Гриз со тиква, тиква со батат, овес варен па го мешам со формула после, ноќните каши со млеко на хипп или холе. Има и готови цералии од 4 житарки, па само додаваш формула.
А после тоа млеко пред спиење ?Зошто на ад сме вечера кај 18ч а млекото пред спиење 20.30 некако мн брзо формула да се дава?
Здраво мамички, ме интересира дали сте летале со авион со бебе од 7 месеци. Би сакала да ми ги споделите вашите искуства и дали е потребно да му ставам такви слушалки на ушите
https://bellina.mk/product-category/bebinja-i-deca/bebeshka-i-detska-hrana/ Јас од готовиве оброци црпев идеи. Инаку давав и Чоколино без шеќер што е за вечера, сега гледам и други Лино инстант каши почнале да прават без шеќер.
Летавме точно на 6месеци. Мојата антифони нејкеше ги вадеше уште пред да полетаме плачки беше пред полетување и додека полетавме после заспа и натака и навака. Уживај оди и не мисли што биде ќе се снајдеш земи и ги омилените тропалки играчиња за да дефокусираш ако ептен плаче
Во ред фала мене ме интересира дали може и без тие слушалки бидејќи не ми се исплаќа да ги купувам сега само за една употреба
Колку добра идеа со ова црпење на идеите.Зошто мислев дека мора да е млечно навечер и немав идеи више за детево.Фала мајка кралица си значи
Исто и мојата во 18:00 или 18:30 вечера, во 20:30 цица. Па за вечера секако по малце формула се додава. Барем мене за гриз ми иде само 60 мл, а за мусли 90мл што е ништо.Ако ставам повеќе ми е течно
Летавме прв пат само што наполни 40 дена. Сега има 8 и пак летавме и двата пати супер поминавме. Имав слушалки за секој случај ама не ги сакаше и не ни беа потребни, од звукот на авионот заспиваше одма штом изгасеа светло.
Мајки од оние носилки што ги рекламираат сега како за странично да го носите бебето,има некој?Практична работа ли е ?
@Baby warrior мислам пиша дека има еве ја тагнувам да сподели искуство. И јас се мислев да земам дека со сепарацискава анксиозност по деветиов месец тешко се тера. Од бебе што само си играше имам бебе што не можам инстант каша да му измешам
Врши работа за блиц обврски, ја и по дома си ја носам кога ми кенка на подлога а треба да зготвам или избришам прашина. Мене ми е мн згодна, ќерка ми е 8кг, 7месеци е од 6 ја носам не знам како би било со поголемко бебе
А со 10+ кила бебе како би било? Ги гледав и јас еднаш, ама ептен не практично ми изгледа бе. Мислам дека вратот ќе ми го откорни од тежинава.
Немам од другаркиве со поголеми бебки што се некоја што користи па да ви споделам. Јас со мојава со 8кг ми е ок а мал човек сум ја со 64кг
Истово и јас сакав да прашам за нас дома си нарачувам од фарма четирце преубави путери имаат најразлични од јатки дали така воведувате јатки со путер или нејако друг принцип?
Јас имам ваква.. бебка е 6м и околу 9кг. Во кенгур не сака, па купив и вакво. Ама моето црвче многу скока и мрда и не сака и во раце многу. Па само ја држам долу на газето. И не ми тежи то е најважно. Се надевам ќе ја користиме убаво периодов па да можам да споделам искуство.