Земав Молерс тути фрути, да ги потрошиме Вигантолот па следно да го земам и тој сирупот што го препорача
Се препорачува да се зема подолго со паузи. Значи додека е раст и развој на дете. Најважно за развивање на мозокот, крвните садови и срцето. После кај деца од 5-6-7 години има и во форма на бонбони од now зошто одбиваат течност ради мирис, вкус итн. Само паузи е важно да се прават после првата година. Ниедни додатоци на исхрана не се испитувани на долготрајни периоди.
Ќе направиш два месеци пауза после пак ќе даваш. Па зошто да кажат, како ќе се продава и бизнис ќе се прави.
Пауза 2месеци, па пак после се дава. Значи тие се додатоци на исхрана имаат во нив бои, помошни супстанци итн. Значи сепак е хемиски производ што поминал процес. И покрај витамините телото треба рестото да ги елиминира како метаболит и да го исфрли. Затоа и препрати за имунитет, витамини, минерали се земаат со пауза.
Исто и јас без паузи до сега. Дури и д витамин чист гледам некои летно време паузираат, јас давам цело лето затоа што никој не ми кажал да не давам.
На 1 година и 4 м. По колку пати неделно давате месо и по колку гр? И за јајце ме интересира по колку пати неделно? Јас уште давам како што ми кажале порано, по 60 гр, три пати неделно, од кои два пати телешко и еднаш мисиркино и јајце два пати неделно. Ама растат па не знам до кога вака да терам.
Ама до година се дава Д3 без пауза. И покрај тоа што нашиве фатија лето. Сега од Мај ќе паузираме до Октомври со Д3.
Еве и тоа ја прашувавме @Ladyme , како постручна за тоа. Она вика да се прави пауза. Ќе ги паузирам и Д3 и омегата од Април. И следно ќе почнам негде крај на септември, октомври. За омегата , ја внесуваат и преку храна реално. Може не во таа количина, но доволно додека паузираме.
Од која возраст давате омега? 9 месеци сме не ми рекол никој до сега дека треба да давам. Освен д3 не давам друго ништо од витамини…
Јас почнав од 8миот ден по раѓање по препорака на педијатарот од Систина што го водеше. После и матичниот педијатар ми потенцираше дека треба да се пие од првиот месец.
Да одлично, планирајте да давате есен зимски период има повеќе настинки, тогаш и омега и д3 ќе се повеќе од корист. Преку пролет лето пауза. Д3 е липосолубилен се депонира во телото. Плус сонце преку лето. Освен ако не е назначено од доктор ради некоја состојба на коските да се зема поголема количина на д3 тогаш пауза не правите додека не ви каже ортопед.