Кои капки ви се покажале како најефикасни кај затнато носе? И дали да ја носам на доктор затоа што само носето и е затнато, ама пак се сомневам дека ја префати од братучетка и, а може да е само и случајност Има апетит, нема температура, не кашла...
Спрејче од диво оригано за бебиња, има и во зегин и во еурофарм, или редовно чистење носе со физиолошки
Синомарин спреј портокалова боја за деца. Претходно само со физиолошки ама не излегуваше ништо посебно, како внатре да хрчеше.Со ова прскам во седечка положба, па ја легнувам минутка две и шмукам со носко. Све излегува и диши добро. Кај нас нешто вирус со плус заб и катастрофа беше цела недела сега е добро, се тера.
Спреј се дава во краен случај Оперил е за над 2год ама го даваат и на помали. Јас би чистела со солен спреј и аспиратор. Има во зегин бебешки со не толку силен млаз.
Добро бе луѓе што и е на педијатрите во МК. Брат ми денес го носеле на преглед детето го спремаат за дохрана, оно има не дупло тежина дури и повеќе на 4м. И рекле да почне да го дохрануваат, и тоа да почнат со сокчиња по мл насабајле и навечер да се види дали имал алергии. Оти снаата е со многу алергии. Дали се нормални со сок да почне да го троват детето на 4м? Не можам да им докажам дека е неправилно, дури се изнервирав, снаата е малце така не слуша совети, брат ми слепо на доктори верува, јас не сакам да се мешам ама ова ми е крајно лош совет. Патем детето одвај уште е стабилно во врат, дефинитивно не е спремно за храна, многу неодговорно.
Ја чистам овие два дена со солен спреј и аспиратор ама не е премногу успешно затоа викав да не има нешто друго. Земав од капките од диво оригано за бебе па ќе пробам и со тоа. Не е до толку да не може да дише за Оперил така да засега нема тоа да правам. Кога е исправена е океј, ама кога ќе легне ептен и се слева. И го подигнав и креветчето ама пак и се собира за некое време
Претпоставувам за кој педијатар се работи оти на наши пријатели бебето е со триплирана килажа од раѓање и само на доење и исто и кажале сок на 4 месеци. Жално е што млади ешдијатри не се едуцираат. Бебево среќа не прифаќа шише па мајката ми се јави да ме праша што сме правеле ние во таков случај. Знам оти ти е мака ама некогаш треба да кренеш раце и да оставиш родителите сами да си носат одлуки. Жално е што ако за ова не се помачат да прочитаат за посериозна работа понатака па ич.
И ти си од наш град ако се сеќавам добро, нели? Генерално јас сум задоволна од неа и крајно се зачудив зошто вака. Да не сакам да се мешам не сакам да си влошиме односи, ама ова ми е многу чудно што послушала, зошто и она е медицинско лице( сестра е) студира за доктор и не очекував да не се спротистави на ова. И оно е само на доење и не прифаќа шише. Секако само насоки дадов од солид стартс што јас ги следев, ако сакаат нека читаат ако не, нивно си е. Не дека јас што следев блв сега не се мачиме со јадење, може јас вака да правев сеа се ќе јадеше, ама сепак.
Да бе се ќе јадеше, не заебавај, внук ми е иста работа се јадеше докај 2 од 2 навака до 4 се е бљак за него. Периоди се. Не е само за вкусовите чист шеќер е сокот што фајде ќе има бебенце на 4 месеци. На другаркава и ги фатила градите и рекла аа меки ти се ти немаш млеко. И кажала да земе од Холе чај да пие по 3 пати, па направи мастит на двете гради замисли, катастрофа. Не живеам таму веќе ама да
А има некој педијатар останато во Кочани воопшто? Не ме чуди муабетот за сокот инаку, свекрвата секое видување прво што прашува е: почна ли сокче да и даваш, белки ќе фати шише? Веќе не и ни одговарам, еднаш и кажав дека не давам шеќери додека е волку мала, ако пропие вода кога ќе ја одбијам од доење еден ден ок, ако не - јаде мн овошје, полни пелени и не се замарам.
