^^Ич не знам како да правам искрено, за 1 месец треба да тргнам и на работа. Планирав првиот месец да излегувам од раб околу 11ипол за да цица, и после веќе на 10м наместо тој подој ужинка да има. Инаку досега, цица околу 12ч и после тоа и е втората дремка, спие со 14/14:30ч. На работа сум до 17ч, додека си дојдам дома и 17:30 знае д сме фати. Кога ќе цица, кога ќе вечера, кога ли ќе ја гледам будна во работни денови...
Касно ти е доручекот, а со тоа и ручекот штом станува во 6. Помести ги порано, доручекот нека ти биде околу 8, ручек 12-13, и вечера 17ч. Јас давам пред прва дремка доручек, после прва дремка ручек и планирам после втора дремка вечера.
Ај ќе пробам така од утре, да видам колку ќе јаде така. 17ч за вечера ќе ми биде рано, до толку сум на работа. Многу комплицирано испадна се
Можеш и 17:30 вечерата да ја даваш, мојава обично тогаш јаде, а деновиве дури и највише ми јаде за вечера. Не знам дали дека и давам обично кисело млеко/грчки јогурт со нешто а тоа многу сака или се погаѓа да е стварно гладна тогаш. Накај 19 веќе цицнува за спиење ама не многу пошто ја држи вечерата и толку и е од денот. Јас давам доручек пред прва дремка а ручек пред втора ама па ручекот не го сака обично ваљда не е доволно гладна.
А да не ја дојам кога станува, туку директ појадок да и спремам? Така ќе има појадок до 8/8ипол најкасно, па после тоа прва дремка. Ќе се помести порано и подојот измеѓу појадок и ручек, а со тоа и ручекот. Инаку ручекот и е после втората дремка, пред дремка не е гладна, тогаш цица всушност.
Па можеш и така за појадокот да направиш, особено ако цица навечер. И јас пробував така неколку денови без да цица сабајле ама мојава пак слабо ми јадеше дали ради забите или друго не знам. Почна да гребе едниот кец горе ама сега другиот е набабрен и.уште ми одбива скоро се од храна. Колку ти е размак меѓу цицање и ручек? Морам некако да и го поместам дека скоро ич не јаде ручек
Им помодрувале ли колената на вашите кога почнувале да лазат? Сега приемтив дека има модринки баш на двете колена, и освен од тоа не знам од што друго може да се ама да прашам
Може ли некоја да ми пише распоред на оброци и дремки, на бебе што се буди околу 6/6ипол саат наутро? Пробав порано појадокот да и го дадам на бебка, ама втората дремка и се поклопува со времето на ручек и пак доцна ручаше, дури во 3ч. А ако и дадам вечера накај 6ч, ќе изгуби два подои наеднаш, и тој меѓу ручек-вечера, и подојот пред спиење оти нема да е гладна.
Ние вака некако тераме само не знам дали треба да сме ти репер бидејќи малку јаде (ама денес ја мереа на преглед и пак ок си напредува). 6: будење и цицање (ако цицала накај 4-5 не и давам и порано давам доручек) 7ипол: доручек 9: прва дремка (цицнува за успивање и обично саат ипол трае) 10ипол: цицање (ако била кратка дремката не и нудам и и давам ручек порано) 12ипол: ручек 2: втора дремка (цицнува за успивање и трае или пола саат или саат ипол) 4: цицање после дремка (ако била дремката кратка не и нудам и и давам порано вечера) 5ипол: вечера 7-7ипол: (зависи колку е уморна и колкава била втората дремка) цицање за успивање
Нели е малку размак само 1.5 саат меѓу подој и оброк? Можеби затоа помалку јаде твојата бебка? Имаш пробано на 2/2.5ч да и дадеш да јаде?
7 ипол - доручек 9/9:30 - прва дремка 11:30/12 - ручек 14 - втора дремка 15:30 - млеко 17 - трета дремка 18 - вечера 20:30 млеко и спие Ние сме со три дремки и вака се движи нешто денот наш. Дремките и се сега две по час ипол и една пола час.
Мојата може да јаде 45 минути после подој и пак да изеде многу, а 1.5 саат и е максимумот што издржува. Така што мислам дека секое бебе си е приказна за себе Не станува во 6/6ипол како што си прашала, ама кога станува вака изгледа: 6:30 цица 8: доручек 9:30 дремка 11: цица 12: ужинка обично шмукалче, или овојше, или смоки (затоа што инаку прегладнува до ручек) 13:30 ручек 14:30 дремка 16: цица 18: вечера 19:20 се спремаме за спиење, цица уште еднаш и заспива до 20.
И јас мислев дека е малку размак и пробував и 2ипол саати и пак беше истото… А и никако не ми одеше да направам некој распоред со поголем размак, баш како што викаш кнап е. И подоиве за дремки мене ми прават дополнителен хаос во распоредот пошто цицнува да се успие ама од 5ти скок навака никако поинаку не сака да се успие
Не, оброците ги јаде по 200г ја држат , плус вода. Млеко пие 230 мл тогаш. И да дадам порано не го пие, најадена е.
Значи мојава од млекото е најадена ваљда затоа па помалку јаде од оброците, дур не и намалам подои тешко да јаде повеќе. Ама па не е многу период тоа без млеко?
Па не е проблем мислам, полни и се пелените моча кака. Порано кога ми беа послаби оброците за сат ипол бараше млеко.Сега мислам ова е таман на 3-3.5ч има храна.