ако има 6.5 кила значи има повеќе од дупло од родилната, ако неќе многу млеко тогаш нека воведе доручек, па за 3,4 недели и ручек. Моето на 5 месеци јадеше доручек не го држеше цицањето па на 6 месеи ручек.
ужинката пробај порано, пример накај 10 и малце дај и нешто пример малце банана, јаболче, шмукалче, малце лебче со абц нешто така ако сака па во 12 ручек, па спиење па ужинка па вечера. Пробај така иначе имаш 3ипол саати без ништо од 8ипол до 12
Од 4ти месец помалку качуваат на килажа, дуплирана и е родилната килажа до 6ти месец. Не е секое бебе по книга и секое не качува исто, ако педијатарот проценил дека е во ред, значи дека е, немора секое бебе да е буце.
Она живее во швајцарија,и таму ја пратија на испитувања,имаше рефлукс бебето го средија тоа,ама ете млеко пие само ако спие буден никако ни со лажичка да му даваш.И педијатарот им кажал дека 250гр е малку за еден месец да качи
и моето бебе качуваше одлично дури и премногу само со доење, а потоа од 4-6,5 месеци качи само 200г, па потоа до 7 месеци во две недели уште 300г. Докторката рече ако е се друго во ред - да мочка, кака, расте во должина, тогаш нема простор за грижа. Најверојатно е генетика, па насобраното baby fat сега се губи и се добива генетски предодредената тежина.
можеби е малце ама па нареден период може повеќе да качи за пократок период. Битно сега килажата е добра и дуплирана и сега веќе може да има оброци со каши, ќе му биде интересно ќе сака да пробува и да јаде нови вкусови, ќе си напредува
Нема шанси толку рано да јаде. Она во 8:30 почнува да доручкува, а дур се најаде 9 фаќа и ужинка и е таман во 12. Со ручекот некако порано да може, ама спие измеѓу.
Ние пред некое време почнавме да лаземе класично на 4. Приметувам модринки, гребнатинки, црвенило на коленцата. Од тоа е нели?