https://www.dm-drogeriemarkt.ba/saubar-igracka-za-kupanje-p4066447716702.html Од Дм овие имам две три на навивање се и пливкаат и имам обични патчиња од веро џамбо, тие не ги сака мн.
Овие ги вртиме со тоа што сетчето од бејбицентар и на одмор го носевме, најиграно и е рачето и желката. https://www.babycenter.mk/playgro-morski-zivotni-za-igranje-vo-voda-7-kom-vo-torba-1147974.html https://bebehome.mk/product/bebeconfort-baby-essentials-set-3-piece-dining-set/ https://www.babycenter.mk/playgro-igracka-riba-4086377-816454.html
Да ве прашам кога ја почнавте веќе темата за бањање, дали ги ставате во када со такво како столче за бањање или уште во истото коритце како од бебе со подлога за лежење?
Јас од 3 месеци го капев на столче легнато ама откако почна да се исправа ми ја бапка главата кига се враќа наназад и не ми е практично, сега на сунѓерот ќе си легне и ужива Јас од кога е роден го капам на два дена а зимава на три, освен ако не се искашка некогаш со каката. На педијатар ни напоменаа два пати неделно капење заради превенција од сува кожа, кога се роди дури добив совет во Плодност еднаш неделно да го капам оти бил мн бел и подложна кожа дерматит што се испостави и точно.
Секој ден. Лази, оди, се поти, кака, мочка, на крај на ден сакам да е чиста, а и она ужива во бањањето. Што има врска зимата? Бањањето е дома, на топло
Секој ден и јас. Им олеснува многу, уживаат и сакам да е чист кога ќе го легнам. Не гледам разлика во бањање дека е зима. Секако е на топло.
Добро моево не лази рано е ,да лази сигурно дека секоја вечер ќе ја бањам. Не знам ни јас што врска има... траума ми е останата изгледа ради тоа шо со поголемата така ми солеа памет ќе настинела гола соблечи облечи
Ќе си појачаш греење дома и готово не се замарај со тие старински муабети, нема ти бањата на балкон да ја изнесеш.
Мајки ај ве молам помош на една тема Доста зборуван беше Аптамил овој месец но доаѓам до еден проблем што не знам да одлучам како да постапам Имено бебуш од раѓање беше на комбинирано ад со цицање.Користевме аптамил 1 првите месеци но поради силни грчеви сменивме на аптамил комфорт.После 6ти месец кога започна да јаде веќе и не цицаше и сменивме на аптамил 2 не го сакаше па сменивме аптамил комфорт 2.За 20тина дена ќе правиме една годинка и не знам какво млеко да купам сега.Аптамилов ме плаши секоја недела нова серија вадат за повлекување.Дали да зимам 2ка од некое или 3ка да почнеме и кога да почнам не знам немам памет веќе како треба а педијатаров за ништо не го бива. Друг проблем е што млекото не ми го допива воопшто пред спиење.А навечер се буди за млеко и го испива целото Почнав тоа во текот на ноќта да му го намалувам во количина но мислам гладен е не можеме да го исфрлиме Наутро кога ќе стане кај 8 ,8ипол пие млеко 120-150мл одвај.Доручкува во 10 околу 200-250гр После прва дремка кај 12ипол млеко 120 одвај Ручек 200-250гр во 15ч Вечера 200-250гр во 17'30-18ч (пробав и помала вечера да јаде за да го испие млекото но неуспешно) Млеко пред спиење 150мл дали ги испива и тие Во тек на ноќта една 180ка најчесто во 1 часот се буди.
Јас почнав со 3ка 4-5 дена пред да наполни годинка ( Хип Комбиотик Јуниор) , ама од 3ката упатството е 2 пати на ден по 150мл (135мл вода со 3 дозерки) и планирам сигурно до есен да го давам кога ќе се ближи до 2г , секако ако тој не одбие во меѓувреме.
Ние имавме вакви, искрено мене не ми се допаѓаат иако сите деца ги носат. Некако му потеше ногата , не знам ептен кратко ги носеше. сега да купувам би одбрала од zdravistapala.mk иако се поскапи.
Пиеше и моево барем уште еднаш на ден, ама на 10месеци тргна во градинка иако приватна - ми кажаа дека не даваат млеко ако не е неопходно и веќе немав кога да му дадам дома . Додека пиеше 2ка беше 2х180мл , ама ете на Џуниор е помала дозата.
Моето е од раѓање на Аптамил пронутра, кога повлекоа најпрво, му сменив на Хипп, не го пиеше за жива глава, се вратив на Аптамил 3ка пак. Секое можно влегување во аптека препрашувам дали им е ок 3ката ми даваат одговор дека ако не е ќе повлечат секако.
Не можам више со овој стрес секој ден да пратам вести,не знам како за ваква битна работа се остава со недели и недели и секоја недела некоја нова серија се повлекува.Што фајде ако бебе испие а после ја повлечат.А бебево ми пие млеко.Не знам веќе немам памет како да постапам што да купам,дали да му намалам количина ,кога да почнам со 3ка и на кој бренд.Досега најфален ми е бебелан ми се чини
Земи Аптамил безлактозно , еве ние сме цело време со тоа или бебелан. Мојата е интолеранта , немам др опција 9++++ сме и тоа е тоа. Ако треба да сменам ќе идам на бебелан со ко лактаза капки цело време и тоа е. Бебелан и сменив кога прекинав со ап. премтаур и боље млеко не сум видела искрено. Само маката со таа лактоза ми беше за побрзо да не чекам капките да делуваат па да давам млеко итн.
Дали да чекам да наполни 1 година па да почнам?За 20тина дена полни.Дали 3катс бебелан има ограничувања за внес?Би му го заменила тоа во 12ипол со ужинка но пак ќе останат 3 млека. А да напоменам дека мака мачиме со пиење вода.Што не пробав дали 30мл пие асално вкупно.Сокови не давам