Препорака и од мене, супер се, никогаш до сега не сум имала проблем со нарачката. Термините генерално ги запазуваат, еднаш-два пати се има случено само да дојдат малку порано. Е сега, лошото е што ако си во зграда, обично треба доле да се симнеш за подигање на нарачката. Ама последниов пат имав поголема нарачка (со 2 кутии пелени) и доставувачот ми ја качи до горе без проблем.
Кога сте правеле крвна слика на бебињата? Ние сме 8++ сеуште не сме правеле а би сакала да знам дали е се во ред.
Јас само еднаш на 5месеци имам проверено крвна слика. Ова систрмстскиов преглед кој го прави? Матичен педијатар? Пошто не сум ја однела ни на преглед неколку месеци шубе ми е од вирусиве здраво дете да носам да го мерат само и неколку реда муабет
Јас ја носам во превентива, кај што носат само здрави бебиња за преглед како напредува и за вакцинација кога и следува.
Систематски преглед на 4 и 6 месеци кога примаше вакцина. Исто тогаш и крвна слика правевме задолжителни пред да го вакцинираат
Што е ова превентива нешто приватно? Да до 6месеци ми ја мереа на вакцинален пункт и мене ама сега веќе до 13мес немаме вакцини и не знам како да ја следам
Демек на 9м кај матичен треба на мерење и “систематски” ама јас мојава не ја однесов во вирусиве. Прегледуваат во посебна соба здрави деца ама пак треба да поминувам ходници болнички да стигнам до таму шубе ми беше. На крај ми фати вирус од друго место па тогаш и направив и мерење и крвна слика
Епа тоа ќе си седиме дома ја гледам дека расте сега во февруари сме на ортопед ќе каже што и како околу развојот друго не гледам што би пропуштиле освен килажа да ми каже што ич не ми е ни битно пошто си цица си јаде
Не сум од Скопје. Мислам дека во секој град е исто таму кадешто ги вакцинираат се прават и прегледи на здрави бебиња. На почетокот ја носев во Систина, таму се породив, но некако многу малтретирање за бебе беше од втори месец си ја носам во превентива кај нас, секој месец да ја мерат, како напредува и преглед се што треба.
Бебка е родена 4270гр, на 6 ипол месеци беше 9200гр сега има 8 ипол месеци и има 9500гр. Вака јадачка е, супер изгледа не ми изгледа ништо невообичаено, знам дека поради тоа што се активни губат повеќе калории и енергија ама за 2 месеци само 300 грама накачено ми е премалце. Ќе почнам да давам покалорични оброци иако секогаш правам со маслиново и кокосово масло плус имаме воведено и ужинка и сеуште сме на 4 подои дневно. Некој совет дали е ова океј и што да и давам?
Нормално е да стагнираат, па таман работа да ставаат многу на секое. Првото девојче ми беше 3800г родена, а на 12м беше 9500. Жива, здрава, таманка со килажа си е со висината. 8г е сега, слабичка, ама не преслаба. И второво девојче исто 3720г во 38ма нед е родена, она први два месеци зема залет по 1500г стави. На 6м беше 9000г, а после на 12м беше 10кг Едно кило за 6 месеци стави, слаба не е, таман. И сега 18м е, мислам уште нема ни 11кг. Таман си јаде, пие твојата, немаш што дополнително да правиш. Нормално е тоа стагнирање кај некои дечиња..
Истиот случај беше и кај мене, докторката ми рече дека едноставно се работи за генетика. Можеби можеш да пробаш доењето да го зголемиш (се разбира колку што си сака бебето). Тогаш читав дека поради тоа што најчесто храната што им ја даваме (зеленчук, овошје) не е многу калорична и богата со масти, а го заменува млекото кое е покалорично, може да дојде до пад на тежината кога ќе се почне со дохрана.
Дали има некоја мајка чиешто дете на 9 месеци се уште не седнува и лази само војнички? Знам дека не треба да споредувам но некако сите деца што ги гледам во околина лазат правилно и си седнуваат многу порано и почнувам да се загрижувам.
На 9 и некој ден почна да седнува сама а од 9 ипол да може да лази нормално понекогаш ама уште преферира војничко. За 3 дена 10 ќе прави
Мојата е 8 ипол и не лази. Мајка ми ми има кажано дека ни јас ни сестра ми не сме лазеле директно сме прооделе. Некои деца го прескокнуваат тој дел со лазењето.