Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.253
    Пол:
    Женски
    И ние сме слично како со Мариа.
    Станување околу 7:00-7:30 најдоцна. Прва дремка обично кај 13:00, ретко 12:30. Спие околу 1.5ч, многу ретко 2ч, иако се случило де.
    Заспивање 19:00, најдоцна 19:30.
    Ретко, ама еве после толку време денеска сме со 2 дремки, дека стана во 6 сабајле господинов. Едната беше 30 минути, другата 1ч. Фактички пак исто доаѓа. :lol:
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  2. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски

    Па отприлика 3h, па 3 и 15мин па 3 и пол саати последниот. Заспива околу 7-7:30, се буди сабајле околу 06:30-07. Ама приметувам во последно време потешко заспива и за будење исто - во добри ноќи се буди на два три саати само за цицање и презаспива. Кога раснеа заби се будеше на секој саат, а сега се буди последниве ноќи накај 22,02,05 и му треба долгоо нишкање и цицање за да презаспие. Вчера нишкав од 02-03:40, на крај маж ми го заспа затоа што кај мене се будеше цело време.

    Дали можда се одразува и седмиот скок?
     
  3. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Ние се будиме во 8ипол, прва дремка ококу 10:30 (40 мин некогаш 1ч и 15 мин) втора дремка зависно колку била првата ама ww 2часа а ни трае 1ч и 15мин исто и на третата ww 2 часа а ни трае пола час. Пред заспивање ww 3-3,5 и 20:30 поретко 21ч сме во кревет за вечерно спиење на кое се буди на секои 3часа за млеко
     
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Имавме и ние драматични ноќи во 7ми скок, по саат ипол будна си седеше неколку дена по ред. Дури и знаеше во 4 да стане и никако да не презаспива до 5 и нешто и да си го почнеме денот тогаш хах (facepalm) Ама општо презаспивањата се се потешки после секој скок. Порано беше цицни 5 минути и заспи, сега се врти по пола саат па си седнува, си збори… :whew:
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    675
    Пол:
    Женски
    Па и не ви се многу пократки ww од нашите. Евентуално да пробаш последниот да го продолжиш малку. Ама доста е веројатно и од скокот да е
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    18.407
    Пол:
    Женски
    Мајки, ние сме 6 месеци, треба да преминеме на Бебелан 2. Досега од Бебелан 1 пиеше 5 шишиња 2 по 150 и 3 по 120 со еден цврст оброк сме. Сега читам на Бебелан 2ка пишува дека се дава за 6 месеци 3 шишиња по 180мл, но моето е со еден оброк не можам да и давам само 3 шишиња во текот на денот. Дали да продолжам со Бебелан 1 додека се консултирам со педијатар, не знам дали смее да се дава Бебелан 2ка по 150мл 4-5 шишиња??
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.299
    Пол:
    Женски
    Искомпарирај ја нутритивната вредност на двата производа. Обично зелезото во 2 е зголемено ама кога ке пресметаш со количината која сега ја внесува и со 2 та ке дојде исто. Исто сме и ние. Немаме стабилен оброк сеуште те имаме еден па едно по едно да почне со вечера да има. Бебе е на Аптамил цезар биотик 1 вс 2 е разликата што веќе ги нема или се намалени некои пребиотици и железото е повеќе. Педијатарот ми рече обавезно на 2 ка ама не ме ислуша дека едвај имаме 1 оброк а за два уште Немаме ни се обидено. Така да да почне и вечера па ке го префрлам на 2.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.253
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се водев според упатството на АД.
    Бебиња се, не роботи.
    Не сака секое бебе наеднаш да пие 180мл.
    Син ми откако е роден не пиел како што пишува на АД. Едноставно не сакаше толку големи оброци. Пиеше по малку, ама повеќе шишиња. Пак исто му доаѓа вкупно на ден, ама ете не го сакаше пример тој 180мл оброк наеднаш.
    Сега сме веќе на 1 млеко пред спиење, 235мл и толку.
     
    На Anaroz1 и katerina.femina им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    18.407
    Пол:
    Женски
    Да и кај мене не ја пие таа количина препорачана за возраста 150 максимим пие. Помали 5 оброци пиеше 2×150 и 3×120 од Бебелан 1, плус еден цврст оброк. Ме буни тоа 3×180мл се препорачани за 6 месеца тоа се 540мл, а сме со еден цврст оброк, мислам дека е малку и за 6 месеци треба да пие повеќе млеко ако е со еден оброк. Дали смее од Бебелан 2 да давам повеќе од препорачаната количина дневно, повеќе од 540мл во текот на денот, да не направам грешка. Се надевам дека објаснив добро.
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    9.328
    Пол:
    Женски
    На 6 месеци сигурно пиеше ќерка 4-5 шишиња млеко. Не се водев по табели. Тек некаде после 7миот месец воведов 3 оброци па намалував млеко. Исто Бебелан користевме
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavitaebella

    Lavitaebella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    До колку месеци стерилизиравте шишиња? ние сме 10м прво ги мијам со сјај па стерилизирам. Дали може и во машина за садови да се перат и со што...?
     