Па има една, ама таа е уште покатастрофа од оваа, така да помало зло е, семејна медицина е, не е педијатар. Јас сум кај неа и не сум имала проблем до сега, не дава антибиотик за се што ми е битно и позитивна е, секогаш ти влева некако малце расположение, а и децата се многу смирени со неа па затоа генерално ја сакам, ама методиве не знам. Инаку јас дека во Лондон почнав со педијатар тука не го ни носев докај 7-8м на контрола никаква па не ни земав насоки за храна. Кога ќе помислам на доктор додека беше мал скоро и да не одеше, ни за контрола ни од потреба фала богу Јас сок не давав до скоро, вода и млеко кога почна со дохрана, сега пие сок некогаш не викам не, ама не преферира. Не сум разбирала никогаш тие совети за чај на новороденче и сок на бебе. Што знам некогаш кога има мака човек не може да не се преиспитува каде згрешил и дали грешел, вајда е фаза ама пак ме јаде црвот дека јсс нешто утнав кога беше мал.
После се чудиме што има толку многу деца со вишок тежина. Сокови одамна веќе ни јас не пијам, а не па да давам на бебе. Моето има 15 месеци се нема напиено сок, само вода и чај давам. Освен шеќер ништо друго не содржат, барем каши да дава ако толку е запната. Ма да тоа мало стомаче што може да свари на 4 месеци. Не ги сваќам некои доктори искрено. Никогаш слепо не ги слушам. Али секој си одговара за своето дете нормално.
Дали има некое фото студио за сликање со новогодишен амбиент, каде може да се сликаме и да си извадиме слики колку сакаме? Некако ова бизнис стана, мислиш фотосесии за свадба се.
6/6ipol - budenje cicanje 8/8ipol - dorucek 9ilpol/10max - prva dremka (okolu saat, saat ipol) so ad 150ml plus cica minimalno za zaspivanje 12ipol/13 - rucek 14/14ipol - vtora dremka (okolu saat, saat ipol) so ad 150ml plus cica minimalno za zaspivanje 17ipol/45 - vecera 19ipol/45 - 150 ml ad plus cica za zaspivanje Bebo e 8+++ jade od prilika +/-120g po obrok, ama ne go forsiram za povekje skoro 11ipol kg e
Фала на сите што пишавте распоред, се трудам колку можам со бебка да одам по него, па така имам време за вечера. Засега, 'проблемот' кај неа е што првата дремка после појадокот и е многу кратка, спие едвај по 20-30мин, пробувам да ја презаспијам ама не сака. И после се изморува баш кога треба да руча па со 300 занимации да седи на хранилката. Ама ќе биде ајде Туку, последнава недела бебка почна многу почесто да кака. Претходно се олеснуваше 1-2 пати на ден, а сега има 5-6 столици во денот. Вечера само 2 дена како давам, не е до тоа. Почнав Нормиа пробиотик да и давам по совет на матичната, досега не и давав оти запек и прави пробиотикот па ќе видам дали ќе смени нешто.
Ајде и мене ме интересира распоред вие кои имате една дремка. Кога им давате ручек пред дремка или после? Мојот е ваков, но мислам касно и е ручек во 15 а рано во 12, а измеѓу спие. Будење во 7.15/7:30 Доручек во 8:30 Ужинка во 12:00 Дремка 12:30/45 Ручек во 15:00 Вечера во 18:30 20:00 цицање пред спиење и легнување.
Мајки ајде еден совет ако може.Се работи за една другарка неживее во мк моментално.Бебето и е 6 месеци почнати се со вкусови да дава сеуште нема доручек.Бебето не и пие воопшто млеко кога е буден,само кога спие и тоа 70,90 мл непие количински.Од 4 до 6 месец само има качено 500грама во килажа.Последно кога беше мк го носеше во систина и докторката и кажала супер напредува дека бебе од 6 месеци требало да има килажа од 6.5 кг.Инаку родилна тежина му е 2.850.
Во градинка нели обратно им се распоредени ужинката и ручекот, пред пладне ручек па после дремка ужинка едино така да пробаш. Ама ако ти јаде ок вака и немате мака зашто да мењаш