Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    А шо е адаптираното млеко ?
    И јас давам на бебе ама свесна сум што давам, нигде не рековме дека е опасно да се дава таман работа ама фактите се тие.
     
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    За бебе после една година беше дискусијата, таман работа кравјо млеко на 6 месечно бебе да дадам.
    Не знам кај кој педијатри одите ама кај здраво бебе не е неопходно да се дава ад дури и не е препорачливо.
    Збораме за бебе од една година што јади три оброци, за какво адаптирано млеко ми зборувате вие.
    До кога ќе му давате ад до забавиште ?
    После се чудиме кога гледаме се погојазни деца
    Правете си како сакате, јас и дадов мое мислење на членката, за бебе од една година да и дава кравјо млеко а не формула.
    А за педијатрите тука кај нас не ми се дискутира, скроз различна политика од тоа што го видов во Германија, пет педијатри тука ми препишаа капки за железо кај бебе а бебе со нормален хемоглобин, кога го однесов на приватен педијатар во Германија се изнасмеа докторот и се чудеше како се препишани суплементи кај ова бебе, ги прекинав по негова препорака и се смирија и грчеви и се, бебе супер крвна слика имаше нареден преглед .

    Денес го носам на преглед носе затнато, за секој случај да го прегледа оти грчеше, ми вика чисти гради чисто грло ама за секој случај капки со антибиотик за нос, не ги зедов, ќе чистам со инхалации
    Така да толку од педијатрите кај нас
     
  3. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    ЧИСТА ХЕМИЈА е многу претенциозен коментар.
    А добро сите знаеме дека е индустриски произведено, а не природно од извор наточено.

    Млекото после годината не е неопходно, ама ако веќе пие - АД има дефинитивно поголем бенефит и подобар состав отколку тетрапак млеко .
    И како растат би требало потребата за млеко да се намалува , а не засекогаш да легнува истанува со млеко.
    Јас не сум дретнала педијатар да ми каже префрли го на кравјо наместо АД, само обратно.
    А имам сериозно докажан педијатар.
    На крај, како и за се друго , така и за ова секој одлучува за своето.
    Важно да растат и напредуваат.
     
    Последна измена: 9 февруари 2026 во 20:57
    На WonkaMonkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Апсолутно никаков аргумент немаш, не пак неприкосновен. Бебињата не прекинуваат да сакаат млеко магично на дента кога полнат 1 годинка. Башка според СЗО доењето е најубаво да биде до навршени 2 години. И океј, јас дојам и ако сака бебе да цица до 24 месеци ќе цица. Ама други жени не дојат. И што треба на 1 година и 1 ден нагло да прекинат млеко да му даваат? Не те разбирам. До 2 години ако бебето има желба за млеко ќе му се дава АД зошто по состав е создадено да задоволи дел од потребите на дете над 1 година. Баш гојазноста може да е врзана со кравјо млеко, зошто нема апсолутно никаква нутритивна вредност а калорично е. И има шеќери. Ад млеко е замена за мајчино млеко кое се препорачува до 2 години. Ако имаш вишок време, место да дебатираме тука напразно, расчитај се за кравјо млеко поврзаност со анемија, бубрези итн итн.
    А на крајот на денот па на твое дете што сакаш давај, ко сам ја да ти судим. Имај си убава вечер.
     
    На WonkaMonkaa, Merten, Hygge-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    5.676
    Пол:
    Женски
    Тоа што се случува со АД се случува и со обично млеко , може да се повлече од пазарот заради токсин. Нема везе тоа сега. Туку дека е подобро кравјо сега во време кога кравиве се затворени и со концентрат ранети и млекото пастеризирано по 5 пати ... не е подобра опција од Ад млеко за дете од годинка. Не викам да е тоа до забавише. Ама ако дете има проблем со крвна слика и до годинка ипол може да се издржи со Ад за две млека во денот детето што ги пие.
    Не е добар зборот хемија. Секоја мајка тука е под стрес со настаниве со Ад млекото. Ама тоа се случува и ете ... сменете млеко , сменете серија и ќе тераме.
    Децата не се гојазни од АД млеко , децата се гојазни од др причини и навики што родителите ги прават кај децата.
     
    На WonkaMonkaa, Thinkerbell., dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Мајки кога воведовте ужинки и што давате за ужинка?Ние сме 11м но сме сеуште на пасирано.
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Женски
    До 2,5 пиеше Ад пред спиење дете, т.е пред вечерно спиење. И уште 5 деца да имам секогаш Ад ќе ми биде избор пред кравјо млеко посебно на мала возраст еве околу година да речеме.
    Ни дете е гојазно, ни имала проблем со крвна слика.

    @Stone , бебешки смоки, шмукалче, парче овошје нека е пасирано кај тебе, смути. За почеток тоа. После почнав да варам сутлијаш имаше во бебе готвач некој рецепт. Апликацијата ја имав.
    Некогаш пудинг итн.
    https://zegin.com.mk/index.php/mk/lino-mlechen-desert-so-griz-8-meseci-2-po-100-g
    Пример вакви некои.

    За ужина ова.
     
    На WonkaMonkaa и Stone им се допаѓа ова.
  8. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    Аргумент, бебето нутритивните вредности ги добива преку исхрана кога ќе започне со храна, збораме за бебе кое веќе јади три оброци, сите витамини и минерали ги добива преку храната. Ако веќе пие млеко и е здраво бебе кое нема потреба од дополнителни суплементи, железо и сл тогаш нема потреба да се дава ад.
    Те молам објасни ми која е логиката да му даваш адаптирано млеко на бебе кое веќе јади се и сите нутриенти ги зема преку исхраната, еден аргумент дај ми.
    И прати ми линк кај што сзо или било кој до две години препорачуваат да се дава адаптирано.