Ние сме со растечен нос моментално, ако два пати на ден влечам ќе почне да дише на уста и поголем проблем ќе направиме. Влечам кога ќе почне да шушти, до 10саат веќе два пати влечев, прскам и солен спреј 3 пати на ден. Мали се не можат да ги исфрлат сами, а ние секако влечеме само тоа што е во шуплината. Јас користам рачен, па не ми е страв пошо ја контролирам силата на влечење.
Тоа ми беше и мене мислата што ќе направам со 2 пати влечење а веќе има малце спуштено на плуќа ама шубе ми направи докторкава само 2 пати. Имам јас и електричен и рачен ќе видам ако не да комбинирам некако
Не, само капче на глава и облечена е во скафандер. Плус кебенце во корпата. И на минус температури шетаме стално е топличка, а искрено и не би и ставила шал за брзо можеби кога ќе порасне
Не сум ставила и јас досега ама не бев сигурна што е правилно. Постариве ме напнаа со тој шал па викам ајде да прашам што се препорачува.
Моја препорака ти е да не ставаш. Ништо не им е. Доволно си се заштитени со топла јакна/скафандер и капа. И мене една комшивка на секое мое излегување со бебе кога ме гледа цело време ми вика ,,да го учиш со шалче” . Не сакав да бидам дрска ама претера. На крај ѝ реков да си ја гледа нејзината работа. Не мислам да се објаснувам зошто не ставам шал на своето дете. Поготово на комшивки па ич.
Мислам дека тие генерации се со мајндсетот дека од ладно сигурно ќе се разболат и порано шал беше задолжително кога бевме деца испозамотани сите пустите. Ама добро што ми потврдивте дека не сум луда што не ставам и не сакам да ставам на бебе шал.
Хаха.. да загревотка сме биле кога ќе видам слики или од кога се сеќавам кога ќе ми текне. Капа, шал наоблечена со хулахопки, чорапи и калчунки и на крај стално болна бев Имунитет никаков сум немала, сега на бебка хулахопки единствено и ставам ако е облечена по фустанче, т.е 3 пати до сега по 2 сати, а калчунките така стојат нови и не и ставам
Порано ние кога бевме деца имаше зима, затоа толку не облекуваа, не памтам јас да имаше поминато зимо без снег, секогаш не носеа на санкање. Деновиве кога има сонце како пролет е, а не зимо. Јас ја покривам убаво со кебенце до лицето, обично се успива во количка па не мрда, прета, ако е станата го спуштам подолу под рачињата и капче секогаш ставам, а шал не.
Исто со шалот ме напнаа скроз и викам на мајка ми ај најди шал мал за бебе од 7месеци и ќе и стајме, како да ја умотам три пати со шал за деца / глуости
Јас имам едно премало шалче, само еднаш и го врзувам околу вратчето и таман и е Плус убаво и го стегам за да и биде баш само околу вратот, тој дел да и е заштитен, а не преку уста/нос. плус исто имам и од тие капите целосни што се, не знам како се викаа имаа некое име
Штознам скафандер има од примарк и се закопчува височко целата е во тоа топличкаи ноџињата се внатре цели а на глава ставам капче кога е многу ладно под 5c или ако дува
И јас сум по цели денови дома... Искрено да си кажам страв ми е од вирусот па и дека астма имам мислам дека ако ме фати толку ќе ми биде... Додека бев бремена со малава исто вака некој вирус имаше ме фати завршив на клиника страшно беше... А и ни сакам некој да ми иди па ни одам некаде нека помини ова лудилово од вируси здравје уште малку ќе издржиме се надевам
Шетаме и ние ама за во мол ќе се премислам 2 пати. Ми фати малава респираторен вирус а убедена сум дека од мол бидејќи нигде не сме биле и не сме се мешале со луѓе последниве денови освен кога ја однесов во мол да и купам некои работи и во лифт влезе една (овде некоја навреда преќутувам) и се изнакашла буквално до нас. Абе со количка и бебе ме гледа и влага болна ми кашла, немам коментар. Со инхалации е од вчера еве подобра е ама лошичок вирус многу секрет…
Исто и мене. Јас и големата не ја носам во градинка дека мешани се групите лани цел јануари и пола февруари настината беше. Па и јас трудна со неа. А ваму до крај февруари ми е породилно Ама на мисла сум неплатен да зимам
Кога поминува сепарациската анксиозност во 9м? Бебка е страшно залепена за мене деновиве, не беше така. Не сака ни со мм да седи ако јас сум во собата, не пак со некој друг. Одма ме бара со поглед и вреска. Дадилката почна да доаѓа, премногу плаче и со неа, и јас сум во собата исто тоа време. Како ќе се навикне вака, за две недели треба да тргнам на работа?