Мојава мамамама за се вика, дури и кога ја успивам периодов така се смирува. Не знам дали има баш значење или не. 10++ сме
Ќерка ми на 7ипол почна да вика мама, неколку пати дневно изговара мн често додека ја хранам па вероватно ам ам и ма ма ги меша ама што е битно сега на 8ипол се почесто вика мама, важно секогаш во мое присуство не му рекла на никој друг мама освен мене
Не е мала, на 7 месеци почна ќерка ми да вика мама со значење, за 2 месеци почна баба, па на 10 тати итн. Секое дете се развива со различна брзина, некои до 15 месеци не прозборуваат ништо, некои порано.
Здраво, детето ми е една годинка и кашла многу суво, ако може да споделите искуства ваши со што сте ја решиле кашлицата. Да напоменам бевме и на педијатар.
Колку дремки имате на 8ипол месеци? Денес прв пат ми одбиваше трета дремка. Првата ја спиеше саат, втората 2 саати и од 14:15 до сега до 19:00 седеше кенкава нервозна ни вечера изеде како што треба ни ништо
Не можам да се сетам кога премина мојот од 3 на 2 ама знам дека долго време траеше. Еден ден 3 па друг ден 2 додека се стабизира скапавме. Денес и кај нас така, наместо две имаше една долга дремка и ниту вечера изеде како што треба . Го легнав еден час порано, веќе стануваше преуморен.
И јас се испокарав дека го оставам малку сам да јаде и фрлал храна од хранилка додека јадел. Многу ми е гајле што мисли, секако јас чистам .
Да, и се гади и од тоа, нагони одма и доаѓаат. Гриз сварен со вода/млеко, банана и какао на големиот му беше омилена вечера, таа не може да ја смисли. А купечката каша на Хипп со банана и какао за 5 мин ја јаде.
И кај мене на почетокот и идеше така нагон, после веќе почна да се навикнува. Кога гледав дека ептен не може, го ставав во блендер но обично после 3 - 4 лажички почнуваше нормално да си јаде. Е сега си има пак некои периоди па си глуми, како денес на пример за брокулата згмечена со вилушка па блендирав после ама гледам да бидам по упорна чекам колку што можам повеќе.
Мојот не прифати на прва структура, ама по неколку обиди полека се навикна. Пример се гадеше од обичен варен овес, па правев комбинација од пасирано со блендирано. Некогаш 2-3 лажици ќе пробаше и толку, ама не се откажував и не давав скроз мазно следно. @Noemi ми ја предложи палентата од ДМ пошто е со блага текстурa за премин од блендано на текстура, па пробајте и со неа.
Со носко чистите со било која правосмукалка? Сега го купив ама гледам пишува препорачана максимална моќ 900w, a мојава е 1400, се плашам да го користам
Јас имам стик Дајсон, со три различни нивоа на моќност и со кое да е уклучено влечењето од нос е секогаш исто.
Ние прејдовме од 3 на 2 тој период, ама процесот траеше 1-2 недели... Малку се хаос дремките додека се стабилизираат, еднаш ќе спијат прва дремка подолго, втора пократко, па обратно, некогаш пак 3 па утредента пак 2 Според мене, 3 саати во две дремки е одлично, трета дремка ќе влијае неповолно на ноќниот сон. Исто, овој период и малку ги мачат запчиња, па учат да стојат, свашта нешто - и се влијае на спиењето.
Секое детенце има различни потреби за спиење, ама и јас мислам дека е многу за денски дремки, особено ако сте приметиле дека влијае на ноќен сон. Моето спиеше по саат ипол една дремка и пола саат друга. Ако се случеше втора дремка да ја спие подолго, обавезно имавме проблем навечер со будења по стопати, па сега и сами ја будиме после пола саат втората дремка.
Кај мене на 6++ почнува да ми одбива 3 дремка. До душа може и од скокот да е или некоја регресија. На сабајле станува кај 7-7:30 и оддвај се успиваме кај 10ипол 11. Пробувам 9-9:30 да го успијам плаче не сака. Некогаш спие 1ч некогаш 2 следна дремка дури во 3 ако имам среќа. Спие 1 саат и оддвај се успиваме во 20-20:30 некогаш и покасно а уморен е кенкав, трие очи..
Ние сме на 2 дремки од 6 месеци, 2 долги дремки од по 2 саата и просто немаше прилика за трета дремка. Сам ја прекрати наеднаш третата. Ноќе 11ч во просек спие. Верувам дека му е доволно тој сон и дека е ок и со 2 дремки. Не се сите бебиња исти и по книга. Прати си го детето и води се по негов ритам. Или пробувај слепо да се држиш по некаков распоред и фрустрирај се. На почетокот и јас бев дека е мал за 2 дремки и ќе се успиваме и по 2 саата некогаш. Јас вриев од нервоза во тие моменти, му ја ширев и на бебси таа енергија. Кога си почнав да пратам како него му одговара и јас сум поведра, поенергична зошто не губам саати во нишкање и тој е многу позадоволен дека не го терам со сила да спие.
Од 6-8 месеци им се доволни од две до три дремки, од 9 две. Мојата од 7 се префрли на две и раат видовме, на 14 се префрли на една.