А зошто со лажица и даваш бејбитол? Јас ја кинам ампулката и директ во уста стискам - мојава па пошто е јадачка на све живо отвара уста можда затоа немам проблем
Не велам дека не ти верувам, ама според мене не е до толку страшно една инхалација ако е затнато носето. На мојот неколку пати му било затнато од нигде никаде, па препораката била 1-2 инхалации со физиолошки. А дека толку лесно се спушта од нос на плуќа, е тоа не верувам пошто знам колку толку анатомија/физиологија . Не велам дека е невозможно поготово кај помало бебе, ама ни дека е толку лесно. На крај краева, многу е побитно да се чисти носот на кој и да било начин што сметате дека е ок за да не се искомплицира .
Твојата е поголемка не знам како ќе биде тогаш, оваа мојава отвара уста на се пошто мисли ќе си касне нешто пустата жива ненајадена
Ама мојава од старт е ваква хах, кога беше помала и давав во малце молзено млеко во шише од што немав чаре ама ми се смачи више со шишињата па одамна во лажица и давам. Мм се откажа рече не можел он така и сама се борам секој ден со лажицата, ми се смее и ми бега буквално
Штом ти отвара сега, би требало и понатаму. Јас бејбитол и давам ги кинам и директно во уста, Д3 давам на солдевит и шприцнувам директно во уста, си отвара уста нема проблем, дури веќе ја гледам дека и е јасно кога што и како зашто секогаш во исто време и распоред и ги давам (ги научи „програмите“ после 8 скок ептен )
Од тие бејбитол алиштата ми се смрдеа и не излегува смрдеата ни после 10 перења. Јас ги сменав а и откако ги сменав бебе немаше грчеви.
Се затна целата како со долните заби... ама горниве мислам се полоши, кај скок па и тие. Мрсули и течат проѕирни... се научила си игра со нив шрмкни нагоре дувни надоле... па константно вика, се удира со главата од подлога од кревет од мене... па плаче ќе се мавне појако. Значи гелчиња две, ништо тоа чиста вода не помаже тако звано. Осанит еве два дена.. не гледам ништо подобро. Парацетамол вчера и дадов малку се смири после дремка пак исто. Др чаре има? кромид млад не сум пробала да глода. Горе гингива е вцрвенета и пробелена. Па не дава да ја видам. П. с денес сме 10 месеци. Остарев годинава што помина како за 10 години.
Влегов во темава да пишам а за исто.Само што ние сме 7+ заб уште немаме.Од бубалче бебе и спиење цела ноќ веќе цела недела е во плачење,урлње никако да му се погоди.Несака сам да седи,носот исто целиот запишен ноќе кога се будеше ќе му дадев цуце да продолжи неможе сега да држи од што е затнат целиот.Прскам морска вода ќе протече прозирно така малку и готово,пробувам да вадам со пумпа нема шанса не дава така никако,плаче се нервира. Преку ноќ се буди со плачење што никогаш до сега така не се будел. Се смее па плаче во ист период како да не знае што да направи.. Доле гледам двата кеца и едното двојче се набобренки и имаат белка линија на нив,ги чекаме да пробијат.Мачкам гелчиња,глодалки ладам,масирам ама не помага баш ништо. Исто многу се лути леле до сега вака не сум го видела кога ќе почне да се треска и да прета со нозете плус..Се надевам ќе помине и дека е период со забиве,инаку и јас скренав со двете,секој свои потреби.
Колку капки витамин Д3 додаваш? Гледам дека има некоја помала доза во Молерсов. Ќе одам и јас да го земам
Еден ден две капки вигантол еден ден една. Да мн убав состав е и појака концентрација него тие капсулите бејбитол
Веќе многу ми е тешко Вигантолот во уста дирекно да го давам, станува, ме мава и капката паднала во врат . Може ли во лажиче тие?
Јас во лажиче давам.. не отвара уста мојава одма раце на лице . Освен за лажиче мисли храна иде. И капки во нос марисол тешко ставам... ја ставам меѓу колена она легната така и ги држам двете раце, плус со лакто главата да ставам капки кога сум сама, така и шмукам со носко. Хаос. Порано барем за ниското беше мирна и шмукав.
Јас не давам плус витамин д3, дека давам babyvit капки и во нив има 400iu, и плус ги давам бејбитол д3+омега и таму има 400. За зима ова комбинација ја давам по препорака на педијатар. Топла препорака и од мене. А за сега откако ќе ги дотрошам овие земав молерс од тути фрути и babywell сируп. Во молерсот има 200iu, а во сирупот 400, па мислам дека е супер за сега откако ќе дојде потопло време.
Ве молам не можам да вртам да барам дали било спомнато на назад. Дали Аптамил пронутра обичното број 2 (не цезареа) го повлекуваат од продажба? Мм слушнал му кажале во аптека дека и обичното го повлекуваат, а мојава има кутија отворена пред недела дена си го пие. Се испаничив малку. Please help.
Еве пишува кои серии им ги повлекле. Види на кутијата. Викаат дека се повлечени превентивно да не се ризикува, не е најдено токсин. Тоа пуштиле известување на аптекиве.
Не е овој сериски број и датум на нашата кутија. Од Сител што имаа објавено сега ги гледав, има и многу други сериски броеви меѓу кои и оној што е на кутијата што ја имаме. Офффф ум немам веќе што да правам.
Мене ова ми е од колешка од аптека, маил од аптамил увозниците во македонија. Незнам не сум гледала вести искрено. п. с еве нешто од вести https://360stepeni.mk/ahv-preventivno-se-povlekuvaat-odredeni-serii-na-aptamil-formuli-za-doenchina/ Зошто само овие се од аптека повлечени незнам.