ситуација сум, потполно, време за себе имам нула, цело тело ме боли, се раскинав да стигнам се. Сега моментално имам садови несредени во кујна, алишта на маса за пеглање чекаат, еден куп алишта собрани за перење, се е за чистење, усисивање, бебка спие и јас до неа си лежам да одморам. Бебка штом ја земе мм во раце одма плаче, не знам што и стана периодов, не можам ништо друго да фатам, за да јадам ја земам во раце, не сум робот и бебе со мене да е 24 часа и се по дома јас да средувам. Денеска првпат ја оставив на саат време со мм сами за жива глава не сака кај него, вришти плаче, ја зема свекрва ми престанува, па поточно ја оставив со свекрва ми да превземе ситуација. Божем да се видам со другарките на кафе, да размениме подароци, да се опуштам, јас цело време мислам да не плаче.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.994
    Допаѓања:
    6.769
    верувај дека се е пролазно, јас бев таква со првото, едвај чекав да се вратам на работа, да се средам, да се облечам во штикли, да не зборам само за пелени и кашкички :D, ама сега со второво уживам многу повеќе, сфаќам дека само еднаш го имам овој момент со бебе, каде што сме сами ја и она по цел ден и ова бебе ми е многу посмирено, не знам дали дека ја сум посмирена со нејзе или до бебето е, уживај сега, пошо после кога ќе стане тодлер многу се потешки, од една страна е полесно зашо е посамостојна, ама :oја не знам шо период е ова, значи пренапорна е големата, се за инает прави, се кара со нас, абе душата ми ја вади :drunk:
    ја си гледам дека сега помалце се караме, ама јас иако сум со бебето 90 посто од времето, гледам секоја прилика да искочам со другарки колку шо дозволува времето, трчам исто тоа ми помага, ама сега воздухов ме поремети, цела недела немам трчано ќе почнат да ме прифаќаат :rofl:
     
    На Autumn Love, le.soleil, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    26.713
    Пол:
    Женски
    Бебка е 7++ месеци, треба деновиве да и воведам вечера, ама не знам кога, кое време.
    Таа се буди околу 6/6:30 наутро и тогаш цица, па појадува околу 8:30/9ч. Околу 12ч цица, и накај 2:30/3ч има ручек. После околу 5ч пак цица, и заспива во 7:30 грубо.
    Некако немам време за вечерата? Кога да ја вметнам?

    И што давате за вечера освен ноќните купечки каши, гриз со млеко и банана, палента и кисело млеко?
     
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Подојот во 5 замени го со оброк. Ручекот ти е малце касно. Нека ти бидат на растојание 3-4 саати оброците.
    За вечера житарка со млеко. Било која. Јас почнав со овес.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    26.713
    Пол:
    Женски
    Ако го заменам подојот во 5ч со вечера, тогаш ќе и дојде после ручекот одма вечера, измеѓу нема да прима течности, оти таа не пие вода воопшто, ни од чаша, ни од шише.
    А не е гладна ако и давам појадок-подој- ручек во 3-4 саати вкупно, имам пробано, така не јаде од оброците.

    За вечера, вариш житарка со кравјо млеко?
     
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Стави го ручекот пример во 12,13 а нека цица пред дремките. Помалку количински оброк на почеток за да јаде и ручек и вечера. Ние така правиме ама мојата пие вода.

    Инаку не варам со кравјо. На тие купечките житарки пишува може со 100мл вода и 100мл кравјо млеко да се спремаат ама не сум дала сеуште кравјо. Ги спремам со ад.