Баш за ова ќе пишував денес во темава. За католичкиот Божиќ бевме кај деверот и беа сите, цела фамилија и не можев да ја смирам нон стоп плачеше… ретко се гледаме со нив и обично знае да закенка кога ќе ги види ама ова беше рикање со липање дури едвај заспа. И приметувам ми одбива храна повеќе сака да цица. Играчки многу брзо и здосадуваат ќе си игра и одеднаш почнува да плаче. Сакав совет да побарам за ова плачењето од непознати или од ете луѓе што поретко ги гледа ама можеби до скокот е.
Здраво мајки ❤️ Во последно не сум многу активна па не знаев во која категорија да прашам. Ме интересира каква е процедурата за продолжено породилно отсуство, ако може некој да сподели. Ви благодарам.
Добро, како ви стануваат од спиење сабајлечки? Со вриштење како мојава, или расположено како бебе што спиело 10-11 саати? Значи имаше еден период меѓу 6 и 7ми скок, не можам да го прежалам. Спиеше по 11-12 саати без ниедно будење, се будеше расположена после цела ноќ проспиена, ќе се разбудев сабајле од нејзиното гукање и брборење. Од 7ми скок навака (а веќе не сме во скок 2 недели), не може да се оправиме. Се буди сабајле како на колење да е, дур не ја ставам на цицка нема смирување. И сабајлево ме фати инат да не и дадам цицка одма туку да пробам да ја расонам да се смири, со цуцла, гушкање... Абе дур да ја фати цуцлата, едвај, дерење зградата ја разбуди. Навечер обавезно се буди 2 пати, и презаспива за 0.1 секунда кога ќе и бутнам цуцла во уста, ама се буди со плачење на цел глас. И сега планот ми е да пробам навечер да ја презаспијам без цуцла тие 2 пати, ама нема шанси да се мачам, ако ми успее со галкање и тапкање одма добро, ако не сигурно ќе и бутнам цуцла, не можам да се оправам со неа во 4 сабајле А за сабајле исто ќе пробувам зошто не знам, може вришти за цицка па да видам ако не и дадам одма дали ќе се отвикне од вришење. А за заспивање да не зборам, цел ден стои на маса, и кога ќе си легнеме, пак мора да стои на креветче. И ај некако успеваме да се убедиме да си легне, ама секоја трета вечер е.... Ако имате некој совет, кажувајте. Јас морав да се пожалам негде, затоа што за се имам живци и можам да сум трпелива и да не се нервирам, ама за спиење немам ни 5% од тие живци. Се распишав вака сабајлечки неделно....
Мојава незнам во што скок е.. по корегирана во 5ти по датум на раѓање во 6ти... секако е во скок, душата ми ја вади со таа цуцла, заб и излезе буквално плаче во сон навечер очи затворени плаче крева газ се удира од кревет.. Побудале детево. Па ја мачкам во сон со фризигел па незнам што. Се врти на стомак и крева глава удира од душек крева глава па на др страна се удира од душек. Кој знае колку има мака. Јас настината кашлам, а се раскашлам она се буди хаос. Почна пред месец дена со цуцлата најверојатно забите и еве прогресира на лошо навечер. Преку ден све јадења нормални, спиење по сат ипол без презаспивања и се дремките... ама навечер таков немир.
И мојата плаче кога и излага заб, ама неколку дена само. И го познавам точно тоа плачење, зошто е буквално жалење. Ова не знам што е... Со цуцла сме од почеток и сум навикната да се смирува со неа, ама барем претходно (кога биле помирни периоди) ќе подзакенка едвај и ќе се смири одма нели, ама сега се е со вриштење. Исто преку ден се супер со јадење, спиење. Кенкава е периодов и преку ден, кога ќе се заигра знае и по 30 мин да се заигра, ама кога ќе каже дека ќе се жали, само кенка - стенка. А навечер не е многу немирна во спиење, да се врти многу, ама спие релативно мирно освен кога ќе и текне да врисне. А кога одиме кај моите таму спиеме во многу ладна соба, на една мека мека спална, и спие со вреќа. Дали дека е поладно, дали дека не може да се заврти заради мекиот кревет и вреќата (јас ја вртам пустата), ама многу помирно спие. Ама дома не знам како да изладам, на парно сме, отварам во спална цело време, ама пак е 22-23. Иако мислам дека на крајот се е заради стоењето. Во три недели се научи да прави, од влечење војнички, до лазење, до застанување, сега веќе пушта и некој чекор на масата. Ај нека научи да оди веќе може малце ќе се спасам хахахах
По околу 1 саат, максимум саат ипол, ама генерално отприлика саат Барем за мојата се така Навечер сврзува по 10ипол-11ипол саати, така да вкупно сон дневно и доаѓа минимум 12ипол саати што е на границата на нормалното, ама битно она да не пропушти нештo
Немам совет за жал, едино ако ти е утеха кај нас дури и полошо е. Да си се пожалам и јас дека и од денски дремки знае да стане со плачење деновиве ама буквално на цел глас, ноќе до кај 12-1 ако стане и тогаш исто со прегласно плачење, после 1 станувањата и се со мрдање, лазење, брборење. Мојава ваљда пак вади заби (извади горен кец еден, другиот и плус двојката се набабрени) дека со гелчиња се смирува на дел од станувањата ама на другиот дел е залепена за цице и ме гриза пресилно Ако пробам да ја нишкам и не и дадам цице таму после 1 тоа преминува во кубење, штипење, гребење. Ќе и дадам да цица од што нема чаре и пак ќе ме гриза, значи пренервозна сум. Ноќеска во 4ипол веќе скренав и му ја дадов на мм, му реков ако успееш заспиј ја ако не чувај си ја ете ти и доручек после дај и и отидов во друга соба сама да спијам. Се успале а среќа и јас ама од толку што ми беше сецкан сонот цела ноќ премлитаво се осеќам како да не сум ни спиела. Така да за моево ако има некој совет чекам да слушнам, ако не вадам силиконските брадавици за да ги истерам деновиве без да излудам.
И јас дојдов да прашам за 6 скок. Бебка е многу плачлива, синоќа дури и во сонот плачеше, па ја мачкав Осанит. Гледам двојката горе пробива, а кецовите и другата двојка се многу набабрени, дали и забите ја мачат. Ама претешко заспива, и преку ден, и навечер. Последните 3 вечери заспива доцна, дури околу 21ч, синоќа и 22ч ја фати, никако не заспиваше. А сабајле се буди околу 7ч ненаспана и еве ја уште не спие сега. Таман ќе помислам еве фати некој ред (што трае 5-6 дена) и одма ќе се расипе се.
И ние сме многу слично. Двете дремки му се околу 1 саат, многу ретко да поспие саат ипол. Максимум 1 саат и 15 мин. спие. Прашав дека мислев да не му се кратки дремкиве. Навечер сме и ние тука, по 11-12 саати, ама повеќе 12. Значи ок е. Мислев треба повеќе да спие ама ете не сака повеќе никако.
Луѓе детево одеднаш престана да јаде. Не знам што е работа… јадеше со сласт и цицаше без проблем. Сега само цица, тоа никогаш не одбива ама кашички не сака. Се мршти, ми ја бута раката… некако пробувам во шмукалче и ја ставам кашата за нешто бар да голтне… на хранилка нејќе. Мора некој да ја држи. Многу кенка последно време, плаче без причина. Скоков ли е или да не ја мачи нешто не знам…
И мојов пак се врати на таа фаза. Таман си реков што убаво си јаде, тој денес одлучи ништо да не јаде. Можеби е кај вас 6ти скок, кај нас 7ми.