Бебелан 3ка ми рекоа дека им е дефицит, и го немаа на лагер тогаш во Зегин. Од кога ќе наполни годинка смени му, не претходно. Ако јаде доволно количински сам би требало да намали со млеко. Моето како нејадач е повеќе на млеко.
Ако има една годинка веќе префрлете се на обично кравјо, голем е за адаптирано и не знам зошто се дава на таа возраст формула кога тоа дете веќе јади цели оброци три пати денот
Има цела наука зошто , ама не е грев и да се премине на кравјо . Секој за своето дете одлучува секако зошто и како. Бебелан видете во Зебра аптеката што е , многу го пофалија дека има најнеутрален вкус и лесно прифатлив за повеќето деца. Хип 3ка е понеутрално од 1 и 2, ама пак има некој специфичен мирис.
Во градинка даваат кравјо, тоа е еден изговор зошто на дете да почнеме да даваме кравјо нели И на нас ни даваа уште пред година, па што ни фали..уствари што уште од здравствени проблеми немаме. Ниту за возрасен нема особена корист тетрапак млеко, камо ли за дете од годинка. Кравјото млеко влијае на железото во крвта и создава анемија. Плус прави мачнини во цревата, влијае на столица кај дете и куп други негативни ефекти.
Мојата пие вода , чај не сум дала од кога имаше грчеви, Сега не и мерам колку пие , после секое јадење , после станување од спиење. Да не и го тргнам може да пие до бескрај мислам. Види на страната нивна баш убаво е објаснето кое млеко од колку се дава. Иначе Бебелан има обично, Зегин си форсира Холе , затоа нема ова нема она. Не се потпирај на нив. Види Виола , Еурофарм, Дна ани фарм во капитол итн. Ќе ти го прифати одма , мн е лесно.
Мајки, ве молам за совет. Малата има 1 година и е полна со мрсули. Освен тоа, нема други симптоми – нема температура, нема кашлица. Истото ѝ се случи и пред еден месец. Овде каде што живееме, лекарите најчесто веднаш даваат инјекции, а јас навистина не сакам повторно да ја носам во болница ако не е неопходно. Досега ја инхалирам со Дексазон и Синомарин, но и покрај тоа носето ѝ е сè уште полно, особено навечер, и никако не може убаво да спие. Што користите вие во ваква ситуација? Што ви помогнало најмногу за мрсули кај бебе на оваа возраст? Фала ви однапред
Ако бебето е здраво и има веќе една година во секој случај е подобро обилно млеко од адаптирано. Не можи адаптирано млеко да е подобра опција кога содржи вештачки ароми, ефтини јаглехидрати (шеќери) палмино масло и ред др состојки кои не се опасни ама и не идеални за бебе, затоа мајчиното млеко е секогаш избор број еден ако мајката можи да дои. Кравјото било тешко за варење а адаптираното не е ??? Бебињата најмногу запек од тие формули имаат. Пак ќе повторам ако бебето напредува и е здраво треба да се премине на обично млеко, ова секој нормален педијатар ќе ти го каже
Хемијата од АД е испитувана со децении и модифицирана по потребите на бебе, а водата со малку млеко во прав која е пастеризирана и со нула нутритивни вредности нема никаква допирна точка со АД.
Исто сме овие дена, носето полно не можи да цица и вришти навечер, јас вадам си аспиратор иако излегува секретот пак е полн носот. Да не имате сув воздух дома ако се греете на струја ?
@Cvetce_ Не е лошо малку да истражиш и да прашаш стручни лица пред да се расфрлаш со констатации и да пишуваш дека ад е чиста хемија за разлика од кравјо млеко. 2026 е, провери си ги ресурсите, најдобронамерно, кога станува збор за бебе и негова исхрана.
Од стручни лица ми е мислењето не ми е од инста инфлуенсери. На самото млеко пишува дека до 12 месеци се дава адаптирано па сега вие како сакате
Ако повеќе се информираш ќе видиш дека има ад млека 1,2 и 3 прилагодени во зависност од возраста. Има деца што околу година прекинуваат со млеко и тоа е океј. Има деца и што сакаат млеко пред спиење или на сабајле, и тоа е исто така океј. И секогаш подобар избор е ад млеко соодветно за возраста отколку кравјо тетрапак.
Најди ми еден доктор шо ќе ти кажи дека адаптирано е подобар избор од обично млеко после една година, или една статија од нет кај што вика дека на дете после една година треба да продолжи да се дава адаптирано млеко
Епа еве моиве педијатри така викаат. На страна тоа, идеално е дете после година да јаде оброци и преку храна да внесува доволно нутриенти и млечни производи за да не мора да пие млеко (овде не станува збор за цицање). Ама пошто не се сите деца по книга и млекото е повеќе од храна за некои деца, ако веќе пијат млеко и се има услови за истото подобар избор е ад. Со кравјо млеко има ризик за анемија и пониско железо, особено ако е поголема количина, а и самото варење на млекото е потешко. Ова е тоа јас што го знам и што сум го истражила сама и консултирала со педијатар. Во секој случај не тврдам дека тие што даваат кравјо грешат, даваат хемија или не знам што, апропо на твојот муабет за ад
Досега никогаш не сум влегла во дискуија , не па расправија на форумов ама поглуп коментар од АД Е ХЕМИЈА ЧИСТА немам сретнато. Имајте малку обзир дека овде читаат мајки што не можат да ги дојат бебињата од различни причини и вакви глупави коментари уште толку им набиваат грижа на совест и неудобност. Сите знаеме дека бенефитите од мајчини млеко не може да се споредат со ништо. Еве и нашиот педијатар препорачува адаптирано наместо кравјо ако веќе детето пие млеко после годинка.
Цветче, тука некаде ни се бебињата па често те имам читано и ми се чини дека и ти на твоето бебе му даваш ад? Не биди хипокрит со коментариве сега. Кравјото млеко нема апсолутно никаква нутритивна вредност. Можеби нешто малку калциум. Ад формулите содржат еден куп витамини и минерали што им се потребни согласно возраста. Исто е како да споредуваме баби и жаби. Педијатрите уште јас кога сум била бебе препорачувале да се ибегнува кравјо млеко. Јас сум доена 16 месеци и не сум прифаќала кравјо и докторката моја велела дека уште поубаво е што не прифаќам. Уште од минатиот век се ставовиве. Не пијам до ден денес. Над 1 година млекото не им е неопходно и можат без него ама ако бебето бара секако е подобро ад од кравјо тетрапак. Немам никаква амбиција да се расправам, прави си како мислиш само можеби би било добро да си го смениш педијатарот. За твое добро. Зошто некој што на неполни 6 месеци ти кажува 2 оброка да му даваш на бебе и кравјо млеко е далеку од кадарен за 2026 година.