Мајки со 7месечни бебиња, како е?Јас чекам од декември да се стабилизираме ама се полошо е. Деновиве не можам да одам до друга соба сама, одма плаче, па денес заедно си готвевме в кујна, потоа тој си играше на подлога јас си стоев до него. Претходно сам ќе си се заиграше, сега морам да сум тука. А пак спиењето.. се уште се буди со плачење, спие и плачи, па го земаме со нас на спална и со страв малку спијам хаха ама сношти ни тоа многу не помогна. Значи ми се плаче кога доаѓа ноќново спиење
Исто… мојава пролазува, на подлога има 10000 играчки она прееска ја најде кремата за пеленска регија и ја отвори да игра со неа иначе исто денес ако станев од подлога одма кенкаше, фластер! Навечер е хаос на саат ипол најмногу два се буди … измеѓу се вртка лево десно, на стомак па бара цуце ќе и падне па го става во уста па пак одново, па ја нишкам, па цица и така поминува ноќта. Еве едно сликиче како спиеше ноќеска од 4 сабајле до 6ипол пола на нејзин кревет пола на спална И сабајле ќе се разбуди најсреќна на свет, насмеана, ведра како да спиела фул цела ноќ - мене очи ми паѓаат
Да, си се будат насмеани, задоволни сношти и за коса ме кубеше во спиење, го пушта рачето цело време да ме допира. Успевам да го презаспијам се до кај 6 часот, тогаш се врти према прозорецот, гледа низ ролетни малку светлина и нема шанси за спиење. Ех колку ми беше убаво два пати само кога се будеше Ни денски дремки саглам, ни вечерта, со си пратење ww со си се хаха
И јас не излегував,од страв дека е загадено. Денес излеговме сите комплет и баш убаво ни дојде,свеж беше воздухот..бебе е 6месеци и многу се плашам да не се снеарни нешто
Дали смеам на 6 месечно бебе да воведам втор оброк? Од 4 ипол месеци си јаде цели каши. Сега веќе и по 150-200грама. Млеко пие 210мл.
Смееш. Следи го бебето и неговите побарувања, ако сметаш дека е гладно и дека би јадело и имате воведено доволно намирници, воведи втор оброк.
Да можеш, денеска ја носев на контрола, педијатарот ми спомна дека на 6+ веќе може да се воведе и втор оброк ако бебе си јаде.
Скок ли имат сега? И мојата 2 дена е многу кенкава. Сношти од 2 до 5 нон стоп се вртеше лево десно и кенкаше како да ја боли нешто. Јас препишав на запчиња. Денес и вчера кенка до крај на здив и цело време сака да си до неа. Од некни почна да вика ба-ба бе-бе, денес само 'ржи или пак мрди усте како да збори ама не испушта глас
Кога почнуваат да учат да враќаат ствари? Сега сме во фаза каде главната игра и е да вади само играчки од торбата за играчки. Значи не се ни заигрува со играчките, само си ги вади една по една и ги остава на земја Јас пробувам и да ја учам да враќа демек ама абер нема, ваљда рано е? 9.5м е
Еве на 11ипол главна занимација и е да вади па враќа ама враќањето не е баш "педантно" Ќе врати пола од стварите па пак ќе ги расфрла и така едно 15мин имам мир. Сака и да става ствари по нашите џебови, па ако сум заборавила во пижамата си носам некој пингвин
Сношти моево на секој саат се будеше со плачење, најверојатно се запчиња. Таман ќе излезат, ќе почне скокот и така Искрено се надевам дека за брзо ќе помине, веќе некое време каде што се буди по многу пати со плачење, многу напорно
Nie sme 1 godina i seuste sme samo na rasuranje. Znae da se zaigra ama pretezno ke gi kacuva po masickata po kompdata kaj tv i gi frla dole. I klekni stani ni e hit
Скоро 7 месеци сме мака мачиме со денско спиење сме лудило по цел ден дремнува 5 минути и спремен е за игра.После мн кратко време станува нервозен кинкав пробувам пак да го презаспијам со тешки маки го фати сонот и ете го пак за 5 мин буден и истото во круг.Слично?