  12. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Нема правила. Упатствата се водат по стандарди. Моето кога премина на 2ка(сега е 7 месеци) си продолжив одма колку што си бараше самата. Моментално има 2 оброци(150гр.а некогаш и помалку) и 4-5 шишиња по 210мл. Некој ќе рече многу е ама бебе добро си напредува,не е буцко,а не е ни слабо. Таман е. Редовно кака. Сакам да кажам дека не е многу ако наголемиш,а и скроз океј е ако терате така уште некое време.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.917
    Пол:
    Женски
    Нема правилник за бебе, самото бебе ќе си кажи дали му е доста или малку. Јас деновиве мислев дека бебе одбива храна поради настинката а испадна дека најадено било, оти се цицаме во спиење и осет немам колку цица понекогаш оти на комбинирано сме доење + два пати денот формула, наутро 120 мл навечер 180. Два цврсти оброци имаме и се спремам ручек да воведам со месо, да напрајме 7 месеци. Еден оброк е 100 грама ама бара уште, зголемив на 150/190 грама од оброк, и пак не му држи, овошје и зеленчук колку ќе држи, плус блендирано, јадеме и житарки во последно па тие повеќе го прават сит.
    Сега на 7 ќе воведам месо и зрнеста храна, леќа, грашок.
     
  14. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.917
    Пол:
    Женски
    До 4 месеци стерилизирав после секоја употреба, сега еднаш два пати неделно ама после секоја употреба темелно мијам со фрош. Нема потреба после 6 месеци насекое стерилизација, оставете да стекнат имунитет, ионака тие се ставаат во уста сега, џабе стерилизираш
     
    На Lavitaebella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    27.010
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам за некој совет, мислење...
    Бебка е 9+ месеци, со вкусови почнав на 5.5м, и супер прифати се од старт, сега веќе има појадок, ужинка, ручек и вечера - измеѓу се уште цица.

    Проблемот е што кога и да пробувам да и дадам некоја текстура, или мали парчиња, нејзе и се гади и повраќа. Се уште е само на блендирано, нема шанси пасирано или згмечено да јаде, одма и доаѓаат нагони за повраќање.
    Многу пати сум пробала да и дадам обичен ориз, кус кус, просо, било што зрнесто а меко, и нема шанси да го јаде.

    И нудам бебешки смоки и бисквити, ќе лизне еднаш и се гади, и не ги јаде. А инаку се пика во устата, и што треба и што не треба. Ама вака да посегне сама по парченце и да го јаде не сака.

    Како да ја научам да јаде со текстура, скоро се и е воведено, и јајце, и риба, и млечни - мислам дека само јатки и цитруси немам дадено. И јаде од старт по 220-240гр каша, ама каша да е само. Како да не и се повраќа?

    Со големиот немав ваква ситуација, некако спонтано преминував од блендирано на пасирано на парчиња ..
     
  16. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Ние сме 7 ипол месеци со доење.
    Денес прв пат добив менструација.
    Читав некаде по форумот дека лактацијата се намалува во овие денови, дали ова ви влијаело на доењето?
     
  17. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    675
    Пол:
    Женски
    Здраво, кај мене нема никаква промена во однос на доењето, 6 месеци бевме кога прв пат добив
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blodixx

    blodixx Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2025
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    неделава полниме два месеци, на комбинирана исхрана сме но повеќе дојам.

    прв пат ми се случува малиот два дена да не кака, а последниот ден какаше дури 3-4 пати и се нормално си беше..

    Зошто се случува тоа?
    Нормално е?
    Не знам што да правам..
     
  19. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Мајки некоја да каже искуство ќерка ми е 10+ од вчера почна повеќе пати да вика мама пример игра и гледа во мене сака да ја кренам и почнува ма-ма ма-ма. Јас мислам дека е некакво повторување, некако рано ми е за да знае да каже мама, што знам. Дали и кај вас си повторуваат така некои зборови?
     
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.576
    Пол:
    Женски
    Моето е мало за да можам од искуство да ти кажам, но од пријателки и роднини околу мене имам забележано дека мама последно кажуваат. На кумовите малата е година и еден месец кажува веќе зборови, тата, баба, тете, дај, не, ама кога ќе и рече кумата ајде кажи мама она тата вика.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.