На 9 месеци воведов од Леска, па после бадем, лешник и индиски орев, сите чисти путери од кај нив. И путер од семки од тиква и давам од Леска.
Дали ги разредуваш со малце вода? Сакам да дадам пред годината. И мене ми се омилени Леска, тој со семки од тиква не ми е пробан ми изгледа интересно .
Кога ги воведував да, трошка со малце вода па утредента малце повеќе и така 3 дена, освен тој од семки од тиква тој одма го измешав во овес оти не е алерген. Сега и ставам директно во гриз, палента, грчки, овес, со потечни работи си се раствараат добро не лепат. Овој од семки од тиква сам по себе не е нешто посебно на вкус (за возрасни) ама е здрав и има протеини па затоа и го давам.
Абе на грешно место сум пишала хаха. Прашував за путерот од Леска кај да го најдам. Куцам ваја на инста викам кај е путеров го нема Не знам сега кај е постот за путерот, ако чита членката нека ми пише кај да ги најдам
https://www.instagram.com/leska_craft Имаат во хајлајт каде ги има во живо ама плус и по карго праќаат ако не си од овие градови.
Јас сакам да ги пофалам путерите од фарма Четирце, не ги имам пробано од Леска ама приказната за фарма Четирце така ми дојде при душа и од нејзе си нарачувам. Прекрасна мајка која сама со својата ќеркичка си живее на фармата и живее од путерите https://www.instagram.com/farmacetirce?igsh=M2lzazFiNW5wc3l0
Мајки ми треба ваша помош. Се мислам дали да земам подлога од оние класичните за деца со интересни дезени или од оние како слагалица шо се. Од кои сте задоволни вие јас купив една ама некако се лизга па би сакала да слушнам и ваше мислење.
Имам и шарена подлога, а имам и од коцките како слагалица ама не се вакви бушави, туку обични. На бебка не и менува, се влече насекаде по подот, најчесто надвор од подлогата е
Како правите инхалации дајте некој совет ова како борба со лав е, двајцата со мм едвај успеавме со видеа некои сензорни да гледа на телефон. И за влечење мрсули од нос колку често влечете, докторкава ми кажа 2 пати на ден максимум ама преполна е цело време и тече не знам што ќе и олеснам само со 2 пати.
Од првата варијанта имам најголема димензија 200x200 и ровари по неа цел ден. Ја тресам и правосмукалка пуштам врз неа и пребришувам со антибактериски на sleepy за површини за храна - како нова е