Моето исто цело време писка 10+ сме, прегласно дури увото ме боли некогаш. Мислам дека се радува кога писка, ама не сум сигурна
7 скок почна да ме нервира, 43 недела е бебка, во понеделник 10м полни. Цело време е кенкава, плаче, ништо не и се погодува. Плус што тргнав на работа пред 1м, уште толку е залепена само за мене, ни кај татко и не сака да оди ако јас сум во собата. Колку трае овој скок?
Мајки како им ги миете запчињата на бебе од 8 месеци? Зедов силиконска четка од хака и сега паста на веледа но пишува да се исплакне нормално, но не е штетно да се голтне. Има некоја цака или да си голта и паста на секое
Мајки моето бебе е 6++ и веќе една две недели така нешто станува по 3-4 пати ноќе на 2 саати за јадење (на ад сме), ако не е за јадење тогаш кенка плаче а во глобала само со млеко презаспива.. Прелу ден препремалце пие млеко и педијатарот кажа нормално било на таа возраст така преку дента се преактивни и "немаат време" за пиење млеко додека пак навечер се мирни и тогаш сфаќаат дека се гладни... Порано еднаш стануваше за млеко во 5ипол дабајле само.. не знам зашто ми прави вака сега значи... бетер од новороденче кога беше е.. дента прекенкава ништо не и се погодува, се и здосадува за 2 секунди... не знам што да правам више како да ја занимавам
Памтам дека у тој период на пискањето си викав ова дете срамота е некаде да го однесам Секако дека ќе помине Т.е ќе се менува во други работи од кои ќе ти крварат ушите
Па незнам непријатно е... А да застанеш не вика од среќа еднаш, рандом ќе и здосади и писка и чим почне на две минути три како ритам да фаќа. Мене ме нервира, не ми е убаво... Што и да е нека помине. Денеска бев во карпош застаната и ај викам и се јаде и меѓу зградите седната на клупа и ја ранам и толку не и се јадеше и јас и нудам уште еднаш и почна да писка така... и како писнува меѓу зградите ехо се прави. Една жена на прозор се подаде доле меѓу првите спратови од кулуве. Станав собрав све и тргнав накај мол. Мислиш ја тепа некој па писка.
Е како се плакне уста на бебе? Јас само четкам и после давам вода да се напие и тоа го сметам за исплакнато
Нема потреба на толку мало бебе со паста да се мијат забчиња. Доволно е само со вода и четка да му ги чистиш за да му направиш навика. Треба да се внимава, паста со флуорид и тоа треба да се исплакне а бебе би голтнало.
Мајки моето бебе е 6++ и веќе една две недели така нешто станува по 3-4 пати ноќе на 2 саати за јадење (на ад сме), ако не е за јадење тогаш кенка плаче а во глобала само со млеко презаспива.. Прелу ден препремалце пие млеко и педијатарот кажа нормално било на таа возраст така преку дента се преактивни и "немаат време" за пиење млеко додека пак навечер се мирни и тогаш сфаќаат дека се гладни... Порано еднаш стануваше за млеко во 5ипол дабајле само.. не знам зашто ми прави вака сега значи... бетер од новороденче кога беше е.. дента прекенкава ништо не и се погодува, се и здосадува за 2 секунди... не знам што да правам више како да ја занимавам
Колку пиете млеко?? Имате ли цврст оброк?? И ние сме 6++, на ад сме, некогаш знае и цела ноќ да ја преспие(ретко, но се случува), а обично станува двапати, за јадење станува и продолжува одма. Легнува кај 20, 21 зависи, кај 20ч обично го пие млекото пред спиење и обавезно се буди на полноќ или кај 1, па потоа кај 5, 6, на 4-5 часа бара млеко во текот на ноќта, а преку ден давам на 3 часа, со тоа што имаме еден цврст оброк, ни заменува едно шише.
Преку ден максимум 90мл ако испие во едно шише ама обично по 60мл пие, 3-4 шишиња пие преку ден еве едно да го испие 90мл другите по 60.. ама затоа навечер пред спиење 150мл и правам ги пие сите (со мисла дека нема да станува толку многу преку ноќта), и пак станува на 2 саати... станува и она само за млеко кенка и давам и си продолжува. Заспиваме 7-8 тој период зависи кога како Имаме еден цврст оброк измеѓу млекото, уште не сум и заменила каша за млеко.. може така треба да правам сабајле наместо млекото каша да и дадам. Јас сабајле и давам млеко накај 9 од прилика и пие едвај 60мл, после дремка има и после дремка накај 11 од прилика и давам кашичка.
Имам приметено во последно време дека ќерка ми одвреме навреме се потресува како да и е ладно ама трае ептен кратко и се смее после тоа. А дома воопшто не е ладно. Дали е нормална појава некоја? Читав дека најверојатно се работи за Shuddering spells ама си реков ај да пишам и овде за искуство, дали е нормално Има 10++
Да не мочка? Син ми големиот се стресуваше кога мочкаше така, ваљда и кај девојчиња го има тоа, во памперс мочкаат..
@Cherry333 @naturally Можно е, никогаш не ми падна на памет дека може да е тоа. Јас одма се загрижив да не е нешто сериозно Во благодарам